Antiphospholipidni I antinuclearni antitela, lupus se pokazateli na steknata trombofilija. Sostojbi vo organizmot koga organizmot po greska proizveduva antitela nasoceni kon obvivkite vnatresni na venite I arteriite so sto gi ostetuva, poremetuva nivnata funkcija i predizvikuva trombovi koi vlijaat negativno na plodnost I bremenost. So pravilna terapija ( obicno plaquenil plus kleksan )sostojbata se stava pod kontrola I bremenost moze da nastapi I razviva pravilno. Taka da ovaa se osnovni ispituvanja na sekoj koj ima neplodnost, spontani abortusi, neuspesni invitra
Zdravk jas sum bremena 11 nedela i imam mutacija homozigot mthfr A1298c pred da pravam ifv i uste pijam metilfolat od 1000mcg. Metil b 12 od 1000 mcg. i b6. Dali mi bila dovolna taa doza na metilirana folna bidejki procitav deka so homozigot piele metilfolat 2×1000 mcg. Sega se zamuzliv bas nemoj nesto da mu se sluci deteto?molam za iskustva so istata mutacija po kolku ste piele. Pozz
Го најдов др.Јани денес,ми даде клексан од 0.4,метилирана фолна од 400 и метилиран б12.Му реков дека матичната ми рече метилирана фолна од 1000 да пијам, ми вика многу е,од 400 е доволно,само што ги купив пред 3-4дена 1600 ден.и сега треба да купам нови,барав денеска во 3 аптеки немаат.Ке пробам дали може да го поделам апчето на пола,ама чисто сумњам,мали се и мазни.Каде има метилирана фолна од 400,и колку е,дали знае некој?
Mozes slobodno da zemas Edna tableta sekoj vtor den, namesto sekoj den od 1000mcg toa ti doaga okolu 500mcg dnevno
Кој гинеколог од Гак би го препорачале за водење на високо ризична бременост?Др Јани ми рече вчера внимателно да изберам добар гинеколог од Гак кој ке ме следи, му реков дека бев кај Кочовски ми реше па незнам баш дали ти е добар избор, ама не ми предложи друг. Бидејки тука делиме слична мака, змнаете ли некој гинеколог од Гак што навистина се разбира и се замара со пациентите.За др. Јани секоја чест, вчера го чекав цел ден, и на крај ме прими после истек на негово работно време, ме сослуша иако немав упат и ми даде терапија.ме охрабри, ми рече дека сега ке имам терапија и дека све ке биде во ред, ми рече да одам пак кај него за 20 дена на контрола.
Баш ми е мило што си стигнала до Јани, сите го кажуваат како добар човек. Мојот ревматолог ми рече дека кога ќе бидам бремена ќе ме прати кај Ана Данева на ГАК, она да не била шеф на патолошка. Кога лежев на гак имав искуство со Самарџиски и Ливринова, премногу арогантно однесување имаа, барем со мене. Јас би сакала да и дадам шанса на Гордана Петровска од Систина, читам доста позитивни искуства за жената.
За Ана Данева јас имам добар впечаток. Она беше еден од докторите кај кои што ме прати Чадиковски за да се потврди дијагнозата на моето бебенце. Многу мила докторка, а се гледа и дека си ја знае работата. За жал јас не бев за убаво кај неа, ама памтам дека ми рече те молам да се видиме во следна бременост. Ми збореше, ме тешеше. Нешто што не го направија сите доктори. Емпатична е ептен, не дека тоа е најважно, ама е една од работите што се битни покрај тоа да е добар гинеколог и дијагностичар.
На гак незнам како е распоред на докторите по амбуланти, дали занаеш Ана Данева кој ден е и во која амбуланта? Пишав и во труднички, дали некој воопшто знае распоред на докторите. Инаку многу ми е жал за твојата загуба, те читав, скоро ист период бевме бремени и за жал останавме без дечиња, ама ете гледаш чуда има, дај боже што поскоро да имаш бебенце, и да се спремиш за таква бременост, треба многу сила и храброст.Јас искрено не бев спремна, се чуствувам како заробено, ни натаму ни наваму, како да се вратив во времето само назад и да продолжив да шетам од врата на врата по лекари, уште не се помирив со загубата на предходното бебе а за оваа имам огромен страв воопшто да се израдувам и да се понадевам.Ама Господ има, и отвора пат,вчера тоа што успеав да го најдам докторот во мојот град сосем случајно ми е како знак, тој сам ми кажа дека еднаш во 3 месеци доаѓа во мојот град во амбуланта и баш тогаш јас се погодив таму да одам за да испитам д димери, имав упат само за лабораторија а потоа ке требаше да чекам да ми најдат термин. дај боже само да заврши се добро, ке одам кај треба.
Девојки, до кога се боцкавте во стомак? 13+5 сум не ми се ни оформил стомакот матичната ми рече да почнам во рака или нога а јас неможам да соберам сила се навикнав во стомак и не ме боли..
За жал не знам, јас бев среда ама пошто беше специфична ситуацијата др. Чадиковски ми имаше дадено број од докторката и се јавив и ме примија вонредно. Инаку можам да претпоставам како се чувствуваш и жал ми е што наместо среќен период бременоста ти е донекаде трауматично искуство. Ама труди се да останеш позитивна, сега си покриена со терапија, знаеш и сама дека ако треба и на крај на свет ќе одиш за да си го заштитиш бебенцето. За бременост после загуба искрено мислам дека не постои начин човек да се спреми. Јас до ден денес имам измешани чувства на желба за нова бременост и страв од истата. Само Бог знае колку ги бркам секојдневно лошите мисли и сценарија од глава и се трудам да одам напред. Знам дека се разбираме совршено, камо да не беше така, ама ете делиме иста болка. Ти посакувам многу многу среќа до крај и живо и здраво бебенце. Со сите мајки сочувствувам зошто е најважната улога што постои, ама со мајките како тебе особено. Ќе се молам за вас. ❤️
Jas od prv do posleden kleksan ( I toa 2 pati dnevno) pocnav mesec dva pred invitro se do 6 nedeli po poragaj gi vbrizguvav vo stomak I samo vo stomak ( se misli na saloto od stranite na polovinata a I najmalku 10cm Levo ili desno od papokot). Veruvam poblisku do matkata vbrizgan kleksan e poefikasen I fala bogu moite bliznacinja se rodija so carski rez vo 36nedeli I 4 dena so recisi 3kg sekoe. Da pocekav uste nedela dve ke bea I nad 3kg sigurno sekoe. Ovaa e sekako moe iskustvo I mislenje. Pozdravche I samo pozitivno
И јас сакам во стомак да продолжам но знам дека ќе имам проблем со матичната штом уште сега ми рече да прекинам во стомак. И јас сум со два клексани дневно и некако се плашам да сменам не знам зошто. Ти благодарам за одговорот
Здраво девојки,сакам да споделите ваше мислење.Имав еден спонтан абортус во осма недела.Ги направив потоа сите испитувања.Добив резлтати дека ја имам само оваа мутација C6677T,во консултација со гинеколог ми даде да пијам метил фолат од 1000 секој ден и аспирин преку еден ден и за време на циклус да не го пијам.Дали имате слично искуство да споделите...