Јас од Афродита користам нештп како 3 во 1 е: пилинг, чистење на лице и маска за лице. Презадоволна сум, го има во ДМ
Овој е убав маслен чистач. Го користам со истиот гел за миење и со крема. Добро производи, а не скапи. комбинирана кожа.
Сакам и јас искуство да чујам, беше на попуст, ама не го земав не можам некако да сфатам за каква кожа е. Јас го користам lrp effeclair и имам масна кожа, само понекогаш мислам дека е преагресивен, сакам да пробам некој што ќе чисти и шминка и спф ама да не е агресивен за кожната бариера.
Дали купи некој од овие? Јас исто го користам на Балеа мене ми е ок, но едино ми смета што по некоја недела од отворањето мирисот се менува
Фино гелче за миење лице. Green plum - Beauty of Joseon, го купив на некој попуст од Elloxy и му дојде редот за користење. Безбоен е, нема мирис, фино пени (го распенувам низ дланки, па ставам на лице), доста е течен, со "runny" конзистенција. Преубав е, не го чувствувам лицето затегнато после миење и тоа ми е најважно. Препорачувам.
Purito мене многу ми одговараше, ми се допадна. Ама малку е потешко, па можеби и нема да ти одговара ако имаш помрсна кожа. Мојата кожа е комбинирана, кај мене се покажа како полн погодок. Тоа во средина не ми е користено досега, од брендов сум имала тонер и баш ми се допадна, верувам дека е солидно и маслото. Skin1004 мислам дека најмногу би го препорачала од издвоениве масла. Многу лесна формула, одлично вади секаква шминка од лице и очи, не пече на очи. Според мене, нема тип на кожа на која не би и' одговарало.
Да, и на purito и на skin1004 се одлични. На purito и неколку пати го земав, и skin1004 e супер, само сакам да менувам. Инаку пак би го купила. Сега моментално користам балсам на transparent lab.
Не користам шминка секој ден, само ЦЦ крема и ми треба повеќе за навечер за двојно чистење и за вишок себум. Комбинирана кожа во лето малку помрсна, а на зима нормална. Оливал е ок, ама да пробам и други.
Предлог за маслен чистач што не го исфрла лицето, да пробам нешто ново? Ми се потроши претходниот на skin1004 го имав добиено како подарок, па почнав да го користам на балеа маслото што го користам за очи, лом ми го направи лицето. Барем се надевам дека е од него, таман ми се исчисти..
Балеа балмот е убав, тој во кружно кутивче со виолетово капаче. Од маслата, мене ми се допаѓа жолтото iunik масло, одлично е.