Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски модифицирана храна... ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kikikikirika, 18 јуни 2011.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Тоа што ќе кажам е дека секоја технологија има позитивни и негативни ефекти.
    ГМО има далеку многу попозитивни ефекти од негативни.
    Можеби најдобриот одговор е дека треба повеќе истражувања и се согласувам дека не знаеме долготрајните ефекти на човекот.
    Ќе видиме што ќе се деси.
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Треба да испиеш отров за да знаеш што ќе се деси ???

    И дете од на улица знае да ти каже што значи да испиеш отров !!!

    Самошто овој отров (гмо) те убива малку по малку, не наеднаш.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Веќе се десило, малку ли е што се повеќе здравствени проблеми имаат луѓето? Сметаш дека сосем случајно и од никаде се појавиле здравствените проблеми? Не е случајно што се повеќе е бројот на млади кои имаат хормонален дисбаланс, пример.Тешко е да се најде сосем здрава храна денес, а не пак да се рече дека ГМО имало позитивни ефекти.Треба да се пронајде суштината на појавата на болестите, која е причината, а што е страшно, токму еден од причинителите за појава на болестите е не здравата исхрана или подобро речено треба да се види што покажува медицината, а не што пишувало на нет за ГМО и неговите позитивни ефекти.Само изгледа тоа се занемарува.
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не знам како, но на пазар се нашле генетски модифицирани јаболки, и татко ми незнаејќи дека се такви ми ги донесе дома. Ух, сеуште не ми се верува. Пробав генетски модифицирано јаболко. Штом го пробав, по вкусот знаев дека ова не е природно. Имам јадено скроз природни, прскани против штетници, но вакви не. Одсега ќе си јадам само од јаболките што растат во село кај дедо.
    Вкусот, одвратен им е на овие. Уф, како можете да јадете ваква храна? Дури и по два часа во желудникот почувствував гадење, за малку ќе повратев. НЕ за генетски модифицираната храна
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Нема ГМО јаболко сеуште.
    Од каде знаеш истражи или само читаш по блогови.
    Луѓето имаат болести затоа што не внимаваат на себе.
    Седат дома затворени се на фејсбук,не се активни не внимаваат на исхрана.
    ГМО нема никаква улога тука.
    Животниот стил и те како има улога.

    Модератор
    : Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Луѓето имаат болести, но и заради храната.Колку што знам, не сите седат дома, па поради тоа да имаат болести.Така што, не внимаваат на исхраната, тоа е причината, знаеш и самиот, ГМО и те каква улога има во ова.Брза храна, газирани пијалоци, секому му е познато дека причината е не здравата храна и не би требало да се лажеме, со самото тоа што не си признава човек пред себе си, кој е клучниот причинител на болести и намерно не обрнува внимание да го промени начинот на исхрана, свесно си штети на себе си.Велиш дека ГМО нема никаква улога, а знаеш дека е тешко да нема модифицирана храна, како и тоа дека скоро секој ја внесува истата во својот организам.Само, знаеш како, денес се ќе му се понуди на човек од храна, дали со ГМО или без, човек бира што ќе јаде, со самото тоа си се сносат последиците.
     
    На Silver.E и Glasna им се допаѓа ова.
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Стварно ли? Епа не знам. Ама имаше нешто во тоа јаболко. Никогаш досега не сум пробала јаболко со таков вкус. Ухх..
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Генетски модифицирани се : пченката,оризот,памукот,тутунот,сојата и шеќерната трска.
    Има златен ориз збогатен со витамин Е.
    Земјите во развој имаат дефицит од витамин Е и затоа е направен.
    Храната е генетски модифицирана од времето на земјоделството.
    Разликата е тоа што е во лабароторија и е поконтролирано.
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Од каде знам ?

    Имам пробано ГМО храна и си осетив одма на мене.

    Човек кој е прочистен, одма осеќа кога нешто нездраво или лошо ќе касне. ;)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Дефинирај здрава храна и нездрава храна?
    П.С сега ќе добиеш рак на цревата од ГМО храната.
    Факт е дека храната е генетски модифицирана од пред 10000 години,не знам што толку се буните сега.
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Од 1983 (1995) до денес има поминато 10000 години? :o
    По се изгледа упорно мешаш некои природни процеси и хибриди (исклучиво од растенија) со мешањето на животински и растителни гени во лаборатории.
    Без проблем јадам плодови на калемената кајсија во дворот на дедо ми која е еден вид на хибрид, но во неа нема гени од бубашваби како кај "контролираното!?!?!" прозводство во лабораторија. Разликата е огромна, неспоредливо е.

    Се е во ред? :?: :^) |(

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ете колку имаш познавање за ГМО.
    Не се бубашваби,туку е БТ токсин ген од бактеријата БТ.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Bacillus_thuringiensis
    Кога ќе се стави тој ген не треба да се прска инсектициди и се намалува потрошувачката на ЦО2.
    Исто има и пченка отпорна на хербициди за да се зголеми crop yield.
    Така следниот пат наместо страв да воведуваш едуцирај се.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не ми ја сфаќаш поентата и џабе бараш влакно во јајце. Да сакав да коментирам за Bacillius thuringinesis ќе се изјаснев поконкретно ама ги кажувам работите во проста и општа форма без конкретизирање за да може секој да разбере (со ретки исклучоци).

    Ги негираш последиците по здравјето на конзументите на таквата храна и резултатите од досегашните испитувањата?
    И дали кога би имал можност ќе се храниш исклучиво со гмо храна?
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Секоја храна што е увезена од пилешко,млечни производи користат ГМО.
    Ти директно или индиректно јадеш ГМО.
    ГМО не е најдено дека е штетно во истражувањата е најден истиот заклучок.
    http://reason.com/archives/2013/02/22/t ... h-crops%20
    Тоа што е контроверзно е тоа што една компанија има права за едно семе што сама го направила и профитира од него.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За мене здрава храна е онаа која не му прави никаква штета на организмот, не го труе, не му создава токсини, тешкотии, не го прави да страда. (секако доколку се јаде во мера)

    Телото си има своја интелигенција, која често ни ја покажува за да го прочитаме. Телото умее да ни говори нас.
    Пример- пиеш многу ладно и те фаќа грло, пиеш газирано и стомакот ти се подува и наткрева, јадиш премногу јајца и имаш гасови. Во превод, телото ти говори- не пиј многу ладно, не пиј газирано, намали со јајцата, гледаш што ми се случува !?

    Човек треба да умее да си го чита организмот, да знае што му годи, а што не.

    Но, многумина се отруени со нездрава храна, па за нив здравата храна е блуткава, невкусна. Така е бидејќи си го пореметиле природниот вкус.

    **

    За гмо, постојат вкрстување со животни (жаби, риби, змии, бубашваби, дури и со луѓе!!!).
    Прво - јас сум вегетаријанка, значи не сакам во моето јадење да имам нешто животинско. Кој овде го почитува тоа кон мене ??????
    Второ - ако сакам да јадам змии и гуштери, ќе јадам, јас барам растение, а не вкрсени глупости !!!
    Трето - Да ги измениш гените на нормалното - треба да си налуд и ненормален !

    Јасно е дека ГМО е за пари (мал влог-огромни берби), и еве со години постои, а светот е уште погладен !!! Значи е мит (оправдание) дека со ГМО ќе нема гладни.
    Светот е уште погладен и поболен !!!
     
    На Gordana10 и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не добив одговор на моите прашања, туку јас сум јадела гмо..ок да така е, ако ми е "подметнато". :D .
    Свесно избегнувам и одбивам, се почесто детално се информирам за потеклото на храната, ретко купувам увозни производи и 100% ги избегнувам добро познатите брендови на храна кои потврдено користат гмо. Можам и без нив да се најдам :) . И онака претежно понудата им е нездрава храна без разлика дали е гмо или не е, а со тоа па бетер.
    Не гледам причина да ја заменам природната храна која не може никакви последици да ми предизвика по здравјето, со гмо која носи еден тон контроверзии зад себе.
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Не е мит,ако се вратиме на органско производство ќе се вратиме на 1850 година.
    Кажи ми како ќе правиш храна за 9 милијарди народ за до 2050 со органско производство?
    Органско производство има секогаш помалку принос од сите технологии.
    А што денес не е за профит?
    Органските производи коштаат 3-4 пати повеќе затоа што има органско на нив напишано...
    Хранта треба да е достапна за секого,не треба на нечив грб да се профитира.
    Ако толку органското е добро зашто не дадат семиња за светот?
    Монсанто дава повеќе од било која органска индустрија и тоа безпари не зашто се злобни зашто сакаат да помогнат.
    Секоја корпорација е злобна и гледа профит.
    Нема ниедна корпорација што не работи за профит.
    Затоа ќе имаш недостаток на одредени микро елементи што ГМО храната е богата со тоа.
     
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    StefChef, ја следам вашата дискусија и најискрено да ти кажам од што немаш соодветни одговори на поставените прашања и немаш што да кажеш повеќе за да го одбраниш генетски модифицираното ѓубре, почнуваш да пишуваш многу непромислени работи.

    Читам викаш дека `Монсанто дава повеќе од било која органска индустрија и тоа БЕЗПАРИ, не зашто се злобни, зашто сакаат да ПОМОГНАТ` а малку подолу се изјаснуваш дека `Нема ниедна корпорација што не работи за профит` - со кое се сложувам.

    Епа, ај размисли малку ЗОШТО Монсанто дава повеќе од било која органска индустрија и тоа БЕЗ ПАРИ, каде е нивниот ПРОФИТ тука, и можеби клучното прашање - ВО ШТО ПОМАГААТ?
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Кажи ми која храна не е генетски модифицирана?
    Без разлика на технологијата.
    Тоа е исто како да споредуваш тастатура и машина за куцање.
    Иста функција подобра технологија.
    П.С органското производство има повеќе профит од Монсанто.
    Што ги прави тие подобри?
     
  20. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Стеф, со кој зборуваш? На мене ли ми се обраќаш?

    Прво, никој не кажа дека тие што имаат поголем профит се подобри, за да ти споредуваш тука органско производство со Монсанто и прашуваш за нивниот квалитет базирано на профитот што го изгугла, но очигледно не го сфати моето прашање.
    Не е поентата во тоа кој има поголем профит, туку дека секоја компанија работи за ПРОФИТ, а штом паднатиот ангел Монсанто дава за БЕЗ ПАРИ на земјата, каде е нивниот ПРОФИТ тука? Да, донекаде е точно дека ПОМАГААТ, но ВО ШТО? И штом немаат профит, треба да се запрашаш ШТО стои позади маската на овој хуманитарен гест од нивна страна?

    Друго, не знам што ме прашуваш да ти кажам која храна не е генетски модифицирана и како го поврза прашањето со темава?
    Ниту темата гласи “Која храна не е генетски модифицирана“, а уште помалку има допирна точка со прашањето што ти го поставив и никој не спомна дека дефиниција за “добра“ храна е профитот на компанијата што стои зад производот.
    Не разбираш, или немаш што да кажеш?
     
    На Priroden, Glasna и do-re-mi им се допаѓа ова.