Искрено јас директно побарав од гинекологот дека во комуникација сме нон стоп, а и поблиску ми е. Можеби може и матичен лекар да ти издаде упат.
А ти имаш нешто пиено за витамин Д? Да не има некој суплемент да ми препорачаш? Јас пијам олиговит, а во него има 6 микро грами витамин Д.
Капсули на др.волц. можеш и капки вигантол, ама консултирај доктор за дозата. Јас долго пиев 1000ие и стасаб до резултат 40.
Дали при присуство на генска мутација Хомозигот С677 ги пиете витамините како што се Pregnancy care, Femibion, Premama? Бидејќи читав дека содржат синтетичка фолна киселина која ние не смееме да ја примаме (кај нас е дозволена само метилираната фолна метифолат)
фемибионот има многу мала доза на метилирана форма...најдобра опција ти се неофолик мета од бугарија, 90 апчиња се 5 евра, а се чиста метилирана фолна...во консултација со доктор ке ти одреди колку дневно, кај мене е хетерозигот а пијам 2-3 дневно.
вакви пијам јас пијам јас метилирана фолна од америка си ја порачувам 400мг и б12 исто метилиран но дали после третиот месец треба да земаме од другиве дополнителни витамини како што земаат другите или да си тераме само со метилираните
Ќе те упати докторот. Можеш и се посебно да земаш. С, Б6, Калциум, одделно. Главно Ц и Фолната се најбитни.
Ајде и овде да ве прашам девојки, дали во косово има метилирана фолна и ако да, дали ке може да ми пуштите слика или да ми пишете име на истите. Благодарам,
Девојки зедов дел од резултатите за генетски мутации, откриен MTHFR C677T хетерозигот, можно ли е од тоа да е настанат спонтан? не примав клексани, фемибион не е страшно да се пие? препишана ми беше терапија овунорм и фемибион превентивно, веројатно за наредно ин витро ке треба клексани и метилирана, додека одам на преглед молам за искуства? фала
Мене денес фуфка ме удри, зимав резултати од трансфузиологија за мутации плус што ми испитуваа, сум имала мутација на генот MTHFR C677T хомозигот, а веќе 5 месец, скоро 6 бремена. Докторката ме утеши штом сум пиела Фемибион (имало метилирана фолна) и штом на ехо се добри бебињата да не се секирам. Ама пак мава нервоза....што ако... what if... Касно е веќе
На Балканот посебно во Македонија процентот на жени со мутиран MTHFR е доста голем. Пола и повеќе не ни знаат дека го имаат... тие што имаат и знаат, во бременост треба да пијат Фолна киселина малце повеќе, и никому ништо. Ама и да не знаеш секако пиеш, земањето на Фолна кај сите бремени е задолжително. Така да, ич не му ја мисли! Уживај во секој момент и со лесно!
Фала ти многу на одговорот. Фолна секако си пијам Фемибион, плус еден Тифол и витамин Ц заедно со Хеферолот пијам за да се абсорбира подобро железото. И докторката ми кажа да не се секирам, штом се добри на ехо бебињата. Здравје само, да истераме до мај со фемибион, утрогестан, фраксипарин, хеферол, магнезиум, сиофор, еутирокс... Цела аптека примам ебаго хахахаах...
Ти веќе си пиеш добра терапија така да нема што да се секираш уживај си во бременоста. Јас ги чекам резлутатите од мутациите и незнам зашто но осеќам дека има нешто имам некое пречуство. Нека се најде само проблемот има лек битно. Ме интересира да прашам таблетите во бугарија ги има во сите аптеки или само во одредени?
Ако мислиш на метилирана фолна, ја имаат во сите аптеки, но количински имаат по едно, две пакувања. Но има многу аптеки, така да секако ќе си најдеш колку што ти треба. Или пак, за да бидеш сигурна, можеш по интетнет да си порачаш на страната на некоја аптека.
Ајде и јас да ви се приккучам. Прво да ви кажам дека сум среќна што се откри проблемоѕ и што веќе нема да губамдечиња имамMTHFRC677T хетерозихотен. Деновиве ќе одам кај докторката да видиме што ќе каже и кога да почнам со терапија. Најбитното мие што конечно добив одговор на моајата агонија.