Групиве некако несоодветни ми се за Македонија, ама ок. Спаѓам во милениалс, 1991. Кај постарите ми пречи буткање под тепих и нереални очекувања, младите ми се премногу спешл сноуфлејкс. Верувам во умереност, така што ниту кутијата на овие пред мене ми е ок, ниту пак крајната и нереална нежност на овие после. Рандом пример, моиве плетенки ако ги вреѓаат африканците, сите назад во школо.
Не, не, не ме разбра. Не може да се зголемени случаите кога порано не ги ни регистрирале, ме сфаќаш? Тоа зголемување е повеќе фиктивно отколку реално. Исто како на пример кога се прави скрининг за здравствени проблеми, бројките пред и после скринингот ќе бидат драстично различни ако во таа популација што се испитува постои болеста(односно конкретната промена) ама никој не отишол на лекар да се испита и дијагностицира.
Во карактеристиките кои им се припишуваат на групите, препознав едно чудо личности кои не ни припаѓаат на дадените групи. Категоризацииве се нереални, проблемот е во тоа што многу луѓе си ги проектираат во стварноста бидејќи не ја осознаваат способноста за адаптабилност и промена/работа на самиот себе, па се затрчуваат во некој калап плашејќи се да направат исчекор од она што е зацртано како типично и прифатливо за нив. Ничиј карактер не проценувам според возрасна група, освен кога сами не се трудат да и припаднат. На пример, има еден постар човек (бумер) кој подобро се разбира во модерната компјутерска технологија од неговите колеги миленијалци и помогнал многу повеќе. А за миленијалците важи дека се технолошки далеку пописмени во споредба со бејби бумери, што е и точно ако се спореди мнозинството.
Те сфаќам и ти ја сфатив и првиот пат поентата, само јас погрешно ја формулирав мојата, Spoiler: преформулирано мене зборот ми е само случаевите продолжуваат да се зголемуваат и покрај, не само поради помасовно и напредно дијагнозирање. Дијагнозирање (во модерни форми) и психологијата постоjат скоро 2 века (200 години), https://en.wikipedia.org/wiki/History_of_mental_disorders но значително зголемување на случаевите започнува негде последниве (20тина) години. Исто и суицидите во пораст, мислам суицид е суицид и во било која историска епоха прилично лесно за дијагнозирање и евидентирање, но се приметува исто во прираст кај помладите генерации. Со вистински напредок, подобра и напредна дијагноза треба случаевите да се намалуваат, не зголемуваат. Ист случај со разводите, вистински напредок по тоа поле би бил разводи се помалку да има/ше, како и квалитетни бракови (наспроти нели бракови ради реда, без љубов, со трпење и у инат на комшиите).
Во повекето извори Gen Z почнува од 97ма, во неколку само од 96та. Пријатели од 96та изјаснете се каде припагате повеке
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Sexual_revolution Овде е е коренот на проблемот наместо унапредување на човечките и меѓупартнерските односи и бракови и издигнување на човекот на повисоко ниво како духовно битие отидоа на легализирање на сите облици на деструктивно однесување и неморал. Затоа секоја наредна генерација излегува полоша од претходната затоа и ќе ни се деси цивилизациски колапс за брзо. Еднаш индоктринирани луѓе со вакви вредности тешко е да ги преобратиш да се однесуваат нормално. Резултатот го гледаме секојдневно зголемен број на ментални болести, самоубиства, разводи, неверства, криминал и се останато а со време ќе станува се полошо и полошо се додека онај одгоре не одлучи да стави крај на се и ја собере вересијата од светов пошто друго и не сме заслужиле на начинот на кој се однесуваме
Мислам дека нема врска генерацијата, колку што има воспитувањето. Спаѓам во Gen Z, работев со луѓе и секојдневно се нагледав некултурни и безобразни бумери, нормално е дека и нивните поколенија ќе бидат слични на нив, додека не си оформат здрав став за тоа што е во ред а што не. Исто така има и фини и културни деца. Единствена разлика што мене ми е очигледна кај помладите генерации е отвореноста во врска со сексуалност, self love, ментално здравје, нетолерирање навреди/дискриминација и слично, и многу ми се допаѓа тоа, иако искрено ова највеќе се забележува во малку попрогресивните земји.
Ах, уште една тема каде што напатените 40+ годишници оти наставничката ги тепала со стапче, може да серат колку ни е отидена младината денес
Сите "млади" страдаме од генерација х. Да била " асална" генерацијата х, мнолгу ќе им биде поарно на наредните генерации.
Погрешна тема бро. Дај да отвориме специјална за нив, не можам да ги читам посебно кога ке спомнат морал и црковни вредности, не сфакат дека они се вересијата што треба да се збере.
Не вересијата се атеистите и моралните релативисти што ќе биде зберена што не ги почитува божјите закони сачекај па видечеш
Еее друже за тоа зборував, не е ова тема за црковни вредности. Пријатна вечер Религиозните фанатици што се мешат каде не им е местото се вистинската вересија (не зборувам за културните верници, кои си веруваат за нив).
Како ли само се чуствуваат родителите родени и израснати во центарот на градот што ја немаат таа привилегија и чест да ја раскажат приказната (читај митоманија) на своите наводно разлигавени деца како некогаш се одело 48 км пеш во школо на -87 степени во зима на надморска височина од 1250 метри. Со само една векна леб, маргарин и пола домат.Еххххххх малку емпатија бар да имавте.