Форумџика на годината

Генерациска траума

Дискусија во 'Психологија' започната од Mazegin, 23 септември 2022.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.163
    Колку од вас се соочувале/соочуваат со генерациска траума?

    За оние кои не се запознаени со терминот, е траума која се пренесува од генерација на генерација.
    Најчесто, кога родителите имаат не излечени психолошки проблеми кои потекнуваат од нивните родители.

    Кај нас дома ситуацијата е екстремно лоша.
    Татко ми бил жртва на булинг, психичко малтретирање и физичко малтретирање од страна на дедо ми.
    Однесувањето му е катастрофа, еден ден е добар, утре е ужас.
    Мораме дома да сме на штрек, со сите нас дома се однесува многу лошо. Јас и тој сме во многу лоши односи, пробавме да го натераме да оди на лекар, да си ги среди мислите, не оди, си тера по свое и пие таблети на своја рака.

    Неговото однесување многу влијае на мене, се соочувам со напади, не сум спиела со вечери, се имаше случено да ме удри бидејќи имав различно мислење од него.
    Бев избркана од дома исто поради горенаведената причина.
    Не прифаќа спротиставување, манипулира со сите нас, застанат е со мислите во 1996-97ма год.
    Секогаш е тој жртвата дома.
    Постојано не омаловажува дома, како за ништо не не бидува...
    Еве пред некоја ден бевме во конфликт бидејќи не престана да зборува како јас и сестра ми се биле цитирам "бележани мачки" бидејќи сме имале односи со нашите дечковци. Со кои патем сме долги години заедно.
    Имаше период кога останав без работа, седев дома, си дојде од работа баш кога седнав да јадам.
    Праша што сме направиле денес, за да го заслужиме лебот што го јадиме. :D
    Ова се само дел од случувањата.

    Немам многу контакт со него, не јадам во исто време со него. Еднаш во неделата сме на една реченица муабет.

    За многу од случкиве ми беше срам да пишувам.
    Ја отворам темата се со цел да се споделат искуства слични, и начинот на кој се справувате.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.