Можеш да го пробаш balea beauty expert cleaning balm 3% squalan. Случајно го купив, баш за сума на буџет и сум задоволна. На комбинирана кожа остава масен слој, би бил добар за сува кожа. Да напоменам дека има специфичен мирис на масла. За мојата комбинирана кожа е тежок.
И мене ми е малку тежок, имам исто комбинирана кожа. После него секако се мијам со гел за лице (каков имам во моментот таков), па не ми смета толку што е малку тежок балмот. За парите навистина е супер. Исто ми се допаѓа ептен и Балеа маслото за вадење шминка. И тоа има некој тежок мирис, ама брзо се губи по миењето.
Мене искрено Еуцерин не ми се нешто посебно. Ова ти е за мрсна кожа склона кон акни. Веке за тие пари додади уште 200мкд и земи си Ла Рош гел. Многу е подобар. Барем јас сум презадоволна од Ла Рош козметиката.