Ако може и пена да е: Таа на Балеа ја користам веќе повеќе од една година, одлична е, нежна. Алверде не сум ја пробала но имам читано по рецензии дека била исто добра. Би ја пробала и јас кога ќе ја потрошам Балеата
Околу 120-150 денари во зависност дали е на попуст не се сеќавам точно но прилично тука некаде е многу е ниска цената .. сега има нова пена ПРЕДОБРА Е ! Директно ставам од пената врз шминката, прво го мокрам лицето ( без претходно чистење со мицерална или влажна) и се исчезнува од шмкнката ! И на крај околу очите со памукче и мицерална и тоа е тоа ! Не ми го суши лицето инаку имам масна Т зона а суви образи ..
Многу е нежна и преубаво ја чисти кожата ! Особено шминката ... магична е , ефтина и многу убаво мириса .. и плус приметив дека со редовна употреба дење вечер некако флеките од акни ми се намалија
Мене ми ја фалеа од Балеа розова но во тубичка,воопшто не го сушела лицето сакав да прашам искуства за неа.Имам сува и осетлива кожа,многу од мицеларните води да не речам ми го разрануваат лицето и незнам што да користам па се решив за гел/пена.Може предлози.
Алверде пенава ја користам скоро месец дена, ми го препороди лицето. Ги намали акните,маснотијата, црвенилата од кожата, ма просто прекрасна е земав и крем од истата линија, баш она што ми беше потребно за лицето е комбинацијава.
Јас мијам лице прво со Алверде, па со Јанг дерм пена, и на крај Алверде крема. Скоро ставив слика тука од состојбата на моето лицето, сигурно за 50-60% ми е опоравено сега. Многу е добра
@buba4e89 да ти кажам не се ни сеќавам колку ја земав , ниту пак дали имаше попуст некој И направив грешка, мислев е таа со лотус , а дома кога дојдов видов дека сум купила со алое вера ама пак за комбинирана кожа е така да сигурно ќе ја искористам
Јас сакам да ја земам таа старата што ја купувавме заедно еднаш. Се погоди ептен, а гледам и тоникот е 89 денари.
Ја нема веќе колекцијата со лотус, сега е таа со алое вера. Мене искрено таа ми беше поубава, оваа со алое вера не е лоша, ама сепак со екстракт од лотус ми беше најпогодена.
Лотус и мене ми беше супер, после го земав овој со благ пилинг, со AHA и исто ми е супер. Не можам да се пожалам на геловите на Балеа до сега.
Јас и тоникот го земав. Во Дм во Гтц го немаше, среќа влегов во Дм во моето маало и го начекав. Од пената сум најзадоволна, во Дм со другарка ми бев па и таа си зема. Ова ми е трето по ред мислам.
Дечки, мицеларната пена на Оливал е фантазија! Ја купив пред некоја недела од ДМ за 349 ден и само пофални зборови. Одлично чисти без да суши отпосле. Имам користено неколку пени за лице, и оваа слободно можам да ја споредам со термалната на Виши, одличен квалитет за многу попристапна цена!
Дечки, ја користам пенава од алверде можда месец и пол и само пофални зборови имам. Не ми ја суши кожата, не ми се нафрла лицето, да не се подречам ама во најдобра можна состојба од било кога ми е. Некако сѐ почесто слушам за тоа какви маркетинг трикови се прават и мене веќе почна да ми смета да рекламираат нешто органско и природно, а составот да кажува друго... не сум гледала дотолку што ставам на лице, но во последно нешто актуелно на инстаграм е токму ова со рекламирањето недобар состав, па почнав да станувам скептик за сѐ. Го гледав составов и ми се допаѓаат помали состави, пример може и со помал состав па тие илјада работи да не чинат, ама за пример ми се биодерма каде што составот не може да го допрочита човек(иако штета, продуктите ми одговараат). Не се разбирам толку за да ја применам хемијата од средно во амбалаживе, ама научив дека ПЕГ и СЛС се тешки состојки што се ставаат, формалдехид и не знам кои спомнати што треба да се одбенуваат. Не сретнав ништо такво, само алкохолот ме буни? И уште нешто, не можев да ја најдам амбалажата на интернет. Да не е од постарите? И предлог друга пена, па може и гел од алверде или друг производ со океј состојки. Цена небитна.
Пената од Алверде е во продажба , ама амбалажата и е сменета , да и јас сум многу задоволна од пенава , а сега ја користам и кремата од истава линија и супер е , пробај ја некогаш ако не ти го суши лицето алкохолото , тогаш не е страшно. И да органски се Алверде , многу членки ги користиме производите на форумов Друг гел што исто не ми ја суши кожата е овој исто така на Алверде, го имам купувано 4 пати досега и одличен е. Можеш некогаш да смениш и да го пробаш
Го користам ова од Авон. Мрсна формула е, земам како зрно грашок и директно врз шминката ставам и размачкувам и веднаш ја "топи" шминката, меѓутоа на крај кога ќе се избришете со пешкир лицето нема воопшто мрсно да ви биде што е навистина чудно. Околу 450 ден се движи горе долу ама доста време го имам пошто како зрно грашок е доволно за нанесување.