A antitela ispituvaat li i na reumatologija prasuvam oti i jas treba da odam na reumatologija da se doispita tocno kakov artritis imam
На ревматологија треба да испиташ, 2 недели се чекаат резултати.За артритис знам се прават плус ренген снимки ама тоа нема да можеш доколку си бремена,Јас имам мешани антитела, за лупус, ревматоиден артрит и сјоргенов синдром, ама неможат да постават конкретна дијагноза, зашто треба низа плус испитувања, докторот највеќе алудира на сјоргенов синдром и лупус, тие обично одат заедно.Ми рече друга опчија место плакенилот е имуран, тој обично го пиеле со артрит, ама тој е доста појак.Оди се на ревматолог, не препуштај на случај.
Јас само ќе ти кажам 100 стапа по туѓ грб не болат ич! Јас имам здраво право дете од 9 години со кое имав бременост како по книга, ни лошење, ни потешкотии ништо, родено точно на предвиден термин. Минатата година имав спонтан во 10 недела, после тоа испитав генетски мутации меѓудругото и таму се појавија неколку мутации. Сега пак сум бремена, 11+ недела, примам клексани од позитвен тест, аспирин, метил б12 и метилирана фолна, ама се тоа препушано од трансфузиолог, не на своја рака. Се надевам дека овој пат ќе биде се во ред. Ти секако можеш да испиташ генетски мутации иако си веќе бремена, дури мислам дека ќе бидеш и ослободена од плаќање кое чини некаде околу 2500,00 ден на трасфузиологија. Резултатите се чекаат 10 работни дена, т.е. 2 недели. Моја најдобронамерна препорака или смени матичен гинеколог ако си во можност или барај си некој на трансфузиологија кој ќе ти ги направи овие испитувања ,,преку ред,, за ти да си бидеш мирна. Ти посакувам лесна и успешна бременост
Доколку си во можност направи ги во некоја приватна лабораторија. Конкретно во Авицена за генетски мутации на тромбофилија ми рекоја 3100ден дека е.
Инсистирај да направиш можеби ќе ти требаат и клексани и аспирин. Кажи и дека си била систина/ремедика и дека они ти рекле
Тоа не прашав, ама сигурно не се чека повеќе од една недела. Прашав само како е за земање крв дали треба закажување.
Devojcinja, dali ima vrska pod koja sifra se zakazuva termin kaj Jani? Nemase za varikozni veni, so druga sifra mi zakaza maticniot.. dali moze da mi napravaat problem?
Rentgen imam napraveno i pise osteoartrit i toa slucajno go otkriv lani letoto koga padnav i go povrediv kolenoto
Нема да ти направат проблем. Јас секогаш одам со некои тромбози. И он е свесен дека нема регуларни термини.
Ја зимав плакенил во цела бременост заради покачена афа по препорака на реумстолог, имам историја со 2 спонтани. Иначе после вториот спонтан афатс ми беше дупло покачена реф. Вредност е 20 а кај мене беше 38. Значи обавезно испитување афа...
Супер чим немаш, ама афа може и да е варијабилна, ана ако немаш ќе немаш никогаш и лупус исто така, а афата провери си ја во бременост за секој случај с еменуваат вредностите
Се е индивидуално за лупусот. Може да се појави и на 40 години а до тогаш да е не активен. За афа и за ана во право си доста проблеми знаат во бременост да направат плакенил се прима и во бременост али докторите гледаат да избегнат ако е тоа возможно. Јас кога бев на ревматолог таа ми рече сега бидејќи си бремена не смеам да ти дадам плакенил, но да го примаше пред бременост и после тоа ќе можеше да продолжиш да пиеш, среќа немаше потреба да пијам.
Мене ми рекоа дека зашто не сум пиела плакенил ми починало бебето,и дека сега ако го пијам не теба да се грижам за можни компликации.Сите тераат различно.Јас правев афа и лупус антикоагулант на трансфузиологија треба да ги земам резултатите утре или задутре, ана имам позитивна , анти сса и анти ссб . Ке направам плус и тест во Авицена за генетски мутации и тромбоза па ке видиме како понатаму.