Скопјани ко отсечени од реалноста ми се малце и упорно со глата в ѕид, црното бело, белото црно колку и да не се исплати така Битолчани жалат по лажниот сјај од минатото и вечно се чудат шо се случи со градот Охриѓани лоши се, ама прагматични, се им е пресметано во глајте - обратно од скопјани,зато не се согласуваат добро Прилепчани не се лоши, само многу сакаат да драматизираат, си прат интересно да е Куманово не се србомани туку многу таму ств имаат српско потекло и презимиња, шо значи Срби, нема ништо спорно За другите не се слагам многу многу со описот Струга, Дебар, Кичево - добри луѓе, подобри отколку што е добро за нив
Маж ми има роднина во Струмица. Жената збори 200 на саат. Не можам да ја разберам. Секогаш и викам - Ај од почеток.
Повеќето скопјани и дел од битолчани се арогантни. Добри ми се луѓето од Крушево и од цела источна Македонија. Кумановци не се србомани, туку како што е пишано погоре, во градот има неколку илјади луѓе со српско потекло, кои со текот на годините се мешаат со Македонците, но сепак си имаат српски корен и не можат да се сместат во групата на србомани.
За нас скопјанки шо сум слушала- шмизли и лигушки Мое мислење: Кумановчани-мајтапџии и хумористични Охрид- (го обожавам Охрид ама) охриѓани се терсене народ, лето кога ќе дојде ги викам дерачи Тетово Гостивар-ноу комент освен што имам колега тетооец луд е ко струја и смешен Кавадарчани- ка ќе испијам сеа една ракија.Ја си ги викам алкохоличарчиња Битолчани- луди се скроз