Имаме испитувано со сопругот, мала е веројатноста да е таму проблемот ама е основно нешто кое треба да се направи, бар по она како јас гледам на проблемите. Не мора ист ден, јас ги замолив да не боцнат заедно, ама не сакаа додека не отиде со упат од негов општ матичен лекар, кој секако ќе го донесевме, заради земање на резултатите во исто време сакав, сепак во исто време ги сработија
Што ти рекоа? Има ли пречка за бременост? Не ми е јасно, као PAI скоро сите го имаат ама немало потреба од терапија ако дојде до бременост..
Јас имав 2 спонтани, пред ова и сега сум бремена 3 пат. Природно останувам немам проблем. За паито ми е кажанодека треба пред бременост зелен чај да се пие, што го пиев и ми беше препорачано да намалам на тежина имав околу 73 кг, со 167 см висина. После спонтаниот се пазевме 4 месеци. 6 месец одма останав бремена. Во консултација со хематолог, имунолог, ревматолог, трансфузиолог и гинеколог ми е препишана следнава терапија. Аспирин 100 секој 2 ден, б12 метилкобалмин, метилирана фолна, витамин ц, д, е. Омега е пред тоа пиев и coq10.,nac. На позитивен тест одма клексан. Од реуматолог ми беше препорачано и плакенил заради покачена афа. Се надевам дека помогнав.
Е ајде сега некоја што знае што точно треба да испитам? Имав многу тешка прва бременост, со крварење и хематом, во 6 месец го изгубив бебето, после тоа направив испитувања, торч и на трансфузиологија цел пакет, за ддмери и за мутации. што друго треба да испитам? Втора бременост сега, влегов во 3 месец, се боцкав клексани, сеа фраксипарин ке почнам, стабилна е ситуацијата моментално, хематомот намален од 4цм на помалце од 1цм, ама пак не сум раат, да не треба уште нешто да проверам?
Dali piese aspirin vo prvata bremenost? Mene aspirinot mi napravi hematom pred bremenost isto I na punkcija po greska dupnaa hematom I krv imase kolku sakas pa mi stavaa intravenski antibiotici da se spreci infekcija. Ti dijagnosticiraa li trombofilija? Zosto ti prepisaa kleksan?
значи во првата бременост ни испитувања ни нито немав направено торч и тромбофилија само брисевите. Витамини за трудници и фолна обична, ама кој да знае дека друг бил проблемот. По све прочитано јас знаев што е проблемот, а докторите ме убедуваа дека не е тоа. Бидна што бидна поминав низ пекол, ги направив испитувањата, да дијагностицирана ми е тромбофилија. Сега вторава бременост, прокрварив на почетокот, прекинав аспиринот одма, почнав со клексани и еве сега за сега добри сме, односно одкога примам клексани ни капка крв немам видено и хематомот се намалил денес имав контрола бебче ужива, на ултразвук со рачиња под глава, и прекрстени ноџиња конечно можам да кажам се смирив малце...
Клексани ми препишаа превентивно, сега пред скоро месец испитував ддмери и хемостаза на крв, не ги разбирам резултатите, за да ги прочитам, но и матичната и специјалистот што ми ја води бременоста, ми рекоа дека иако ми се резултатите добри сега, морам превентивно да примам клексани. Сега за недела дена ке проверам пак ддмери и хемостаза, ке видиме што ке ми кажат. Како и да е, знам дека цела бременост ке си се боцкам,
Aspirin ne e za site , ne site imaat potreba od aspirin a nekoi bez nego ne mozat. Jas znam Edna koleska posle 9 spontani abortusi samo so aspirin I metilirana folna rodi zdravo devojce I sega pak e bremena a jas od aspirin krvarev I sega sum samo na clexane nemam krvarenje se e super I bremena sum sega za sega se e ok. I mene konacno posle 8 godini me dijagnosticiraa so vrodena trombofilija I eve prv obid so clexane bremena so bliznacinja
I I mene d dimeri hemostaza se e ok, ama mi Kaza hematolog obavezno bez Prestan kleksan pred punkcija, bremenost I 6 nedeli posle poroduvanje bez razlika na rezultati nikako da se prestane kleksan
Здраво феминки, сега ги добив резултатите за мутации, па ве молам некоја да ми каже мислење за ова: MTHFR C677t : хомозигот. Другите се сите немутиран, па претпоставувам тоа е ок. Следната недела имам закажано кај мојот гинеколог, ама да знам отприлика што значат резултатите.
Samo 5 geni ispitani , nemoze da se odredi zaklucok dijagnoza dodeka ne napravis celosno ispituvanja. Moze imas heterozygot na drugi faktori, PAi. Taka da jas po nitu eden slucaj ne bi prifatila vaka dijagnoza na slepo bez barem 17 geni na vrodena trombofilija ispitani.
Mene bas vaka me zaebaa 10 godini of zivot patenje vo stranstvo mi ispitaa 2 geni (factor v I mthfr) I mi Kazaa nemas trombofilija I jas teraj samo invitro po invitro neuspesni. Koga stignav vo makedonija Koco dimitrovski me dijagnosticira so vrodena trombofilija I posle ispitav se bukvalno se. Te Molam napravi celosno ispituvanje!!
Jas ispituvanjata na transfuziologija sto gi pravev, me kostaa okolu 2300 preku fond. Na privatno vo drzavna toa ide okolu 23000. Valjda site ispituvanja mi gi napravile?
Izvini jas duri sega ukapirav odgovor od druga clenka. Najverovatno ti ispitale pravilno oti si na clexane Ali ako sakas da znaes za sigurno prikaci slika ovde I site ke ti pomogneme so odgovor. Pozdravche
Јас ова на своја рака решив да испитам, не дека ми препорача доктор. Читајќи овде сватив дека мутациите се сериозна и честа пречка во бременоста. И бидејќи не сум од Скопје и не знам како оди закажување термини за клиника (а и не ми се оди таму со оглед на хаосот со ковидот) побарав каде ги прават во приватните лаборатории. Па најдов само во Авицена дека испитуваат мутации за тромбофилија. И тоа само овие 5 ги испитуваат. Ама штом така,ќе мора да ги испитам сите. Фала многу за советот.
Земи упат за во ману, ем немаш гужва ем 450 денари ќе те фати се. Зашто да даваш толку пари во приватна
Во Ману мутации се испитуваат со упат од матичен гинеколог и дали за таму треба термин да се закаже преку Мој Термин или како оди тоа? Еднаш ја прашував мојата матична ама не беше воопшто запозната.