Нема термин сега видов. Фала многу Сузе. Да видам што ќе направам со гинекологот и резултатите понеделник па ќе пишам. Ми треба некој да каже што треба да примам. Не би сакала да забременам и пак да имам проблеми.
Генетски мутации и тромбофилија се две различни испитувања? Каде може на приватно да се испитаат, на своја рака, без упут и слично.
Овие се всушност генетски мутации за тромбофилија. Приватно можеш во секоја лабораторија без упут е. Конкретно јас испитав во Авицена 3100ден и за два дена имав резултати.
Мора ли со закажување? Значи едно испитување е. Дали таму има и торч да се испита? Каде може на едно место генетски и торч?
Да и торч има, јас каде што правев не требаше да се закаже ( не правев во Скопје) Цени можеш да си видеш на интернет страницата што им е.
Ти благодарам многу. Не сум од Ск, ама не ми е проблем. Со двајца стручни доктори совет не треба ништо да испитам. На своја рака и убедување испитав Пап секогаш е редовен, чист, брисеви чисти, хормони супер, тироидна супер. Сакам за генетски, торч и се мислам и кариотип дали да испитам да бидам мирна.
еве го во прилог резултатот. Во меѓувреме се видов со гинеколог, ми кажа метилирана фолна и метилиран б12 еден месец пред планирање бременост и аспирин по позитивен тест. Заради историја, клексани може да се вметнат подоцна.
Mene rezultatite za dimeri I vreminja mi bea sekogas normalni vo tie 10-11 godini neplodnost. Transfuziologot mi objasni deka najsigurni rezultati se mutaciite I sprema niv se odreduva terapija.
@Nala37 dokolku si vo moznost, pojdi kaj Ninoslav vo Sistina samo za konsultacija sto da pies, a vo megjuvreme baraj si termini za kaj Jani. Ova kako opcija ti go davam, za da si bidnes mirna i ponkriena so terapija na vreme
@Lolipop1983 , @Ano, @spasovskam фала ви девојки. Ќе се обидсм да стигнам до Јани затоа што гледам дека сите него го фалат и препорачуваат. Ако не ќе барам чаре на друго место.
Дали некој што има испитувано генетски мутации, резултатите му се чисти? Некако, кај сите се јавува некоја мутација..
Има еден др. Горан конгуловски кој работи во жан митрев и е генетичар, го гледав на тв и вика дека кај нас населението има генетски мутации околу 65%
И јас мислам дека е така, двајца доктори ме убедуваа дека нема потреба да испитувам, дека едно родено дете имам со нормална бременост, ама мене страв ме фати и на своја рака испитував. Затоа се прашував дали некоја добила резултат без мутации.
И јас имам едно родено без фала богу никакви проблеми, имав еден спонтан лани и тогаш проверив мислам се, па и генетски мутации и ми испаднаа 3 мутирани гени. Еве сега оваа бременост ја терам со метилирана фолна и б12, аспирин и клексан од позитивен тест. Еден Господ само да не дочува веќе незнам ни јас што да речам, а истото го помислив и јас дали има некој што испитувал и испаднало се ок.
И јас родив здраво бебе во 2017, а потоа изгубив второ бебе. сега проверив муации на своја рака, ми рекоа нема потреба бидејки сум родила едно здраво дете, ама ете испадна дека имам 2 мутации, сега примам терапија метилирана фолна, метилиран б12 и клексан 0,4.