Зависи и зошто е неплодноста. Ако нема јајцеклетки или деформитети ако има или сперматозоидите ако не се нормални нема зошто да се прават генетски мутации. Во сите случаи не се прават генетски испитувања за тромбофилија.
Не кај двајцата е се во ред но до бременост не доаѓа Но јас незнаев дека не ја испратиле досега да испита мутации и други работи. Искрено се запрепастив и се надевам сега ќе си испита се и конечно ќе си се израдува со две ||.
Јас во Систина се породив и тројца доктори, Димчев, Дракулевски и Кацарска, она ме породи, истото ми го кажаа. Нема потреба од испитувања, механичка грешка при развој. Пап тест, брисеви и обиди за нова бременост после 3 месеци. Затоа реков се ова што правам е на своја иницијатива.
Of lele, mene 13 godini od zivot mi zemaa, mi pominaa godini vo stres, pa na periodi I depresija sigurno I porano napisav bev kako ziv mrtovec, site pari so maz mi gi trosevme po ispituvanja, doktori, speciajalisti, invitra, 300 cuda od terapii I nikoj ne posoci pravilno da se ispitaat genetski mutacii, mi ispitaa samo 2 geni vo stranstvo a vo mk ispituvaat 17 geni I nemase nikogas da otkrijam problem vo stranstvo ( najskapi kliniki i najglupi doktori na svet !!!) A ete vo mk otkrivme problem konecno I blagodarenie na kleksan Sega sum 32 nedeli so bliznacinja. Ne site doktori se dobri, dobrite doktori se retki barajte gi najdobrite ne gubete vreme I pari na nesposobni doktori!!
Каде се прави вакво испитување? И дали оди на приватно или со упат, како се закажува? Првата бременост имав плод со аномалија, абортирав и баш после тоа кога сакав да почнам со вакви испитувања (самоиницијативно од тука што читав по форумот), истиот месец почна пандемијата и останав бремена. Мојот матичен гинеколог не се замараше и не сакаше да ми даде упат за трансфузиологија да испитувам мутации (зошто сметсше дека немало потреба- тоа се правело кај спонтани абортуси), па извадив од општ матичен, но на трансфузиологија ме вратија бидејќи морало од гинеколог, па не испитав. Самоиницијативно си пиев метилирана фолна, бременоста си помина уредно, освен на почетокот двапати крварење што имав но сѐ после си беше онака школски. Сега ме копка пак дали да правам испитувања за здравје Боже, следна бременост.
Имунологија малата зграда, зми упат за мутации, од таму кај Др. Петличковски и ќе му кажеш дека сакаш типизација, резултати чекав 1 м ама вредеше
Не секогаш се потребни овие испитувања, имаше мн убаво објаснување во вонтелесно за овие испитувања кога се прават и кое за што е и зошто нема потреба секогаш да се прават. Инаку јас колкушто сум запознаена, овие сметаат да се износи бременоста, а не да се забремени. Можеби грешам. Тоа испитувањето ХЛА ќе го направите да, ама нема некое решение доколку има поклопување помеѓу вас и партнерот. Тоа божја волја во превод најчесто е неквалитетна јајце клетка, што е мн често појава кај жените. Во денешно време за жал мн почеста. Не велам да не испитувате, во случајот од Бела Стела и јас би испитала најверојатно, но генерално мислам дека се претерува со мн брзо носење заклучоци без да се знаат доволно информации. И кога веќе се соочува некој со ваков проблем, според мене треба да се обрати кај специјалист за неплодност и да ги батали матичните. Тие повеќе со др се занимаваат и секако порелевантно мислење најчесто ќе добиете од некој што работи конкретно со оваа проблематика - потпомогнато оплодување, ин витро итн.
Секоја чест на исклучоци, ама имам впечаток дека во последниве години матичните гинеколози имаат повеќе пациенти (претпоставувам дел се отселике, нема финансии за специјализации), зголемен обем на работи од различна проблематика и многу од нив не се снаоѓаат со целата ситуација. Никој не очекува сѐ да знаат, ама тука на форумов сретнав постручни, поемпатични и поелоквентни "доктори" од оние кои сум ги запознала во живо (матични гинеколози). Многу од нив мафтаат само со рекламен материјал, кои витамини да се земеле или лекарства-човек да помисли дека акции имаат во фармацевтските компании. Зошто да не препорачаат барем испитувања за тромбофилија, кога е толку често, а еден аспирин може да направи разлика меѓу успешна бременост и катастрофа!?(Ова со мојата состојба поврзано, земено како пример.) Не мора да знае што значи секој ген, ама барем да знаат да упатат и да помогнат, не знаат колкава битка води и со какви ситуации се соочува пациентката.
Vo moe mislenje I iskustvo osnovni ispituvanja kaj sekoja zena koja ima neplodnost, spontan abortus bez razlika rano ili kasno ili pak anomalii na plod treba da gi ima slednive ispituvanja: 1. Celosni hormonski ispituvanja (FSH, LH, prolactin, estradiol, progesteron, testosteron, tiroidna TSH ( treba da bide idealno 1-2 za plodnost I bremenost) dheas , androstenedion I sigurno ispustiv uste nekolku ne znam sto tocno ispituvaat vo mk moze poveke moze pomalku 2. Histerosalpingogram ( proodnost na jajcevodite -tubite) 3. Histeroskopija I biopsija na matka zaedno koga se pravi histeroskopija moze da se napravi I biopsija vo isto vreme 4. Kariotip kaj dvata partneri I hla tipizacija 5. Ispituvanja za trombofilija vrodena I steknata trombofilija Vrodena trombofilija se ispituva so celosni ispituvanja na 17 genetski mutacii Steknata trombofilija se ispituva so ANA, AFA antibodies I lupus. 6. Bris urogenitalen kaj zena , kaj mazot spermokultura 7. Sekako kaj mazot ispituvanja na sperma( sevkupno vklucuvajki morfologija, koncentracija, volumen, podviznost ) plus DNA fragmentacija Ve Molam dodadete uste nesto ako propustiv I gi Molam "novite" patilci da ne veruvaat slepo na sekoj doktor sto ke go vidat I da ocekuvaat deka site doktori se strucni toa e najgolema greska sto mozete da ja napravite ! I jas nauciv poveke sama citajki strucna literatura I klinicki studii od cel svet I po forumi posebno tuka na femina od nekolku stari clenki se ohrabriv da napravam uste ispituvanja I mojot pat se osvetluva konecno I se Molam na site da vi se osvetli sto pobrzo Nema Steta od poveke ispituvanja sto poveke napravite porano toa podobro barem ako e se vo red so nekoi ke znaete nakade vo koj pravec da odi vasata borba za bebence
Голем процент неполодноста е насочена заради не доволна циркулација. Не зборам за пцос, прегради на матка итн ова се други работи али зборам конкретно кона нема никаков проблем и се е во ред. Некогаш и кога нема мутации и се во ред и повторно престанува да чука срцето се даваат клексани. Некогаш и самите испитувања не даваат 100% реална слика. Али делумно проблемот со абортусите е решен со соодветна терапија. Ако некој мене би ме прашувал за сите што планираат и за прв пат бременост да ги прават испитувањата, зошто да пати една жена има некои со слаба психа па ќе западне во депресија и можеби и понатака нема дасака воопшто деца. Кога веќе секоја втора има мутации и ова веќе не е ништо ново можат да се воведат исто како и за брисевите и пап тестот па и торч.
@Bella_Stella Заборавив да ти кажам дека Кацарска е глупа до коска и не образована и џабе држи место во Систина некој друг одличен доктор би влегол на нејзино место али пуста политика. Јас отидов со пукнат водењак не ни направи ехо да види што и како е ситуација само провери дали сум отворена и толку, а уствари малиот бил два пати умотан со папчаник, е до толку е не образована. Барај друг доктор некој по нормален
Не ја избрав Кацарска по своја воља. Ситуацијата ми беше таква каква што ми беше, фетоцид направи Дракулевски, а она се погоди на смена за пораѓајот. Беше 29ти Април, Велики четврток, се породив некоја минута пред полноќ. Она и Бојаџиев беа, друг не знам кој беше. Искрено бев во таков шок и сакав само да заврши, не ни размислував кој ќе ме пораѓа. И покрај се имав убаво искуство со неа околу целиот процес. Не се отварав, заглавив на 2 цм, а она даде се од себе за да се породам природно. Само ја слушав како им вика на другите ве молам да дадеме се од себе не сакам девојчето да заврши во сала на сета мака. После на контрола направи лапсус. Две недели после пораѓај отидов, така ми кажа. Влегов и ми вика помина времето? Помина викам докторке. Како е малото? Немам мало викам, со фетоцид бев јас.. Се закопа во земја.. Тоа е единствена замерка што ја имам за неа, многу беше непрофесионално.. Во иднина ако доживеам нова бременост планирам да одам кај Гордана Петровска, секако нема да одам кај Кацарска, сакам искусен доктор.
Метилирана фолна и Аспирин да пијам, на позитивен тест одма клексани и Метилирана Б12, ама за клексанот не ми одреди колку. Ми рече откако ќе останеш бремена после 1месец ќе дојдеш на контрола. Инаку имам генетски мутации и еден миссед и еден спонтан во 12 недела ( срценцето престана да му чука) Затоа прашував кога одите кај Јани на контрола што испитувате дидимери, фактори на коагулација или уште нешто испитувате? Поззз
Како да се читам себе си. Исто ама баш исто. Јас купив клексан и штом дознав дека сум бремена некаде 5 недела, одма почнав да боцкам клексан. 7 ма недела веќе бев кај Јани испитавме хемостаза и и димери и така еве истераме до 37 недела
Сама да, Јани ми рече одма на позитивен без да ми даде извештај го начекав на скали, никако не можев упат да извадам. И така еве истеравме, обично за почеток дава 0,40
Vo poveketo slucaevi dozata e 40mg dnevno. Nekoi so poveke mutacii I losa istorija se na 60mg ili 80mg ako se poteski Ali jas mislam 90% se na 40mg dnevno ali jas da sum na tvoe mesto bi proverila za 100% da bides sigurna so Jani ili ako ima assistent sto raboti za nego da zavrsi rabota ili medicinsko sestra da go prasa pa da ti kaze
Тој не ми рече ништо колку треба да земам Клексани, само рече на позитивен тест одма со клексани ќе се боцкаше, и по 1 месец ќе дојдеш на контрола, можеби само првото тромесечје ќе треба да земаш клексани, затоа ќе видиме тогаш кога ќе дојдеш после 1 месец откако ќе останеш бремена.