Zadovolna sum od ovaa pena za cistenje, za parite stvarno vredi,imam masna koza go tonira I ubavo I nezno go cisti liceto I ostatocite od shminka,go koristam dva tri pati vo den I dodeka ne najdam neshto wow si ostanuvam na ova
Искуства со овој чистач на URIAGE MOUSSE D`EAU Nettoyante Cleansing Water Foam https://www.uriage.com/MT/en/products/mousse-d-eau-nettoyante AQUA (WATER, EAU) - DECYL GLUCOSIDE - BUTYLENE GLYCOL - SODIUM COCOYL GLUTAMATE – GLYCERIN - SODIUM METHYL COCOYL TAURATE - PARFUM (FRAGRANCE) - PEG-40 HYDROGENATED CASTOR OIL – PHENOXYETHANOL - COCO-GLUCOSIDE - GLYCERYL OLEATE - BENZOIC ACID - CITRIC ACID - POLYQUATERNIUM-10 - SODIUM ACETATE - SODIUM CHLORIDE - PUNICA GRANATUM FRUIT EXTRACT. Пишуваше за нормална и комб. кожа. Го купив ама Многу ми го исуши лицево.
Ова е пилинг за лице, се става на благо навлажнета кожа и се трие, па се измива. После си ставаш што и да ставаш како следен чекор после миење лице.
Јас сум презадоволна од iunik calendula маслото. Ми се допаѓа и маслото од Anua, само не обичната верзија, туку таа за осетлива кожа со зелена трака на шишето. Пишува на самото шише for sensitive skin, лесно ќе го препознаеш.
Некој со комбинирана, проблематична кожа да сподели искуство со оваа пена? Составот не ми се допадна баш, а знам дека брендот ко бренд е многу добар
Многу сум задоволна од ова. Повеќе ми се допаѓа од масло бидејќи не ми се растекува по лице и можам убаво да измасирам пред да исплакнам. Потоа си користам Ла рош ефаклар гел за миење бидејќи мора да се пројде и со некое друго сретство потоа. Цената е 329 ден.
И јас ова од Балеа планирам да го пробам. Ми личи ко копија на балмот од Geek&Gorgeous, ептен слично им изгледа амбалажата. Видов во некој рил на Инстаграм предлог за комбо - Balea med ultra sensitive гелот и овој балм, па во план ми е да пробам како функционираат. Гелот го имам користено и ми се допадна, а за балмот ќе видиме. Супер што читам убави коментари, се надевам дека и јас ќе бидам задоволна од него.
Здраво, од оваа линија го користам веќе еден месец серумот односно ампулата во комбинација со ц витамин и има одличен резултат. Претходно имав како црвени белези од акни а од кога користам сентела веќе почнаа да избледуваат и лицето ми е ептен исчистено а исто користам како дневна крема еуцерин аква порин. Кај мене покажа супер резултат
Ве молам препорака за гел/пена што и да е, што се користи како втор чекор во двојно чистење. Но ми треба нешто многу нежно, имам осетлива кожа склона на акни и секогаш после миење на лице со тој вториот чистач што го користам лицето ме затега и воопшто не ми е пријатно. Не сакам да си ја чувствувам така кожата затегната после секое миење. Идеално би било од дм/белина нешто до кај 300-400 денари. Фала Моментално ја користам оваа балеа пена, https://mino-shop.com/products/balea-med-reinigungsschaum-ultra-sensitive-150-ml . Мислев дека ќе ми е супер со оглед на тоа што е нагласено за осетлива кожа, без парфеми итн итн ама џабе, мене пак ме затега цело лице после неа..