Секоја генерација мисли дека тие родени после нив се глупави, хистерични, вообразени, наивни... А реалноста е дека секој човек е приказна за себе и ваквото групирање мене ми нема смисла.
Мислам дека миленијалците се подружељубиви, поотворени за дискусија без политичка коректност за разлика од Gen Z кои се многу по следачи на правила, еден ист наратив за сите, заштитени од мали, само погледнете како изгледа школото како институција, наставниците газат врз јајца за да не ги навредат учениците. Па измешани родови, идентитети, што веќе не. Контрадикторно е што се борат за некакви права, а не сум слушнала да ја дискутираат ситуацијата во Африка, правата и слободите се битни само на ЛГБТ. Тоа докажува дека се испрани мозоци од мас медиумите, мислат дека е нивна идеја да се борат за права, а уствари суптилно некој им ја става во глава на сите можни начини. Од друга страна добро е што не се срамат да бидат различни, не прифаќаат газење. Учат за знаење, не за тапшање по рамо, независни се и не чекаат да се вработат во државни институции. Она што ми е жал кога го гледам кај новите генерации е нивната социјална хендикепираност, нема такви дружби, партнер бараат на Тиндер, едноставно ја нема таа детска романтика. Миленијалците пак се желни за валидација, сакаат да бидат центар на внимание, конфликтни се и склони кон апокалиптични сценарија. Мислам дека се поиздржливи од новите генерации, со смисла за локалност (дружба, локален хумор), не се хомогена смеса како Џен Зи и ги прифаќаат различностите. Миленијалците се најсекси. *За тупаџии: ова е мое гледиште и не барајте извор.
Генерациите се факт и разлики постојат. Очигледно баба ми припаѓала на една генерација, мајка ми на друга, јас на трета. Е сега, прашање е, колку во општества како бившо-југословенските, тие генерации коинцидираат со америчките дефиниции, и колку се тие разлики реални. Ако земеме предвид 2 клучни општествени феномени, осамостојувањето на државата и транзицијата, како еден, и појавата на интернетот како втор феномен, можеби тука може да се направи некој генерациски пресек, кој колку посведочил и живеел со овие феномени. И најпосле, скроз е небитно дали си роден пред или после 90 тите, да речеме, побитно е како си го живеел животот и со што си се соочил.
Па секако дека не е исто дете родено во 2010 и дете родено и израснато во време на комунизам. На крај на денот за вакви генерации виновни се родителите кои се пак во оние “миленијалци”. Мене овие групирања ми се глупи и се буквално резултат на она Gen Z што го промовира.
Посебни, различни, различно групирање, навреда ако пример им се обратиш по различен пол, а не се тој (несакајќи). Навреда доколку носиш плетенки итн итн…
Конкретно, мислам дека овие генерациски групации се резултат на маркетинг ефорт, или со маркетинг цели. Особено со бумерите после војната, и секоја наредна категоризација значи поинаква таргет група. Ако ги земеме Зет како првата онлајн порасната генерација, не ме чуди резултатот. Ама ме плаши каде води тоа.
Помеѓу 1965-та и 1980-та година, во светот се родиле милијарда и сто милиони луѓе. Како може сите да бидат сместени во една група и да имаат исти карактеристики?
Светот е ирелевантен. Само барата околу Уса е битна, мислиш на некого во Индија му чуе за бумери и зумери. Тие уште според натална карта бираат брачен партнер, ама они се небитни, не се светот.
Миленијалците се последната генерација која го памети светот без интернет и технологија. Еден ден, со нивното умирање, ќе умре и овој, некогашен свет.
Спаѓам во миленијалци но сум имал привилегија да дружам и растам со луѓе по 10тина години постари од мене имав и девојка 10 години постара од мене. Генерација Х златна и најдобра генерација, величина од луѓе од морален,човечки и секаков аспект од 80та надолу секоја генерација се се полоши и полоши јас ги викам еурокрем генерации.
Ние што сме генерација Z заклучно со 2006 -07 година што се, сме последна генерација која која имавме нормалано детството. Сега деца од 9-10 години со еден тон шминка излегуваат во град, прават нокти, не реално ми е на таа возраст да се однесуваш како 20 години да имаш дури некогаш од шминката изгледаат многу простари од тоа што се. За мене не е нормално дете од 11 год со цигара во рака да зборува за љубовни проблеми, сме имале и ние симпатии, но не беше тоа што е денес.