1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски модифицирана храна... ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kikikikirika, 18 јуни 2011.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    За и ќе кажам зашто.
    Само затоа што е органски или природно не значи дека е здраво.
    Аргонот е природен па зашто не го конзумираш?
    Луѓето сакаат да слушаат тоа што медиумите и ТВ ни презентира за да купиме нешто друго што они имаат профит.
    Дали верувам дека ГМО храната е штетна?
    Се уште не знаеме и што се последиците од тоа,но овие 25 години веќе јадеме па нема некој голем ефект од тоа.
    Тоа е исто како да речеш колите,нафтените шкрилци се штетни а да не ги видиме позитивните исходи од тоа.
    Ако е така зашто се возиш во твојата кола,иако тоа е поголем причинител на болести од ГМО храната?
    Самиот чад што го испуштаат дизелите се канцерогени,а вие се буните за тоа што научниците сакаат да хранат 7 билиони луѓе и сакаат да променат неколку гени за да подобрат карактеристики на одредено растение или животно?
    Да се има негативни последици и ако јадеш премногу здрава храна ќе има последици во твојот социјален живот.
    Така да животот е балансирање,не мора да значи дека ако изедеш ГМО храна веднаш ќе добиеш рак,шансите за тоа да се случи се минимални.
    Имаше и статија колку е бенефитно тоа што ГМО и што направило за човештвото и што се потенцијалите.
    Не можеш да го игнориаш тоа.
     
    На kva и MarcheloGirl им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    На mil4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anna5

    anna5 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ПРОТИВ!!!
     
  4. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Против!
    Генетски модифицираната храна ја прават за сиромашните да ги „прехрануваат“ за да преживеат, но еве им го планот на лудаците:
    -Ќе даваат ГМО храна на сиромашните;
    -Во ГМО храната има производи кои се не само за бубачките отровни туку и за нас;
    -Тие ќе си имаат здрава храна;
    -Ќе исчезнат сиромашните и само ќе има „богати“.
    Ова е од моја перспектива.
     
    На whiteButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ова се конспирациски теории не факти.
    Извнини но знаеш колку се 7 билиони луѓе?
    Знаеш како тие треба да се прехрануваат?
    Ако можело со тие техники пред 100 години зашто никој не ги применува.
    Ако веќе се грижиш за твоето здравје оди во Окта и протестирај да стават филтер за помалку честички да се намалат.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што и можеби никогаш нема да се дознае за негативните последици од ГМО, нели освен шпекулации, а не сигурни извори кои би ги потврдиле негативните последици од истата, незначи дека не е штетна.
    Да, се е баланс, но не е исклучок некоја болест, можеби предизвикана од модифицираната храна, а ни тоа не се знае.
    Сметам дека човек не би требало да верува сигурно на позитивните страни, конкретно за ГМО, туку да размисли што всушност е најдборо за него.
    Ако се ослонувам на она што се пишува за тоа што ГМО направило за човештвото, тешко мене, со свој камен по своја глава работава.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Против ! Всушност јас сум против преработени производи воопшто.
    Човекот е суштество креирано од природата и треба да иде во ток со истата, зема енергија и материи за да преживее, едновремено и враќа со јаглерод или што ти јас знам.
    Едноставно е, немаме право да си играме "Богови" и да креираме нови светови .
    Ќе најде начин природата пак да направи баланс, ќе измутираме во нешто сосема петто ( на сите колку толку ни е познат терминот "Еволуција" и сме свесни дека се одвивала во склоп на адаптација кон промени )
    Мислам дека нема потреба да продискутирам околу животниот век на нашите пра дедовци и баби, до колку години истите живееле, и колкава им била потребата од лекари, дијагностики, апарати и терапии во споредба со нашето секојдневие.
     
    На sweet-star и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    ПРОТИВ!!!
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
  11. Eli100

    Eli100 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Генетски модифицирана храна во Македонија од октомври

    Здраво

    Дали знаете дека од октомври оваа година треба да се воведи законот кој предвидува дека во Македонија може да се одгледувагенетски модифицирана ( ГМО ) храна за животните. Тие животни ги јадиме ние, нивните млеко, јајца и месо. А сигурна сум дека и со оглед како се тргнало наопаку во оваа држава дека нема да останиме со тоа, и дека во многу блиска иднина многу тешко ќе можиме да најдиме нормално не генетски модифицирано семе.

    За тие што не знаат генетски модифицирани организми се организми кои во себе вклучуваат гени на растенија, животни, вируси и бактерии. Многу истражуванја ја поврзуваат ГМО хранта со зголемен ризик од рак, намален имунитет, намалена плодност, алергии и други болести.

    Во тек е онлајн петиција https://secure.avaaz.org/en/petition/Stop_za_GMO_vo_Makedonija
    против овај закон, ве повикувам сите да ја потпишиме, и да ја споделите share на фејсбук. Известете ги сите пријатели и блиски за оваа работа.

    Во последно време на интернет имаше некои интересни линкови против ова , некои од нив :

    http://mkrevolucija.com/revolucija-maga ... makedonija
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22967

    Истотака многу земји во Европа ја забранија ГМО како Франција, Германија, Бугарија, Грција, Унгарија. Зошто ние да го ризикуваме нашето здравје со ваква храна, другите земји се будали што забранија ?

    Други интересни линкови :

    http://www.facebook.com/l.php?u=htt...ciencia/ciencia_geneticfood36.htm&h=GAQHJTLo6

    http://www.naturalnews.com/037466_GM_food_global_elite_organic_gardens.html
     
    На sofijanoka и TheIdealMe им се допаѓа ова.
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Во Германија има ГМО и тоа на компирот мислам за индустриски потреби.
    Гледам за плодноста сите во САД се неплодни.
    Не можеш само да викаш дека ГМО е штетно а другите фактори не се.
     
  13. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    ПРОТИВ! ПРОТИВ! ПРОТИВ! :fubar:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.637
    Секако дека не би засадила и секако дека не би купувала ГМО храна.

    Големите компании кои произведуваат ГМО храна заработуваат милијарди од производството и секако тврдат дека е безбедна за конзумирање, ама научните истражувања го покажуваат спротивното.

    Пред некој ден читав една статија која ме потресе во која пишуваше колку е штетна ГМО храната, ама народот не е свесен за тоа. Јас внимавам што купувам, читам што содржи секој производ но сигурна сум дека има скриени супстанции кои не се напишани. Нормално, инаку како би им се трошеле производите и како би направиле профит? :?:
    Луѓето се залажуваат со изгледот на храната. Пример, кога ке појдеш во маркет по вкусни би ти изгледале големите јаболка без ниту една дамка на нив (за кој јас сум сигурна дека се генетски модифицирани), одколку оние кој не се толку големи и имаат дамки. Тоа ти е чиста манипулација со луѓето.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Информирај се од групава,доста е објективна и ориентирана на факти.
    Науката вели дека ГМО не е штетно,медијата вели нормално.
    http://www.facebook.com/groups/280492318756692/
     
  16. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Не знам до кога луѓето ке си играат со природата?! Зарем не им е јасно, малку пати ли ги има ударено во глава... таа е најјака, семокна... може ви звучи лудо но размислете дека ние сме создадени од таа природа и цел овој свет и се што создала е совршено, а каде и да се замешаат нашите прсти се се руши и тоа врз наша глава и глобално затоплување и уште што ли ке не снајде ако некои луѓе не си го сфатат местото. Може сме најпаметни на планетава, но од природата која има најјак глас, никој не е!
     
    На Gordana10 и Silver.E им се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Па токму заради тоа ГМО е добро.
    Помалку пестициди,помалку хербициди,повеќе род и помалку простор за одгледување на растенијата.
    Тоа во превод значи почиста природа и помалку јаглероден диоксид.
    А бидејќи ние сме топ предатори и ја користиме технологијата за подобрување на квалитетот на животот,имаме една цел да и го вратиме истото што она нас ни го дала.
    Само колку работи спасило генетскиот инжињеринг.
    Да бе бројам сега,но заедно со вакцините тоа се најдобрата технологија што спасила животи и го подобрила квалитетот на животот.
     
  18. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    ГМО е направено за ние да станеме робови на богатите! Богатите им продаваат семе на земјоделците, тие го одгледуваат зеленчукот, но во него нема семки, па тие за следната година пак ќе треба да купат ново семе и така богатите добиваат милијарди ејјј. А пак, има и гласини дека ГМО е штетно по здравјето. Ова дефинитивно не е на арно!
     
    На whiteButterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Самиот збор - генетски модифицирано - значи нешто да се менува во корен, како што е создадено од природата, од Бог...
    А, кој подобро знае од самата природа како треба да биде ?
    Никој...

    Да менуваш во гените...ненормална работа...
     
    На Annath и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Гласините се од радикални заштитници на природата,кој сакаат да не вратат во времето на амишите.
    ГМО е 10 % од вкупното производство.
    30 години скоро е на пазарот,а таков е капитализмот суров е,да не Самсунг или Apple подобар нешто?
    Фактот дека човекот на ваков или таков начин ги променувал животните и растенијата за негова потреба преку природна селекција,за да се подобрат карактеристиките на тој организам е приказна за еден Бог.
    Не гледам ништо лошо во тоа,се отвараат многу гранки за подобрување на квалитетот на животот.
    Една од нив е реплицирање на органи од стем клетки,потоа добивање инсулин преку генетски инжињеринг,само замисли колку било лошо порано да морале да убијат крави или свињи да се добие инсулин,ако тоа е лошо не знам што е мерило за тебе.
    Друго нешто што природата прави е секогаш се адаптира на условите што ги поминува.
    Некогаш ако имаш пари,отиди на Галапагос или погледни некој документарец од сер Атенбург мислам дека се викаше.
    Ќе разбереш повеќе работи,отколку од читање на касперовата книга :)