Девојки можеби прашањето не ми е за тука но каде може да се најдат производите на Себамед и колку чинат?
Леле ќути со тоа форсирање ултра мат со години, сега не можам да се одматирам Сега секоја пудра ми е мат На Хип од кај го земате? Аптека? Имам јас мрсен нос, другава кожа и сува и дехидрирана ми е. Како миеш шминка од очи вака? Јас уплав имам од вода во очи, а не па било каква хемикалија.
Од Веро го купив, го спуштаат и до 180 денари некогаш кога е на акција, а редовната цена му е некаде 220-240 денари. 400ml е, со пумица. Се исплати ептен за тие пари. Ако не ти се погоди, ќе миеш четки и раце со него, бар за нешто ќе му се најде намена.
Во Еурофарм редовна цена на Хип е околу 180,т.е мислам дека сите проозводи на Хип се најефтини таму. Јас го користам скоро цела година по препорака од форумовразбира се,задоволна сум.
Ги има во Зегин, и по други аптеки се наоѓаат, во ДМ исто ги има. Од Зегин пената за лице ја земам 490 ден, а кремот за лице 610 ден.
Јас ја имам целата колекција на Себамед, ќе ја дотрошам за некој ден и тоа што остана. Искрено мене ми се преценети, не видов никакво подобрување на кожата, а за таа цена (зборувам вкупно) очекував повеќе. Сега ќе продолжам да си користам Неутрогена 3 во 1 со силицилна киселина кое до сега ми е најдобро од сите тие 3 во 1. А кога ќе ги дотрошам тониците ќе ја земам розевата пена на Балеа.
Јас сум задоволна од ова на Нивеа што го земав последново, розевиот гел за миење. Не ми ја пресушува кожата, алелуја.
Сабајле ја земав оваа пена од ДМ и многу сум задоволна. Темелно го чисти лицето и не го суши. Ја има ли некој друг користено?
3 пати неделно ја користам 2 во 1 маска и wash на Неутрогена заедно со четка на ротирање за лице и можам да кажам дека откако почнав да ја користам оваа комбинација немам ситни мозолчиња и кожата не ми е нерамна како што ми беше. Инаку редовно секој ден го користам гелот за миење Акнефуг со Бензоил Пероксид заради акните, некогаш и заедно едно по друго нема никаков проблем, после тоа кожата ми е нежна како на бебе До пред некое време го користев на Eucerin Dermopurifyer но многу ја суши кожата, и мислам дека дури и ме исфрлаше
Девојки здраво, Читам дека ја фалите зелената пена за миење од Балеа. Искрено, не сум користела многу производи за чистење на лице, а сменив повеќе пудри за лице(меѓу кои и Есте Лаудер) и сфатив дека морам прво да го средам лицето. Јас имам комбинирана кожа, до скоро со мрсна Т зона, со изразити пори. Но, во последно време пределот околу образите, носот(поточно странично кај ноздрите) и делот кај што почнуваат веѓите ми се суви и на моменти ми се лупи тој дел. Прашањето ми е дали би можела да ја користам зелената пена од Балеа или премногу би ми ги исушило и тие делови од лицето?!
За комбинирана кожа сината пена на Балеа, не го суши лицето воопшто. Или пробај го гелот на Хип, штом ти се лупи кожата на одредени делови, а башка и зима е, екстрактот од бадем кој го содржи добро би ти дошло на кожата.
Јас во некој пост мислам дека прочитав дека сината пена малку го суши лицето, па затоа прашав за зелената. А за Хип не ни знаев. Фала ти, ќе земам една од овие