Дали ги правеше во државна болница? За колку време ти излегоа резултатите? Дали упутот ти гласеше за лабараторија на трансфузија или за кај одреден доктор? Колку плати? Извини за многуте прашања, но јас сум 9 недела и мене ми го препорачаа ова испитување за кое прв пат слушнав.
Да во држвна на трансфузиологија, резултати за 7-10дена. На упатот пишуваше високоризична бременост, беше наменет за Трансфузиологија лабараторија и на него пишуваше да се испитаат димери, хемостаза и мутациите. Димерите и хемостазата ги земав истиот ден, а мутациите од 07-10 дена. Немав симптоми ни ништо за ова испитување но сепак го направив и испадна дека имам мутации и сега сум на Клексани. За плаќање ништо не се плаќа бремени не плаќаат ни партиципација, значи ни денар не платив. Среќа што проверив
Од која фолна земате од 1000мг ама да не e на now не ми треба за 3 месеци, месец за месец ми треба... само од оваа ми нудат.
Зошто месец за месец? Имаш во фемибион ама мн малку има метилирана фолна. Евентуално на Џејмисон да видиш дали им е метилирана.
Бидејќи сум веќе 29+ да не фрлам пари не потребно за 3 месеци паковка, а ми треба чисто само фолна, не со додатни витамини..
Да така фактички ќе треба по 2ипол да пијам за потребната количина од 1гр... ќе видам што ќе направам си реков има некоја друга да понудите тука..
Dis 2 недели мене ми стигнааметлиранат фолна треба ја пиеш до крај така за два месеца ќе ти биде таман https://www.iherb.com/pr/jarrow-formulas-methyl-b-12-methyl-folate-lemon-100-chewable-tablets/69333 eве јас ова со б12 си г имам и ме тера ама е од 400
На почетокот пиев од 1000мг, после тоа матичнава рече не пијај, па нареден преглед пијај ама од 400мг, а сеа некни бев кај докторот на контрола ме праша му кажав не вика ќе зголемиш доза допијај ги тие 2×400 па земи од 1000мг.. ќе видам како ќе измислам, Ви благодарам на сите
Zdravo Sakam da ve prasam dali nekoj od vas so ovie mutacii primale kleksan vo bremenost? PAI-1 5G-4G MTHFR C667T MTRR A66G MTR A2756G
Јас ги имам овие мутации плус и некои други и ми дадоа клексани, метилирана фолна и метилиран б12. Консултирај се со трансфузиолог, секој случај е различен
Istoto I mene mi go dadoa metilirana folna, metiliran b12 I kleksan. Zosto pred da doznaam za mutaciite imav dva missed abortus. I sea maticniot ginekolog mi rece deka moram kleksan osven ovie drugite dve no koa otidov na transfuziolog nekako mi bese neodlucna 'ako ti kazal ginekologot da primas ke gi primas sepak oni resavaat' I taka nekako se isplasiv ama pocnav da se bockam. Zosto sakam se da bide vo red ovoj pat
I jas imav missed abortus, Imam mutacii na pai, mtr I mtrr I plus uste nekolku I so kleksan terapija teram 5 mesec bremena so bliznacinja. Izgleda na naseto podnebje ima golem broj na genetski predispozicii za trombophilia I ni pravi problemi no jas sum ednata od mnogu ovde ziv dokaz deka so kleksan pravilna terapija problemot se resava ! Cekame dobri vesti !!