Девојки ве молам за мислење матичната ми закажа за ехо на 15ти декември кога ќе бидам 6та недела моментално сум 3+2 (малку порано ми излезе бледа црта) треба да почнам да се боцкам со клексан но матичната вика да почекам до ехото во 6та недела и тогаш да испитаме и хемостаза и д димери и да почнам со клексани тогаш. Со др. Јани се слушнав ми рече да појдам по извештај во четврток за клексаните. Малку ми е страв да не почнам многу доцна со клексани? Моментално пијам аспирин, б12 и метилирана фолна
Ако докторот ти е рекол така матичната сигурно дека нема да негодува бидејќи тоа не и е специјалност Слушај си го Јани и почни побрзо да се боцкаш
Керка ми има 6ипол години 3години е на терапија по шема Синтром Сакав да прашам дали смее слободно да лета во авион ? Докторката која не водеше ни рече дека ако е летот е пократок од 4ч не е проблем,а овде во Германија ни напоменаа дека пред да лета треба да се направат некој испитувања Дали некој/а има вакво искуство ?
Значи ја незнам на кој да верувам више. Имам генетски мутации хетерозиготност fgb455 g/a и pai-1 5g/4g гинеколозите се упорни да почнам со клексани. Трансфузиолог вика дека нема потреба од клексани. Иначе примам 100мг метилирана фолна, 1000мг метилирана 1ќќб12,утрогестан 200мх 3х1,прогестерон депо на 4 дена, пре мама и еден куп други витамини. Дали има некоја од вас што ја имала истата мутација како мене? Ја стварно незнам... До Др. Јани на клиника неможам да стигнам никако. Иначе сум со претхпдни 3 неуспешни бремености.
Не немам ништо примано, едни вака други така, незнам кој да слушам. Крај на 9та недела сум, ми се плаче од нервоза. Фала ти на брзиот одговор
Не сум експерт за мутации, имам и јас, други, не овие, но мислам кога веќе имаш зад себе неуспешни бремености, треба сега да ги послушаш гинеколозите и да примаш клексан. Во меѓувреме побарај мислење од друг трансфузиолог.
И јас мислам дека кога макар еден др ти рекол да примаш да не му се мислиш. Подобро да бидеш покриена со терапија. Еден куп трудници примаат клексан, нема штета од тоа.
Мутации во овие гени е индикација за клексани, а поготово заради тоа што имаш три спонтани зад себе. Јас имам хетерозиготна мутација на PAI, Јани препорача клексани да примам и при подготовка за ембриотрансфер и при бременост. За дилемата кого да слушаш во случајов, дали гинекологот што е упорен дека треба да примаш клексани или трансфузиологот што ти вика дека нема потреба, јас би го одбрала оној што ти вика да примаш.
Ти Благодарам, ќе видам утре што ќе направам. Да заврши више оваа сага да почнам со терапија, ја и приватно ќе ги земам не е проблем само сакам да го направам правилното помеѓу двете мислења.
Девојки Ви Благодарам многу, го најдов Јани и од одма да почнам со клексан 0.40 еднаш на ден а во вторник да појдам кај него. Еее сега уште да најдам кој да минстави клексан
Супер, речиси сите овде сами се боцкаме, ако тераш цела бременост со клексани престраши и боцкај сама. Многу лесно и едноставно е.
Иди неколку пати да ти стават, да видиш/осетиш како е, после ќе си ставаш сама. Не е страшно, а и помалку малтретрирање е.. има туторијали на you tube како се става поткожно. Немај гајле, ќе изучиш