Мојата кожа е комбинирана, преку лето е масна ама кога е постудено носот и образите ми се суви. Носот особено, некогаш забележувам нешто како нежно перутање на кожата (ако може така да се дефинира). Проблем се и комедоните и митисерите, така да кожата ми е комбинирана од секој можен аспект. И мене @marama ми ја препорача, а таа има речиси ист тип на кожа како мене, па сега сум на мисла кој гел да го земам. Еден од критериумите ми е да има пумпа, пакувања во туба не ми се практични.
Ќе ти се допадне тогаш плавата пена од Балеа. За таа цена што ја има, нема ни да најдеш нешто поубаво. Убавка е многу, нежна ама супер чисти. Мене целата плава линија од Балеа ми е супер, убав е и гелот ама е обично спакуван во туба. Не се воопшто скапи ни пената ни гелот, а се многу солидни.
Не, шминка се вади со посебен производ за вадење шминка, јас лично користам мицеларна вода. Лицето се мие со средства за да се измијат нечистотиите, а производите за тело и сапуните за раце не се погодни за лице. Јас мијам лице само кога се бањам/туширам (навечер најчесто е тоа), затоа што водата во Скопје ми го иритира лицето и очите. Така што практично сабајлечки "мијам" лице со мицеларна и тоник, а навечер вадам шминка со мицеларна, мијам со гел, чистам со тоник.
Значи за онака миете со средство... ок.. Јас не користам ништо освен вода за миење лице. Сапун, само кога се туширам.
Само вода не е баш доволна. Искрено, и откако ќе го измијам лицето, па го чистам со тоник, на памукчето знае некоја прљавштина да излезе. Сапун на мојава и онака пресушена кожа, може без лице да останам
Можеби има уште ѓубре, а и мртви клетки, ама не го мијам со ништо освен со вода. Сапун сум користела за вадење шминка. Еден период од 5-6 години се шминкав редовно... После и пред тоа, дали еднаш годишно. Така да..
Јас за летно време, кога кожата ми е комбинирана, сината пена од Балеа. А зимно време, за сува кожа, розевата пена Балеа или Хип гелот. Бидејќи не се шминкам секој ден, гелот го користам за миење кога сум носела шминка (секако претходно извадена) бидејќи некако подобро ми ги чисти остатоците, во споредба со Балеа. И така. Задоволна сум од овие 3 и си се држам до нив долг период веќе
Мора да се мие нечистотијата. И да не користиш шминка, се што има во воздухов буквално се лепи на кожата. Затоа само вода не е доволна. Иначе јас го користам гелот на Балеа со екстракт од лотос, супер ми е.
@WildMk нежно "гребни" си го лицето пред да си легнеш, или помини го со туфнер. Ако не ти се згади слободно продолжи да не користиш ништо кога го миеш. Инаку и јас го користев гелот со лотус на Балеа, и многу убаво го чисти лицето, а воопшто не затега. Сега еден со цитрус, со нежен пилинг земав, (пак е гел за миење, де) мислам дека поубаво ми е чувството на лицето после него, ама па не вади остатоци од шминка скоро ич...
Шминката мора да се 'извади' со нешто, или влажни (иако не е препорачливо) или со мицеларна. Евентуално со тоник, ама не знам дали ке биде успешно. По вадење на шминката следи миење со гел/ пена и на крај нанесување крема за лице. Доколку не се шминкам, го прескокнувам делот со мицеларна вода, значи се мијам со гел и потоа ставам крема. Ептен ако не излезам од дома може да се измијам само со вода, ама ако одам некаде, по автоматизам на лицето ми се лепи прашина и што-уште-не, па мора да се измијам со нешто што пени. Не се шминкам секој ден, но кога користам фул шминка најчесто правам пилинг и ставам маска, за да биде лицето целосно исчистено од слоевите шминка. Зависна сум од хемија, па додека мојата кожа не почувствува пена, сметам дека не е чиста.
Како себе да се читам Додека не видам совршено чисто туферче рибам Сабајлечки освен на заби, на друго место по лице вода не ставам, пошто црвенило после ништо не смирува. Затоа делот со миење и пенење и пилинзи ми е секогаш пред спиење кога и се туширам/бањам, а сабајлечки само "за секој случај" и за гурелки миење користам мицеларна До скоро после ова одма крема ставав, ама ме поучија дека е најарно на влажно лице да ставам малку масло од роза, па сега прскам со спрејот од роза на Алверде, ставам две капки масло од роза на Алверде, тапкам да се "пикне", па за 5 минути крема од роза на др. Хаушка. До сега најуспешна рутина за мојава кожа пустинска
Исто и јас. Професионален рибач, небитно дали станува збор за коса (@Mishela ) или лице. Jaс имам поинаква рутина. Сабајле лицето го мијам со вода а потоа ставам alverde sensitiv 24h creme и alverde augen-creme околу очи. Спојлер Пред спиење лицето го мијам со hipp waschgel кој е постиран погоре, нежно го бришам лицето со пешкир и на влажна кожа ставам од alverde gesichts-öl (маслото од дива роза). Доколку имам шминка, ја бришам со мицеларната вода на olival, a понатаму постапката е иста. Ова е мојата најнова рутина, ке видам како ке функционира, со оглед на тоа што имам комбинирана кожа.
Рибање ми е мидл нејм, ама добро е што не сум единствена, ќе се јават сите лека-полека. Мислам дека и на @CameliaMiller ќе и' одговара гелот Хип, многу е нежен и полн е со хранливи масла. Јас сум задоволна, а иако имам комбинирана кожа маслата се покажаа супер кај мене. Нема некое што не ми одговарало и најверојатно поради тоа ми се регулираше прекумерното лачење маснотии зашто мојата кожа претходно беше масна од дехидрираност и од форсирање мат изглед. Е кога е топло не ми е по вкус, не ми го отстранува добро себумот и веројатно ми треба нешто појако, ама нема врска, ќе го потрошам до тогаш секако па ќе му ја мислам. Мислам дека @Elence93 имаше некаде напишано коментар за пената од СебаМед, па ако сум разбрала добро, кога ќе може нека напише некој коментар. Малку ми се гледаат скапи нивните производи, па ме интересира состав, карактеристики на самата пена, нешто така подетално. Ако добијам впечаток дека не ви се допаднала, па нема ни да ја купам и ќе си земам пак Балеа. Тоа бар ми е испитана територија веќе.
Мене оваа пена од Себамед ми е одлична иако не можам да кажам дека зелената од Зиаја ми е полоша. Двете се одлични пени, супер ја чистат кожата, не оставаат траги од шминка, јас шминка мијам со гел, пена, сапун и ретко кога имам на пешкир остатоци.