Не знам, стварно, како? Со Амин или нешто соодветно на платформата од која е пренесено Не ви е лесно и вас со такви платформи
Искрено поновиве генерации не се идентификуваат со нација, историја, традиција, некаков колективизам туку се повеќе се запоседнати со лгбт вредности, конзумеризам саможивост, егоцентричност, цинизам...Кога луѓето живеат за свои себични потреби без никаков идеал за подобро утре на идните поколенија не е воопшто чудно што новиве генерации излегуваат аморфна маса и прозаични индивидуи и тоа е едно општество во декаденција што пропаѓа и назаднува во сите области. Али ај тек чемо видети до каде ќе стасаме.
Нема ништо себично во лгбт+ залагање и бидување сојузник, ни еко френдлинес, ни бунт и директност против прекршвање на права. Оти ова го видов кај најмногу помлади од мене ( со ретки исклучоци) дел оти брат ми е практично "бебе", дел ради Еразмус+ проектите шо бев и запознав многу млади од тука ама и надвор од тука. И не само шо не е себично, правата и иднината на луѓето и планетата се далеку поважни од измислени концепти кои само не делат. Многу очекуваат најлошо од младите. Некаква дистопија. Јас вервам во нив. И седам со нив рамо до рамо. Оти нема посебично да не можиш да го видиш колективното добро, а тие го гледат.
Не знам до кога ги рачунате овие „нови генерации“, ама јас еве имам 26 год. и неиронично не се идентификувам ни со нација, ни со традиции, а за религија веќе и да не зборуваме. Како што поминуваат годините, моето лично созревање иде во правец на радикално отфрлање на сите овие опресивни конструкти. А и да, жена сум која е решена да не раѓа и се залагам за нормализирање на живот без брак и деца, така да додај уште поени кај „егоцентричност“ Колективизам и солидарност чувствувам со нетрадиционалните жени, ЛГБТ заедницата, црните овци од секој вид. Така да, премило ми е ако младите стварно одат во овој правец што ве плаши
Воопшто не мислам дека повеќето деца не знаат основни работи, туку како старееме сите помлади од нас ни се чинат полоши. И ти кога си била млада за твоите генерации зборувале дека не чинат, и за таа пред тебе итн итн. Тоа е многу погрешна перцепција и не е правично да носиш заклучок за цела генерација само врз основа на средбата со едно дете на твоите пријатели кое можеби е само срамежливо. Малку помалку негативност за најмладите, малку повеќе разбирање и поддршка на деца кои апсолутно ништо не згрешиле.
Ти не мислиш, ама ете моето мислење е такво, не врз основа на едно дете, туку на повеќе деца. Како и што ти пишав супер штом се среќаваш често со културни и воситани деца, јас ретко наидувам на такви и затоа моето мислење е такво какво што е.
Се полоши генерации има. Дете кога бев не смеевме да писнеме на постари. Културни бевме. Секогаш сме ги поздравувале комшиите. Ова денес претежно е дрско и безобразно. Дете од 15 години се заканува. Те гледа дека поминуваш покрај него ни добар ден не ти вика. Ти дофрлаат на улица. Катастрофа.
Генерација Z. Лош резултат на постарите генерации. Сето тоа пакувано со име и машна, им даваме оправдување за неодговорноста на која се научиле. Глобално се изместуват граници. Се намалува акценот на репродукција. Се зголемуват теории за пропаѓање на светот, овој пат како глобални движења, убаво пакувани во документарци и книги... Се оттуѓуват и заладуват односите на човек со човек уште повеќе... сите полесно се контролираат, ама на сето тоа кога ќе му дадеш убаво име, добива нова димензија. Ете следни се Алфа. Новите генерации кои се раѓаат со факултет
Секоја генерација си има свои недостатоци, факт е. Дека не е совршена, не е. Ама сите ние придонесуваме со нашите постапки. Денес е најлесно само да критикуваме, ама треба да мислиме како ние влијаеме таму каде што сме и колку се вложуваме да бидеме позитивен пример за некого.