Daj Boze kaj site se da bide dobro, jas prvo se plasev da primam kleksan neznaev kako ke mi deluva, zosto vo princip sum panicarka, ama sfativ deka moram I za sebe i za bebeto da se bockam. Fala ti mnogu sto go spodeli tvoeto iskustvo.
И јас сум од денес со клексани. До вчера бев со аспирин, ама се изборив да најдам трансфузиолог, гинеколог и извештај во кој пишува Терапија 0.2 мг клексан х1 и аспирин 100 преку еден ден. И добро што се растрчав, водена од интуиција и вашето знаење и искуство тука (матичниот гинеколог и гинекологот кој го пишуваше извештајот сметаа дека нема инфикации) затоа што за 7 дена ми рипнаа ддимерите од 500 на 1000. Брз процес е изгледа, не е шала
Koja doza kleksan primate? Jas sum 8ma nedela so 40 mg kleksan i mi se pojavi kafen sekret koj me plasi deka e krvarenje, neznam dali e od kleksanot , vcera pocnav so dabreston 3x1 ,dali imal nekoj slicno iskustvo?
Kleksan Jas sum na kleksan 60 dnevno, nemam krvarenje nisto se e super, ama koga bev na kleksan I aspirin togas imav krvarenje. Aspirinot predizvikuva krvarenje mnogu cesto? Ako si na aspirin??? Najverovatno ke ti go stopiraat
Кафен исцедок е стара крв. Ако е свежа консултација со гинекологот. Ваков секрет се јавува во прво тримесечие матката се уште се чисти. Имаш терапија дабростон секако покриена си.
Здраво девојки, доколку можете да ми помогнете, во прилог ви праќам резултати од моите анализи, ако некој се разбира ве молам да ми пишете дур не стапам во контакт со трансфузиолог. Ви благодарам
Ти благодарам многу, да ти кажам изморена сум исто како и сите овде од овие работи. Имав еден мисед абортус а втората бременост ми беше се океј и идев и на прегледи цело време и кога го родив утврдија дека има вродена срцева мана за која треба 3 операции и си почина после 6 месеци и некако ми е страв повторно да не се повтори нешто не знам. Секако ќе побарам термин кај некои од овие двајца од општ лекар, се надевам дека ќе фатам некој термин.
Kako farmacevt I napaten pacient koj vo nekolku drzavi bukvalno nema kaj ne bevme I pravev ispituvanja I neuspesni invitra sekade poveke od 10 godini golgota ( 1 missed abortus) I eve so kleksan prv obid bliznaci blagodarenie na kleksan moze da Kazam deka hemostazata I te kako e bitna za uspesen pocetok I razvoj na plodot, procitaj te Molam ima od Dr Jani Angelovski objasnuvanje za anomalii kaj novorodeni deca zaradi abnormalnosti so koagulacija kaj majkata a kaj tebe plus potrebna e metilirana folna za da pravilno se razviva I hrani plodot. Jas veruvam deka deneska e ubav den za tebe oti konecno imas odgovor za tvojot problem I veruvam ke go resis lesno so kleksan i metilirana folna I sekako dobar transfuziolog i ginekolog da te pratat! Jas ne veruvav deka posle dijagnoza ke ostanam bremena ama ete imalo I dobri doktori kaj nas I toa za mene najdobri na svet ne samo vo mk !!
Фала ти многу на одговорот и дај боже се да си биде во ред, секој со својата тежина но се ќе биде во ред не треба да се губи надеж. Сакам само уште нешто да те прашам метилираната фолна од кога се почнува да се пие, од кога ќе дознаеш дека си бремена или од претходно?
Metilirana folna e potrebna najmalku mesec dena pred bremenost I e najkriticna za zemanje vo prvite 3 meseca od bremenost koga se formira neuralnata tuba (kicmata,kosken mozok) a moze da se prodolzi niz cela bremenost. Mozes da pocnes od odma so metilirana folna koga se obiduvate a kleksan zavisi Dali ti treba invitro ili ne, ako ostanes bremena na Prirodno odma na prv pozitiven test se bockas nemoj da odolgovlekuvas nikako a ako si so invitro jas mislam najdobro e mesec dva pred invitro
И јас сум со мутации на гени, ако вратиш некоја страна поназад ги имам споделено (не ги памтам, нит сакам да ги памтам). Имав една нормална бременост, со здраво сега 5 годишно дете, па имав мисед абортус после 3 години, и кога ги испитав овие гените ми препорачаа (другар доктор, исто паталец по сопруга) да пијам минимум 3 месеци метилирана фолна од 1000 (на now, ја има во аптеки, скапичка ама после можеш да си порачаш од нет) и аспирин од 100мг. па да се обидуваме за бременост. Продолжив да пијам и во бременост, која се случи 6 месеци подоцна (во кој период пиев метилирана фолна+аспирин). Пс. Никој не виде пренатално срцева маана на плодот? Имај позитивни мисли, нѐ дробат ваквите случки и само некој кој ги осетил на своја кожа ги разбира. Ама имај верба во своето тело и интуиција, барај 2ро, па 3то мислење ако треба и да читаме успешна приказна наскоро.
Жал ми е за секое искуство што сте морале да го поминете. Иначе никој не виде, ја идев глупо е да кажувам пошо секој човек има друго искуство со некој доктор, ја идев кај радица бојчева нонстоп и на скрининг кај неа цело време и не е некоја ефтина ама не е скапа ама нема врска она треба да каже не го гледам убаво срцето појди си на преглед детален за срце плус идев и во државна кај адела таа и ме пораѓање и кога го родив не ми го донесоа 1 ден следниот ден дојде чадиковски и утврдија дека има комплексна срцева мана со 3 операции и го однесоа одма во систина. Си беше се океј до 6 месеци после втората операција почина, многу има бебиња што се раѓаат со срцеви мани следев и во Америка самошто таму е 40 години понапред од нас и некако се е полесно не знам. Ама ако треба така да се деси ќе се деси, не губам надеж ама страв ми е да останам бремена ама ете го препродувам тоа некако. Ќе си закажан на трансфузиолог, сега закажав за дидимери и хемостаза па ќе видиме, може уште одма и да почнам да пијам метилирана фолна. Фала ти секако за советот
Ако треба така да се деси ќе се деси, се сложувам, сте преживеале многу. Но, нема откажување, мене ми рекоа да не "копам" зошто ми се случил абортусот, ама јас не послушав. Така дознав за мутираните гени, и сега кога знам за себе и многу во моја околина се пријавуваат дека имале некоја мутација на гени, примале клексани и др.. И сѐ ова во последниве неколку години. Релативно нов феномен е изгледа кај нас, ама среќа имало и кај нас уште по некој добар доктор и за среќа форумов кајшто има идни мами кои собрале знаење и искуство како докторки
Да дефинитивно значи не можам да разберам докториве сам ако не си ги отвориш очите нема кој ни доктор не ти кажува ништо мене мн ми беше жал кога се деси се тоа зошто не откриле и некој пат се кривев самата себе ај ќе биде се добро јака си ова она ќе ја издржиш бременоста има еден куп бебиња здрави живи и ете, ама џабе ако се криви самата себе само ќе тонеш доле и тоа е тоа, првиот мисед бев и млада и некако ни се деси тоа неочекувано немаше одма срцева акција значи не беше да има па да нема одма немаше и си викаш ај не е страшно ама кога се деси со другото деф е нешто, ама тоа нека ги проживее овој горе докторите што се вистински доктори во било која област и тоа е тоа.
Јас сум на одмор, и веќе сигурно станувам досадна со постови Ама, денес ми стигнаа долгоочекуваните витамини, читам пак што има ине сум сигурна дали да ги пијам.. оваа бременост ме направи од сѐ да се плашам шо викате, добра формула ли се? Кој ги пие и како сте задоволни?
Тие се. Фала @ivani30 секогаш од помош ме збуни витамин К и витамин А, обично ги нема во нашите пренатални формули