И кај мене е малку проблем плакнењето ако ставам многу, ептен е густ. А за Hydro, членката погоре пиша дека бил поредок и потечен па ќе го пробам баш.
Еве го, баш ме замисли https://www.dm-drogeriemarkt.ba/p/d/1362399/alverde-naturkosmetik-hydro-gel-za-pranje-lica-aloe-vera на трето место му е алкохолот, ваљда вода и глицерин балансираат доста, дури се изненадив дека ич не ме суши и не ми пречи. Мене ми мириса на алое, на еден гел на Еси мислам што го шлапам кога се сончам.
Мене не, прејак мирис е тоа за мене, едвај го истрошив. **** На Афродита пените за миење, добри се? Се мислам некоја од нив да купам следно
Убав нежен чистач е, супер дочистува остатоци од шминка и не остава чувство на пресушена кожа што чкрипи на допир. Мене ептен ми се допадна.
Дали знае некој да ми објасни околу разликата во цена? Неколку производи шо ги гледав имаат огромна разлика, на coslove е пример 1100 ден, а на olpeo 790.
Препорака за чистач за лице, не за секојдневна употреба, туку за 2-3 пати неделно за сега на жешково. Го имам користено овој, не е за секој ден, буквално се вадеше од порите, ама го нема веќе.
За мене меѓу најдобрите чистачи кои сум ги користела.Шишето е доста големо,па го користам долго време ☺️
Фала што сподели. Не ја затегнува кожата после миење? Тоа ми е битно кај чистачот, да не ми остава такво чувство после миење.
Јас од Афродита користам нештп како 3 во 1 е: пилинг, чистење на лице и маска за лице. Презадоволна сум, го има во ДМ
Овој е убав маслен чистач. Го користам со истиот гел за миење и со крема. Добро производи, а не скапи. комбинирана кожа.
Сакам и јас искуство да чујам, беше на попуст, ама не го земав не можам некако да сфатам за каква кожа е. Јас го користам lrp effeclair и имам масна кожа, само понекогаш мислам дека е преагресивен, сакам да пробам некој што ќе чисти и шминка и спф ама да не е агресивен за кожната бариера.