Мн.чудно со истите мутации на некои го даваат на некои не. Јас на своја рака зедов ама не го пијам секој ден а планирам и да си го проверам колку ми е.
Стварно не знам зошто ми кажа така, а јас на брзање бев па не ја распрашав само си помислив најверојатно поради целата терапија, затоа и напишав што се' примам за да видам дали има некој со слично искуство . Се мачкав лимон, ми ја спушти пред спиење на 37,2 ама еве сега пак 37,9... Подобро да се напијам парацетамол одошто да ме мачи вака цела ноќ/ден. Ви благодарам многу на сите
Се зависи колу мутации и дали се хетеро или хомо, наследни од еден и 2 ја родители и тоа има врска и бројот на мутации, и зависи дали имаш мтхфр, и мтрр.
Мене ми се сите хетеро, мтхфр, паи и нешто а2987 (вака го лупнав незнам дали ми е правилно) Но гледам на некои со хетеро мтхфр даваат метилирана па фатив и јас да пијам.
A1298c блиску си, метилирана и да си пиеш, и јас имам и паи и во бременост пиев метилирана. Се имаш консултирано со трансфузиолог
Да , со 1та бременост ми даде тогаш б витамини ама ги набавував од Србија со метилираната одеа во комплет и поима немам дали беше метилиран. Сега кога бев кај Елена на трансфузија ептен лошо поминав , не смеев ништо да прашам дури рече и дека нема простор да ме води како со првото , па ја молев и еве ми закажала зс 2 месеца пак, кога ја прашав која метилирана да ја пијам рече шо најдеш тоа, буквално така, па еве ја пијам на солгар од 400 се надевам во ред е Сега во фев. сум на контрола сега пак ќе ја прашам за б12
Пиј си и јас кога бев бремена ја пиев, за б12 метилирана гледам не го даваат на сите, јас имам повеќе мутации и јани ми рече да го пијам.... Важно е да биде се во ред
а да те прашам, те следам одамна, си упатена и сакаш да споделиш после породување, што продолжи да пиеш, дали се продолжува со метилираниве форлни и б12 или?
Првите 3 месеци послем пораѓај стопирав, не знаев кај с снаоѓам сама со бебе, мм на работа. Сега почнав од I herb си нарачав заедно б12 метилирана со метилирана фолна околу 8 долари е на Jarrow I си го пијам секој ден, ама секако пред наредна бременост обавезно проверка на б12 и фолна, има и за нив граници не треба да се претерува.
матичната одби да ми даде упат да направам испитувања, со образложение дека тие се правеле пред да се остане бремена,и дека долго се чекале термини и резуллтати. Ми рече пиј фемибион со него си покриена и да имаш мутации.Сега се мислам дали да пијам плус метил фолат од 400, да не е многу? со првото дете во прво тромесечие пиев пренатас а потоа премама дуо и рдив здраво дете на време. Со второто дете пиев исто пренатас прво тромесечие, а потоа pregnacare plus, се породив пред време и го загубив. Сега сум 5+6, пијам фемибион 1 ама се плашам да не не е доволен.
Јас имав два мисед од мутациите и во трета бременост пиев само метил фолат 1000ка и метилкобаламин б12 и ништо повеќе од витамини. Родив здраво дете и тоа точно на 38ма недела ми пукна водењак. Што испитувања сакаше да правиш?
Сакав све да испитам , бидејки со второто ми се случи предвремено породување, ама докторката вика нема потреба бидејки првото дете ми е здраво и родено на време.Е сега незнам и како функционираат и што значат ови генетски мутации,дали се вродени или се јавуваат во одреден период од животот. Дали сега покрај фемибионот да пијам плус метилирана фолна и Б12 , да не внесам вишок па пак да направам проблем?
@macalavica јас мислам дека треба да се консултираш со друг доктор. Не е точно дека се чека многу резултат од мутации, јас го чекав 10 дена. За трудници со историја како твојатаа сигурно има опција да се убрза процесот. Мутациите може да се вродени или стекнати во текот на животот. Не се само Б12 и метил фолатот тие што се даваат како терапија, се зависи какви мутации имаш, тоа е апсолутно индивидуално. Можеби ти е потребен клексан, аспирин итн, ама ова само можеби. Ќе знаеш ако направиш испитување и ќе бидеш помирна во текот на бремноста. Прашај си уште некој доктор, ама јас мислам дека пошто си уште на почеток има простор да ги направиш и да почнеш терапија ако има потреба. Тоа нагаѓање од кои пренатални си родила здраво бебе од кои не, извини ама за мене е чиста глупост. Докторката што ти кажала дека со Фемибион си покриена и да имаш мутации треба да прекине со работа пошто поима нема што збори. Сама да си одредуваш дали ќе пиеш и која доза на б12 и метил фолат е апсолутно погрешно. Прво не знаеш дали ти требаат, друго не знаеш во колкава доза. Консултирај се со друг доктор за да си на чисто. Ти посакувам мирна бременост и живо и здраво бебенце.
Убаво ти пиша членката. Можеш да направиш за мутации и јас имав правено и пред и во бременост. Земи си од општ матичен и испитај си ако не сака гинекологот да ти даде. Ако имаш мутавии и зависи кои трансфузиолог одредува доза дали 400, 800, 1000 или 2000 да примаш. Не треба ни да се претерува со витамини искрено али дневна нормална доза е 400 или 0. 4мг.
Мутациите може да се само вродени. Гените не се менуваат. Нејверојатно мислиш на стекната тромбофилија, нарушување на коагулацискиот систем кое се добива понатака во животот. Најчеста причина за стекната тромбофилија е присуство на антифосфолипидни антитела (АФА) и лупус антикоагулант (ЛА). Овие автоимуни заболувања, се манифестираат на тој начин што антителата ги напаѓаат фосфолипидите, кои се одговорни за одржување на правилната конзистентност на крвта. Поради тоа се зголемува ризикот од компликации за време на бременоста, како што се спонтан абортус, инсуфициенција на плацентата, прееклампсија, предвремено породување, раѓање на мртво дете, мала родилна тежина. @macalavica како што те читав, имаш пишано дека имаш автоимуно заболување. Консултирај се со некој добар ревматолог за да ти одреди соодветна терапија, секако во консултација со добар гинеколог и трансфузиолог.
Зборев сега за матичната ми рече дека она неможе да ми даде упат, дека за генетски мутации мора специјалист или гинеколог. Исто ми рече дека со оглед на тоа дека веке имам родено едно здраво дете да не се оптеретувам по додатни испитувања, дека само си правам непотребен стрес.
Фала многу за објаснувањето, ревматологот веќе ми даде упат да испитам АФА и лупус антикоагуланс, и за нив чекам резултати, во меѓувреме почнав терапија со плакенил. Мислев да не треба нешто додатно плус, 6 очи имам отворено од страв од пропусти. Предходното бебе го изгубив зашто не пиев тераапија за автоимуните, од чиста суета на докторот, одев кај сегашниот ревматолог и тој ми рече тогаш мора плакенил, ам беше во ковид центар и ми рече да одам кај било кој друг доктор да ми ги препишат, отидов кај "професор" кој ми рече дека мојот доктор треска глупости, дека ниски ми биле антителата и нмало потреба од терапија.За жал го послушав, миследјки дека е постар, плус професор повеќе знае, и ми почина бебето, после излезе дека се ЗБУНИЛ... Ме упропасти и психички и физички, и сега оваа бременост ми е изненадна , уште не сум ни спремна, ама пак мајка, пуста желба за бебе, се ке направам само да успее.
Тие ги даваат кога има присуство на некое автоимуно заболување.Плакенилот не дозволува автоимуните антитела да поминат преку плацентата и да направат штета на плодот.