Ако закажуваш лабораторија неможеш на трансфузиолог ...инаку кај него со упат од општ матичен со шифра за варикозни вени
Да, евентуално можеш само ако трансфузиологот те прати за лабораторија...а ако земеш упат за лаб од матич.гин.прво треба да направиш лабораторија па да закажеш за на трансфузиолог
Извини што упаднувам, и јас се пронајдов во приказнава скрос исто два неуспешни трансфери и сменив доктор одма биопсија и две бактерии и покачени леукоцити, пиев терапија па оставивме контрола од септ пред трансфер кога ќе се спремаме. Дали другарка ти испита што е како е и дали направи трансфер?
Не е проблем мила. Инаку сега заврши со антибиотикот за бактеријата и исто оди кај матичната ја мие (ја плави, ја испира…. незнам како е зборот точен) на одреден период (пример на недела). докторот и рече за точно месец дена да направи нова биопсија и да види дали е се чисто. Трансфер откако ќе собере се (имунологија, трансфузиологија) и кога ќе заврши со бактеријата на матката Се надевам објаснив некако ***едит- да не заборавам, неуспешните следеа после прв успешен со близнаци кој заврши со спонтан во 6ти месец. Се тоа кај ист доктор
Да да фала ти, и јас прв пат слушнав за вакво нешто пошто само брисеви за бактерии правеме а таму секогаш чисти ми се и како спомна докторот дали се секогаш вака чисти и му викам да, и испадна по неговата сумља. Искрено среќа што сменив доктор во претходната болница пак трансфер ќе ми правеа одма следен циклус, а јас инфицирана матка и да дошло до имплементација е така може спонтан да се случи Фала ти уште еднаш
За јани ќе отвориш некаде 5 до 10 август за да бркаш термин за септември кој ќе ти го издаде општ матичен,за лабараторија башка д димери хемостаза упат од гинеколог
Девојки, кај паи, зошто кај некој во резултатите стои 675, кај некој 820-817, кај некој 816, не памтам, ама различни бројки? Има различни мутации на паи или што може да означуваат бројките? Фала
Кај кој доктор одиш сега, јас имам 2 спонтани абортуси и уште неможам да најдам асален доктор што се ангажира околу пациентот. Инаку како се прави таа биопсија? Имаше некакви симптоми?
Кој доктор ја води сега? Јас првоат слушам за вакво испитување, никој ми нема спомнато, а имав 2 спонтани.. како се зима таа биопсија?
Трајковски. колку што знам е зимање на брис од матката и се испитува. Верувам тие што знаат подобро ќе објаснат
Сега се префрлив кај Трајковски, а биопсијата со тенок катетар во матка и со шприц на врвот фактички ја вшмукува матката и се собира во катетарот течности и парче од матката излезе мало, болка минимално имав како слаба менс болка ништо страшно, јас имам и класична биопсија правено ради цин таа е мн поболна ова не е ништо. Симптоми ништо немав дури и брисевите секогаш чисти ми биле, се посомнева ради неуспешните два трансфери бидејки немам др проблем освен тубите, и поради хпв вика хпв како хпв секогаш носи со него и други инфекции и така излезе. Се надевам ти помогнаб
Јас бев 2 пати кај трајковски (во Њуборн ако за истиот збориме) и да ти кажам воопшто не се посвети, беше многу отсутен за време на прегледот, не ми даде никакви консултации плус од тоа што го знаев, само ме прашуваше што рекле другите доктори... мн добри работи читав за него по форумиве и после првиот пат бидејќи беше консултација, викам ај да дадам и втора шанса на преглед... амаа уште по отсутен... ми кажа да дојдеме со партнерот, а ништо не го праша ни за здравје, ни за начин на живот ниту спомна дали треба и он да прави испитувања.. јас го прашав за спермограм и ми вика, да да треба... зборовите со клешта му ги вадев... а му имав кажано дека имам хпв..
Стварно незнам јас од Стварно незнам јас од прво одење ова беше и ептен позитивно ми влијаеше мене, тоа е муабетот дека за секој е различно не кај секој кликнува истиот доктор. Во ремедика оваа процедура воопшто не ја ни прават а јас само на трансфери ќе си идев со инфицирана матка и леукоцити качени незнам колку ми беа
Здраво девојки, Ве молам за помош. Во прилог моите резултати од муатции дали некој се разбира да ми каже што значат додека да дојдам до трансфузиолор. Фала Ви многу однапред
Kolku sto jas razbiram factor 13 homozigot znaci vrodena trombofilija I definitivno ke ti prepisat kleksan I daj boze da imas uspeh kako mene od prv obid so kleksan da ostanes bremena , a za ostanatite mutacii metilirana folna I b12. Dosta ne ima so mutacii, izgleda dosta normalno za naseto podnebje , se sekavam koga Dr Koco dimitrovski mi objasnuvase kolku e kriticna hemostazata za implantacija I za celata bremenost I navistina vo pravo bil. So sreka cekame dobri vesti nabrgu so pravilna terapija sekako so transfuziolog sledenje
Јас во моментов сум бремена 9+ недела и по мое инсистирање ги направив и ова се резултатите. Се надевам се ќе биде добро. Фала многу на одговорот