И јас имам многу мутации, може и повеќе од твоиве. Ич да не се секираш со терапија се се решава. Незнам дали си бремена или пробуваш да забремениш, како и да е закажи си кај Јани на Трансфузиологија со соодветна терапија се се средува. Секое добро
Женски, дали некоја примала клексан и аспирин и и рекле да прекине аспирин? Дали бил доволен 1 клексан со мтхфр хетерозигот? Се консултирав и со трансфузиолог но сепак за аспиринот рече како сметал гинекологот Инаку терапијата ми е одредена од трансфузиолог И уште нешто-метилирана од 400 има во државава? Јас пијам од таа од тримекс ама 1000ка а ќе почнам и фемибион и он има метилирана, да не ми дојде многу ?
Да, има многу на кои им го исклучиле аспиринот. Некои поради крварење. Некому после 28ма недела...како и да е може и без него. Ќе види трансфузиологот према хемостазата дали е ок кога не го пиеш. А за фолната и јас ја имав истата дилема. Да видиш во novalac prenatal колку има метилирана па може да комбинираш со 1000ката преку еден ден. Сепак консултирај се за идејава, јас така правам.
Ништо страшно не е... ќе ти даде терапија др Јани и клексани мислам ќе треба цела бременост.. За хетерозигот мтхрф е метилирана фолна при што ко хетерозигот ќе е довочно 400мг ((мислам има на солгар по аптекиве од 400)) а хомозигпт од 1000мг... аспиринот може да предизвика крварење и затоа го исклучуваат... а клексанот ќе е доволен ако си со предиспозиции и др.мутации... Не се грижи сепак си покриена со терапија
Да знам дека треба 400 ама само оваа ја начекав , претходната бременост од Србија земав Ти која ја пиеш од 400?
И кај мене се такви резултатите во хомозиготност PAI-1, хетерозиготност со 4 помалку од твоите. Бев на консултација со др.Јани ми даде терапија од клексан, аспирин, метилирана фолна, метилкобаламин и ми објасни дека горе долу таа е терапијата за мутациите но кај секого различна е дозата спрема резултатите.. ич да не се плашиш закажи си кај докторот ќе ти објасни се и не паничи со терапија се средува.
Јас сум хомозигот така што јас морам од 1000 мг и ја земам на now од 1000мг... но знам дека има на солгар од 400мг... (евентуално да земаш преку еден ден од 1000мг-ама не сум сигг колку е правилно)
Оваа е таа сигурно од солгар. А б12 пиете со хетеро мтхфр? Јас за 1 бременост земав еден препарат од србија што содржеше се што треба не пиев ништо дополнително …
Од трансфузиолог имам 1000ка препишано а од гинеколог имприл кој има 400. Кога прашав ми рекоа двете да ги пијам, немало штета од фолната.
Јас сум хетеро, во консултација со др.Јани ми рече да земам метилирана од 400мг и аспирин, јас веќе имав почнато со 1000мг и тој ми рече нема потреба од толку и сум на мисла дали кога ќе ги завршам овие да земам од 400мг. Инаку сум 7ма недела
Edniot ili dvata alela da se mutirani... kaj hetero dovolno e 400mg a kaj homo 800do100mg metilfolat na primer...
Аспиринот ми го прекинаа во 32 недела, од објаснување на еден од докторите во болницата каде ми даваат извештаи за клексани, до тогаш затоа што од употреба после тоа постоело опасност од предвремено затварање на комори во срцето на бебето, опасност од крварење во мозокот кај бебето ако се роди предвреме и сл. Ама, ако примаш клексан си заштитена на молекуларно ниво, така ми објаснија мене.
да се надоврзам... и мене Јани ми го прекина во 30та недела аспиринот, а докторката што ми ја води бременоста ми го даде истово објаснување дека постоело опасност од предвремено затварање на коморите на срцето на бебето... клексанот ми го оставија до пораѓај...