Термин ќе ти треба после за кај трансфузиолог откако ќе ги земеш резултатите...сега ти треба лабараториски упат
Моментално нема термини на Трансфузиологија, да не е тоа причината што викаат дека не можат да закажат. Инаку јас во јануари испитував со упат од матичен гинеколог и на Трансфузиологија и во МАНУ. И на Имунологија исто може да се испитуваат, со упат од матичен гинеколог.
Нека ти закаже матичниот гинеколог на МАНУ. Мене сите што правеле+медицински лица од доверба ме упатуваа на МАНУ како најрелевантни за генетско испитување.
Мене без проблем ми даде матичниот гинеколог, упатот гласеше за лабараторија Скопје 1 на трансфузиона медицина.
Ne davaat uput ,mojata poranesna maticna ne mi davase uput so izgovor deka tie ispituvanja ja cinele drzvata mnogu skapo i deka trebalo da imam 2_3 spontani za da mi dade uput da ispitam ,velese sto ke bide so bolnicava ako sekoja zena odi da ispituva ,zatoa i ja smeniv podocna ,otidov kaj opst maticen lekar koj mi dade uput za internist vo bolnica,a internistot mi dade uput za transfuziologija i tamu na salter mi gi pisaa site ispituvanja i se proveriv ,a dokolku ne uspees da dojdes do uput otidi vo avicena imaat paket ispituvanja trombofilija (pomal panel e ,no gi sodrzi mthfr ispituvanjata koj se najbitni 3000 den e)
Ne se mthfr najbitni site 12-17 geni se bitni. Mthfr samo metilirana folna terapija a so drugite moze da se promasi vrodena trombofilija I kleksan sto bese bas slucaj kaj mene vo stranstvo me zaebaa 10 godini od zivot oti mi ispitaa samo factor 5 I mthfr I jas teraj 10 godini neuspesni invitra, grdni pari potrosivme , zdravje izgubiv , stres moze da zamislite.. bev kako ziv mrtovec...ve Molam ako imate neplodnost, spontan abortus, neuspesno invitro ispitajte gi site geni I ke znaete Dali vi treba terapija za trombofilija ili ne. Ve Molam nemojte kako mene da se kockate na sreka I da vi zaebat godini nepovtatni, pari, zdravje, se...
Како бе не дава...зошто ни одбиваат здравство...на приватно којзна колку би коштало ...пробај со општ матичен некако
Смени го матичниот гинеколог. Релацијата доктор-пациент треба да се заснова на доверба, ако имаш загриженост за своето здравје треба да те ислуша и да ти помогне, а не да искажува свои ставови како Што ако сите сакаат да си проверат.. Ако си немала спонтани, искрено можно е да имаш нормална бременост и со мутирани гени, јас за првата бременост не знаев дека имам вродена тромбофилија и истерав нормална бременост без клексани и аспирини, со нормални димери и обична фолна, со обични пренатални витамини. Немав никаков проблем а вродената тромбофилија сум ја имала. Најверојатно сум имала среќа. Конкретно која е причината зошто сакаш да испитуваш мутација на гени?
И мене ми викаа нема потреба, па упорно инсистирав и среќа ги направив во втори месец и испадна дека имам тромбофилија и сега примам клексан. Приватно се прескапи, неможе да не ти дава упат. Они не даваат бидејќи мора да наведат причина и се ограничени колку смеат да дадат. Ако си бремена нека ти пишат високоризична бременост, а ако не си нека пишат стерилитет. Не е битно што ќе пише битно е ти да си испиташ. Се прават мутави како да незнаат како треба
Obavezno pravilno napravi gi site testiranja I za vrodena I za steknata trombofilija. Neuspesni invitra I te kako se indikacija za testiranja na trombofilija. Od takvi zaostanati doktori , koi em ne razbiraat, ne se strucni vo ovaa oblast stedat pari na fond samo steta moze da ti na pravat od takvite air nema begaj od takvi. Pozdrav I ne se predavajte lavici za se ima resenie !!!!
Јас имав 3 годишно дете, ама заради мисед абортус ми пишаа во упатот Стерилитет. Еве линк како да го најдат генетското тестирање за МАНУ (не е далеку од умот и да не знаат како да закажат, а да се многу самоуверени да прашаат) Анализа на ризик фактори за неуспешни бремености http://manu-icgib.mk/aplikativna-dejnost/10/genetski-testiranja
Bukvalno ruski rulet e trombofilija I I uspesna bremenost bez terapija, Kaj nekoj ke rodat zivo zdravo bebe, pa posle missed abortus, neplodnost ili neuspesni invitra kaj nekoi brzo ke ostanat Bremeni pa abortus posle rano ili kasno , Kaj nekoi voopsto nema ni bremenost...kaj nekoi gubitok na plod vo 8-9 mesec...kaj nekoi anomalii na plod I bebe....kaj site razlicno Ali terapija fala mu na Bog ima za uspesna bremenost,fala na site sto delime iskustva ovde ima mnogu iskustva spodeleni pa idime na prav pat inaku ke tapkavme so prazni race, prazni zivoti...
Izgleda normalen rezultat, nema vrodena trombofilija. A za steknata trombofilija pravese ispituvanja?