Тоа е испитува на институтот за имунобиологија и хумана генетика треба упот од матичен гинеколог , а инаку да и обичната и активната ги има и тука требало поубаво да ти објасне
Да, има метилирана и кај нас на фирмата NOW, не е лоша. Жал ми е за тоа што ти се случило. Сум поминала низ слично искуство. Инаку генетски мутации можеш да провериш на имунологија и на трансфузиологија. Кажи на матичниот гинеколог да ти даде упат за едно од овие места за да испиташ, добро е да си направиш испитувања после спонтан.
Пие ли некоја од Солгар Зегин метилирана? Јас треба да пијам од 400 и само оваа ја најдов тука, но не знам колку е квалитна фирмата. Прашав трансфузиолог но , воопшто не го знаеше овој бренд
Јас пијам на NOW. Препорака ми е и од доктор и од другарка фармацевт. Е сега дали има од 400 не знам, но има од 800, па ќе си пиеш по пола
Нема од 800 , само 1000 ка. Бар не сум сретнала јас. Јас ја почнав 1000ката ама и фемибионот има и многу ќе ми дојде. На оваа од зегин пишува л метилфолате
Да прашам некоја скоро да нарачувала од iherb? Јас вчера нарачав ама некаде прочитав за од прилика 2 недели стигале, а на маилот мене испорака тек фебруари. Тенка сум со б12 па да каже некоја дали да си купувам други од тука и тие здравје боже за следна тура да си ги чувам или има шанси да стигнат за 2 недели
Последно почеток на ноември нарачував, за три недели стигнаа. Предвидениот термин за испорака беше 20тина дена покасно од тоа што пристигнаа. LocalPost Plus имав избрано за испорака.
Јас ја зимам на Солгар , минатата недела кога купував ја прашав девојката кои се подобри Солгар или Now ми одговори Солгар
Да си ја пијам таа значи. Штом пишува метафолин , е метилирана така? Ептен ми е страв кога нешто не ми е проверено. Јас имам уште од 1000ката на now, ама почнувам и со фемибион а во него има + па страв ми е да не е многу. Додуша, што со вишокот фолна? Јас ја пиев неколку месеци пред бременост. Дали некако се елиминира, знае ли некој?
Јас пред да останам бремена ја пиев таа од 0,4 по препорака на Јани дека е доволно толку и работава, ако е витамин да не претеруваме со фолна од 1000. Кога имав позитивен тест одма почнав со фолна од 1000 и го прашав дали може и фембион 1 да пијам да не е многу случајно, рече дека е ок, па еве баш денес ги купив и ќе почнам и тие да ги пијам Незнам дали ти помогнав ама...
Ми помогна , да ,фала ти Јас лошо поминав на трансфузија онојпат, ниедно прашање не ми беше одговорено а чекав 2 ипол мес. за термин. Не кај Јани кај друга, требаше кај него да си закажам
Јас исто пијам Фемибион и фолна на Now од 1000ка, исто со мутации сум. И јас се мислев да не е многу и да ја земам оваа од 400 ама ја послушав матичната дека од фолна нема штета. Еве сум 29та недела до сега се е океј со бебе
И јас ја пиев на солгар од 400 mg и тоа доста долг перод околу една година , а сега почнав од 1000 mg и јас како што имам разговарано не е штетна и да се внесува во поголема количина
Kako prvo koj ti Kaza deka ke da bil so daunov syndrome? Toa nagoduvanje li e od nekoj si doktor ili se napravi ispituvanje na plodot posle abortus I se utvrdi? Vtoro ova prv spontan li ti e ili imas poveke spontani? Treto ako e daunov syndrome potvrdeno najdobro napravi si sevkupni ispituvanja da ti bide pomirna glavata za sleden pat. Ti gi nabrojale pogore kako da ispitas mutacii jas plus bi ispitala kariotip na dvajcata partneri. Daj boze da e Edna's vaka I da ne se povtori no za mirna glava I da napravis se sto mozes za Sledna bremenost ispitaj sto poveke toa podobro oti lek ima za se ako znaes sto treba da Lekuvas!! Pozdrav
Докторот го виде скоро 12та недела бев и рече има задебелен врат што е белег на даунов синдром. Прва бременост прв missed абортус. Каде се испитува тоа кариотип?