1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Јас пола испитувања на своја рака испитував, Бојаџиев па ми рече нема потреба ништо да се испитува, ама 100 стапа на туѓ грб ништо не се.
    Ако не испитав, мирна немаше да можам да бидам, вака што е до мене направив, другото Господ сите да не чува, не знам и јас веќе каша попара и јас веќе што да мислам, знам само дека страв набив.
     
    На V.N. и Suze18992 им се допаѓа ова.
  2. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    https://www.fakulteti.mk/mobile/new...-trombofilija-procentot-e-drastichno-zgolemen

    Во контекст зошто голем дел од испитаните имаат мутации. Убаво интервју од Јани.

    сакав да ве прашам како закажувате кај него термин? Матичниот гинеколог ми рече не можеле кај него да ми закажат туку само за испитување ддимер и хемостаза, а општ матичен воопшто не можеше со ниедна дијагноза.
     
    На Lolipop1983 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    13.461
    Пол:
    Женски
    Општ матичен закажува со шифра I83,барем мене така ми закажа, а самиот доктор ми посочи така да ми закажат. Е сега проблем се термините, веќе за март месец нема и незнам ни јас што ќе правам :)
     
    На viva.la.vida му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Само Јани ли е, еве на приватно кои се други добри?
    Ако се потпирам на мојата матична наредни 2 години нема термин да добијам за ништо, и така све на приватно терам за жал.
     
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    13.461
    Пол:
    Женски
    Ако се потпреме на матичните сите останавме со прстот во уста. Извини вака на израз, ама незнам како поинаку да ги опишам. Сами си бркаме термни сите, гледаме на www.mojtermin.mk кога ќе пуштат, обично околу 10 во месецот и сами се јавуваме кај општиот матичен да ни закаже. Најчесто и некоја членка кога ќе види дека се пуштени термини пишува тука за да си бркаме сите. За на приватно јас лично не би знаела кој да ти посочам, ама сигурно има други кои ќе ти помогнат.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Тука по форумов се спомнуваше Нино од систина дека работи со трудници, и мојот гинеколог од систина се консултираше со него за терапијата после царски. Ако не стигнеш до Јани, може и со Нино. Ама сепак ќе мора од државно да ти дадат извештај за рефундација ако примаш терапија со клексани подолго време, затоа сите Јани го бркаат и неговите извештаи (плус неговата стручноста)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае лабораторијата во МАНУ од колку часот зрмаат крв?
     
  8. Lolipop1983

    Lolipop1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Genetski mutacii e siroka tema. Naslovot na ovaa grupa treba da se vika "genetski mutacii na trombofilija". Ako odis nanazad I procitas poveke postovi ke vidis deka ima clenki bez mutacii vo genite za trombofilija ili DNA metilacija ( Mrhfr, Mtr, mtrr). Ima mnogu geni I site sme nositeli na nekakvi mutacii no vo genite za trombofilija obicno zenite so problemi vo bremenost I neplodnost imaat mutacii. Ne ocajuvajte za se ima resenie !!!! Najtopli pozdravi
     
    На anggell и Bebetoo им се допаѓа ова.
  9. Мендолина

    Мендолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    би ве замолила доколку некоја од вас има било каква информација за следново да ми пишете најскоро.
    Поради зголемен бр на автоантитела и Позитивен резултат од Анти-ХЛА антитела класа 1, во следнава ивф постапка Докторката сака да ми даде терапија за намалување или нарушување на имунолошкиот систем. Утре сум на преглед и консултации кај неа, па ќе дознаам точно за кој лек се работи. Ми кажа минатиот пат дека тој лек го давале за имплантација на органи и искрено не ми е баш сеедно што ќе го пијам. Дали некоја од вас има искуство со вакво нешто?
    Накратко да објаснам, до сега се 6 неуспешни ивф, кај Лазаревски и Димитров (не битно), имам хомозиготна мутација на бета фирбриноген, т.е. антифосфолипид синрдом-згрутчување на крвта за кое пијам асп100 секој ден и сум покриена. Имам 38 год. и ниту една бременост или позитивен тест до сега.
    На последното ивф ми даваа декортин но не помогна.
    Секако немам баш голем избор околу овој начин на постапка, решив да ја истерам и сум преплашена, па доколку има некоја од вас со слично искуство да сподели би ви била благодарна.
     
  10. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Јас имам примано Нивестим инекции превентивно, после неколку неуспешни трансфери.
    Немав никакви нуспојави.
    Нивестим, покрај другото, го даваат по трансплантација на коскена срцевина.
     
    На Мендолина му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Мендолина

    Мендолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот,
    мислам дека и мене тој ќе ми го дадат. Може ли да ми кажеш колку време го пиеше и дали презеде некакви претпазни мерки, на пример изолација поради нарушување на имунитетот. Посебно ми е страв сега во коронава. Дали потоа брзо се опорави?
     
  12. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Почнувајќи од ден на трансфер па се до тест, на секои три дена боцкав и проверував крвна слика пред боцкање (леукоцитите се следат). Ништо посебно не превземав, тогаш и карантините беа и не се движев многу, освен на работа што идев.
    Инаку не ми беше апсолутно ништо, никаква реакција немав. Се си беше нормално.
     
    На Мендолина му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Мендолина

    Мендолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам Каилани!
     
    На Kailani му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    @Мендолина можно е да станува збор за Tacrolimus. Се користи да превенира отфрлање на органи по трансплатација, а во последно време има студии за позитивно влијание при ин витро постапки, особено кај жени со RIF. Прашај кога ќе идеш на консултација дали за тебе е варијанта да примиш интралипидна инфузија, липиди + преднизон (декортин) е златен стандард за проблеми од имунолошка природа и покачени антитела. Само што липидите во овој случај би требало да се примаат во повеќе наврати - 7-10 дена пред трансфер, на ден на трансфер (или една недела по трансфер), на ден на позитивна бета (или на ден на утврдена срцева акција), а често пати во зависност од проблемот ги продолжуваат на секои четири недели до завршување на првиот триместар. Кај нас и Ремедика и Систина ја нудат при ИВФ.
     
    На Lolipop1983, Мендолина и Kailani им се допаѓа ова.
  15. Мендолина

    Мендолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Пиев преднизон и декортин на првото ивф во Систина, но по неуспешноста стапив во контакт со генетичарка од Швајцарија која неколку пати тогаш а и до ден денес ми потенцира дека декортинот џабе го пиеме, не ја поминува мембраната на матката, за таа цел се пиело исклучиво дексаметазон, а на мене упорно ми го препишуваа декортинот. Но овој пат ќе инсистирам на дексаметазон, покрај лекот за трансплантација. Пред шестото ивф во ЊуБорн примав интралипидна инфузија и декортин...неуспешно.
    Еве сега по 4 месеци пауза ќе пробам пак и со оваа терапија ќе видиме дали ќе успееме :worried:
    А секако ќе ги прашам дали мислат дека треба пак да примам и интралипидна.
    Ептен ме засекира ова со Tacrolimus или Нивестим затоа што не сум имала искуство и не знам како ќе реагира организмот а и колку е штетно да се прима, плус и не сум вакцинирана ни прележана, па нема да одам на работа секако тој период. Фала ви на одговорите девојки! :l:
     
  16. Lolipop1983

    Lolipop1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Za antiphospholipoden syndrome t.e. zgrutcuvanje na krvta imas primeno kleksani do sega ili samo aspirin??

    I jas imav 5 neuspesni invitra, bezbroj zamrznati transferi, intralipidni kojznae kolku, dekortin, dexamethason, metformin, icsi, imsi I 300 cuda i na kraj na prv transfer so kleksan ostanav bremena so bliznacinja
     
    На Мендолина му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Мендолина

    Мендолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Да, примав на пследните две инвитра и се што си наброила сум пиела и правела и јас, но без успех.
     
  18. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Јас за антипосполипиден, односно позитивна афа пиев плакенил во бременост.
     
    На Lolipop1983 и Мендолина им се допаѓа ова.
  19. betty oh

    betty oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    За колку време пристигнуваат производите од iherb и дали се плаќа поштарина?
     
  20. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Различно стигнуваат секогаш мене еднаш ми стигнаа за 2 недели еднаш за 2 месеци.
    Поштарина пишува колку е кога ќе ги одбереш производите. Нешто околу 5$ незнам дали е иста секогаш или според производите.
     
    На betty oh му/ѝ се допаѓа ова.