Здраво девојки, гледам ги фалите Балеа и Алверде па да ми помогнете околу изборов. Немам користено пена до сега ама сакам да земам некоја од овие. Имам комбинирана кожа, ама многу од продуктите за чистење ми го сушат лицето, па тек отпосле 2 саати ми се масти на некои делови. Мислам дека повеќе би ми одговарала некоја за нормално лице. Која да ја земам? И дали се добри и за околу очи, или ќе ми треба плус некој друг продукт?
Алверде сензитив со камилица,пријатно сум изненадена од оваа пена преубаво ми го прави лицето пак би ја купила чини околу 180 ден. Не ми го пресушува туку таман е за мојата комбинирана (некогаш мрсна кожа)И што е најважно не приметив дека ми прави иритации нема да се покаеш
Прочитав за салицилна киселина погоре неколку мислења. Внимавајте, во ред е за повремена употреба, ама не континуирано. Јас имав проблематично лице порано и користев лосиони со салицилна, ама напоменато ми беше тоа да не е пречесто. Сега го користам еднаш до два пати неделно ова: Во меѓувреме ја користам оваа:
Користи крем по миењето лице, ако земаш пена од алверде можеш крема и од алверде од камилица има нека кажат членките дали се задоволни, а пената од алверде е предобра.
Прочитав дека за мрсна кожа најдобро би било да се користи гел за миење на лицето. Има некој сигурна информација за ова?
Од DM го земав, за флеки помага ама умерено, за поголеми или попигментирани не. Убав е пилингот, не е ни груб, ни мек, ситен и врши работа