Здраво другарки...сакав да ве прашам дали некоја од вас што веќе е породена,а примала клексани(фраксипарини)во бременост...ги примавте до сам пораѓај или претходно ви ги прекинаа?!Или дали тие што примате имате инфо до кога ќе треба?Гинеколозите ми викаат да се прекине,а трансфузиолог да си тераме до крај,па и 2 недели после пораѓај здравје.
Кон крај на 3 месец почнав со по еден клексан на ден од 0.4. Јас ги прекинав две недели пред закажан царски, инаку ќе ги прекинев во 36 недела ако требаше да се породам природно. После пораѓај ги примав уште две недели. Се ова по препорака од др. Бранко Поповски. Се препорачува прекин кон крајот за да се регулира крвоток и избегне непотребно зголемено крварење за време на пораѓај.
Здраво Чупиња Имав 2 спонтани абортуси и сега сакам да ве прашам што се опфаќа панелот за неуспешни бремености за да и кажам на матичната да ми даде упат. Фала ви Поздрав
Jas ne sum vo Makedonija, mi pocnaa so Fraxiparine od denot koga pocnav so stimulacii i mi rekoa da stavam do kraj + 20 dena posle poragaj, samo na denot na punkcija ne staviv.
Истп и јас имав, прво земи си еден упат за во ману панел за неуспешни бремености. Закажи си термин на трансфузиолог па ќе ти каже уште што треба да се испита. А можеш и на трансфузиологија д аиспиташ генетски мутации, афа, Ана, лупус
Матичната не можи да ме закажи нема термин, не знам на приватно каде можам да испитам afa,ana, lupus i mthr+fr. Ако знаете да ме насочете и од прилика која бо била цената Фала ви
На Имунологија имаш термини за овие испитувања. А за панелот во Ману е без термин, но истите мутации и на Имунологија се испитуваат.
Извини да не те разберам грешка значи тие испитувања можам да ги направам и во ману и на имунилогија? Само матичниот гинеколог да ми даде упут за ману или термин за имунилогија? Извини за малтртирањето
Во Ману има панел со кој се испитуваат 9 генски мутации за тромбофилија (меѓу кои fV Leiden, fII, fXIII, PAI, fG, MTHFR). Со упат е 450 ден. На Имунологија се испитуваат истите тие генски мутации и уште неколку други и плус таму можеш да ги испитуваш и антителата (АNA, AFA и уште неколку). Со упат, антителата се околу 700 ден, а генските мислам околу 1700 беше.
Se porodiv sega pred 1mesec ...transfuziologot ( dr.Jani) imase pisano vo izvestajot 24casa pred carski da se prekine, doktorot vo Sistina mi rece 48h prethodno da prekinam.
Девојки, Дали некоја била кај Др. Јани без термин и ве прими? Исто ве молам за искуство, кој друг трансфузиолог е добар? Не се начекуваат термини за трансфузиологија, хаос е
Оди кај Нино во Систина, додека да стигнеш до државна јани, Елена петкович, Елена ристеска тие се подобрите