Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски модифицирана храна... ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kikikikirika, 18 јуни 2011.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Дали сум црна или бела не ме интересира.
    Си го кажувам својот став.
    И како што мислев не ми одговори на моите прашања.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^^Знам дека ГМО застапен во медицината,ама за тоа поле не сум информирана а гледам да се оттргнам од таблети и слични работи.
    Подобро спречи,отколку да лечиш :D
    Јас се интересирам за храната и искрено не ми се уверливи сите истражувања.
    СЗО до пред некое време тврдеше дека е опасна ГМО и има милион истражувања за тоа,а сега ја одобрува.
    Едноставно не може да ми излезе од глава дека се е за профит,а не за добробит на луѓето.

    Инаку знам дека не е за тука,ама исто препорачувам конзумирање на сезонско овошје и зеленчук.Ставаат хемикалии на овошјето да хибернира 6 месеци,за време на тој период се држи во ладнача,па потоа кога ќе се извади вонсезона ја има таа совршена боја и вкус,ама трае само 8 дена.
    Затоа преферирам да зимам овошје и зеленчук од локални земјоделци,она што го немам во градината.
    Додуша ништо не се знае веќе.
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Тоа е се супер и јас подржувам тоа.
    Но бидејќи ние како луѓе не јадеме премногу зеленчук и овошје и ни скапува,научниците измислуваат работи за таа храна да е достапна на подого време.
    И таа храна скапува,пример за јаболкото што се прави кафеаво сакаат да го изолираат тоа и да го направат да не скапува после 30 дена.
    А секоја институција си зема свој став.
    WHO се двоумеше и го виде научниот консенсуз.
    Научниот консенсуз не е Сарличини или тие истражувањата со глувците каде што немал контролна група.
    Тој што не ја знае науката може лесно да поверува во сликите.
    П.С добар канал за инвидуални научници за гмо технологијата.
    https://www.youtube.com/user/greenstatetv/videos
    П.П.С
    Независни истражувања на ГМО.
    http://www.biofortified.org/genera/stud ... t-funding/
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Напис во Нова Македонија број 23182 | сабота 24.5.2014
    Марш против ГМО на шест континенти

    Минатата година кај нас беше забранет увозот на ГМО-храна сѐ до влезот на земјата во ЕУ

    Во светот и кај нас Активисти од целиот свет денеска уште еднаш ќе маршираат против генетички модифицираните организми и „Монсанто“, производител на генетички модифицирано семе, повикувајќи за постојан бојкот на ГМО и други штетни агрохемикалии. Маршеви ќе се случат на шест континенти, во 52 земји. Марш, преку социјалните мрежи, се организира и на скопскиот плоштад „Македонија“. Минатата година кај нас беше забранет увозот на ГМО-храна сѐ до влезот во ЕУ.

    Додека не се забрани кај нас, продажбата на дел од генетички модифицираната храна беше дозволена уште од 2008 година, со одобрение од Агенцијата за храна. Меѓутоа за пет години ниедна фирма не побарала дозвола за да ја внесе на пазарот. Сепак, се шпекулираше дека ГМО има во производите, иако тоа не стои на декларацијата, дотолку повеќе што во земји во близината наводно на големо се произведувала ваква храна или се користи во производството.

    Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО. Додека едните велат дека таа ќе го спаси светот од глад, други алармираат дека можеби нејзиното производство е заговор против човештвото, ќе предизвика масовна појава на рак, намалување на плодноста, колапс на екосистемот, зголемена смртност на идните генерации. Повеќето се согласуваат дека нема доволно научни сознанија за ефектите од користењето на ваквата храна и многу е краток периодот од само петнаесетина години за прецизно да се утврдат последиците од нејзината примена. Државите одлучуваат каква политика ќе спроведат во однос на нејзината употреба.

    Од европските држави, Шпанија е најголем производител на генетички модифицирани посеви во Европа со 76.000 хектари ГМО-пченка засадени во 2009 година (односно 20 отсто од вкупното производство на пченка во државата). Помали количества се произведени во Чешка, Словачка, Португалија, Романија и во Полска. Франција и Германија се најголемите противници на генетички модифицирана храна во Европа, иако Германија го одобрила компирот амфлора, кој е изменет и содржи повисоки нивоа на скроб за индустриски цели.
    извор: Марш против ГМО на шест континенти
     
  5. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Пρотив ГМО ама се денес е ГМО почнувајκи од млеκото па се до лебот. Па затоа и да си пρотив, κој те пита!? Моρа да ја јадеш или единствено ρешение паρталите и на планина со идна пρофесија пасење κози и овци. :^)
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
  7. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јас сум против и тоа многу, но најголем проблем на оние што не сакаат да консумираат ГМО храна е тоа што не знаат која е, а која не е ГМО.
    Официјално во земјава нема ГМО храна, реално, да не се лажеме. Ако незнам, Нестле користи ГМО суровини за своите производи, тогаш никој не може да ми каже дека производите увезени кај нас се „Gmo free“?
    Од друга страна пак стоката се храни со ГМО пченка, значи зборувам и за онаа стока во Македонија, па оттука, какво месо конзумираме?
    Немам проблем со тоа што некој сака да јаде ГМО, ама имам проблем со тоа што јас како потрошуваш треба да сум информирана и да одберам, што сакам , а што не сакам да купам. ГМО храната е поевтина, но подобро ќе платам повеќе ако знам дека она што го консумиран не е генетски модифицирано.
    А корпорациите се страшна работа, ги купуваат и владите, и организациите како СЗО.
    Ако Монсанто е најголема корпорација за производство на ГМО во светот и ГМО храната не е штетна, зошто американската влада ја штити оваа компанија, па никој да не смее да ја тужи по основ - штетни последици по здравјето на луѓето?
    Ако ГМО храната е добра за луѓето, ако производите се отпорни на штетници, зошто тогаш посевите се прскаат со отрови многу почесто од конвенционално произведеното овошје и зеленчук?
    Мене нешто овде не ми е ок, незнам за другите...
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Против! Секоја храна што се третира со хемикалии не чини за јадење. Но за жал се повеќе овој начин се практикува . И сега замислете некои големи јагоди колку јаболки или чист пример е само онаа мисирката што е надувана целата, која ја јадат Американците за ThanksGiving Day. После ги гледаме станале како балони, сите дебели. Може сум оффтопик малку, но сакав пример да дадам
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Исто патлиџаните, не се сите, ама има и големи како јаболка, шупливи, вкусот небаре пластика јадеш, може ќе рече некој, дека има и природно такви, но некои се чудни...
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Луѓето се предебели заради преконзумација на храна.
    Дали органска,конвенционална или ГМО нема врска.
    Преконзумација на калории=складирање.
    Дефинирај ми што според тебе е отров?
    Знаеш дека растенијата создаваат свој отров против инсектите за да се штитат и да се зголеми шансата за преживување?
    Знаеш дека во ГМО не се користи повеќе инсектициди и хербициди затоа што веќе има вградено во нивната ДНК да произведат таков инсектицид кој е штетен само за тоа што е наменет а не за човечка конзумација.
    Денес храната е во изобилство и човекот не ја користи правилно.
    Има преконзумација а има гладни луѓе.
    Проблемот е во тоа што не сме едуцирани доволно за ГМО и дека храната што ја имаме денес е далеку посигурна од пред 40 години.
    Тоа е како технологија и колку повеќе напредува толку е посигурна.
    Не може да се прави храна без користење на пестициди или хемикалии,тогаш порастот ќе биде никаков и цела храна ќе биде изедена од штетници а не од нас.
    И што е подобро сега да ја јадат штетниците или ти?
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Против! Мајка ми еднаш купи домати, а тие никакви.Однадвор изгледаат зрели, а внатре се познава дека се со сила зреени.Вкусот беше одвратен.Се знае оној природен вкус на доматот, овој си нема врска, да повратиш. :puke:
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Се вика хибрид,гмо домат сеуште нема.
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Има ГМО домат само кај нас мислам дека нема сеуште. Инаку емили сега и на тие домати што не се хибриди ( а ти најверојатно си јадела некој хибрид) и на нив им се ставаат еден куп глупости, знам ги прскаат со некоја боја па однадвор се црвени а внатре семките зелени. По бојата на семките се познава доматот колку и како е зреен.
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Дај ми тогаш линк да видам кој е тој патлиџан што е ГМО?
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека постои ГМО храна кај нас која не е обележана како ГМО. И тоа ама баш никој не го испитува. Има 2-3 лаборатории за испитување во Македонија но дека никој не испитува ГМО кај нив (анализите се скапи) слабо работат. И сигурна сум дека по нашите продавници се наогаат ГМО производи ние си ги купување дека не се обележани.

    На пример ете 80% од папајата што се произведува на Хаваи е ГМО. Папајата почнало да ја напаѓа некој вирус и била во опасност од целосно уништување затоа е направена папаја резистентна на тој вирус. Во ЕУ истата не е дозволена, но никој не гарантира дека ја нема.

    Во Америка околу 70% од производите се ГМО или содржат во себе состојка што е добиена преку ГМО. Кравите ги хранат со ГМ хормони, млекото кое се добива има остатоци остатоци од тие хормони, а исто имаат и сладоледот, сирењето, кашкавалот и се друго што се прави од тоа млеко.

    Не сум ЗА ГМО, не сум ни којзнае колку против. Јас сум за постоечката храна во светот што ја има да се распореди правилно, да нема гладни, да не се фрлаат цели производства и слично, а ако истата таа храна не ги нахрани сите луге на планетава тогаш подобро нека има ГМО ама да нема гладни луге.

    Само што сега светот е во најлоша комбинација
    -има доволно генетски немодифицирана храна за сите
    -не е добро распоредена
    -некаде се фрлаат цели производства
    -постои ГМО
    - и пак има гладни луге во светот , тоа што се случува во Африка е застрашувачко, ние сме далеку од тоа и не сме ни свесни, но имав прилика да разговарам со еден човек од Етиопија, таму умирањето од глад е секојдневие.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    А кој би бил ЗА??? :fubar:
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Ти нешто како контраш :devil: