Штом имаш антифосфолипиден синдром треба да се консултираш со ревматолог. Јас пијам Plaquenil. Топла препорака за Сања Петрова на клиника за ревматологија. Ти посакувам успех!
Според моите мутации треба само метилирана фолна и метилирана б12, месец време пред планирање бременост. Дали со пиење терапија неколку месеци параметрите се менуваат во немутирани, или постојано така си остануваат мутирани и со терапија. Добро е што на своја рака зедов па си испитав, се нервирам ама тоа е. Колку време пред бременост пиете метилирана фолна и б12? Мене ми кажаа месец време, пред бременост. Колку време се пие б12, читам дека повеќе од дозволеното е штетно во организмот. Цела сум прашалници. И димери дали треба да си испитам сега пред бременост? Клексани се примаат за димери, или и за доколку има повеќе мутации на хомозигот. Секако со уште еден доктор ќе се консултирам од понеделник, ама во моментот некако се чувствувам испаничено
Мутиран ген не се менува, тој си го носиш. Метилирана фолна и б12 јад пијам веќе две години но цело време сум во процедура ивф, нирмално во меѓувреме и природно пробуваме. Колку што знам клексани се примаат за муатции поврзани со згрутчување на крвта. Кои гени ти се мутирани MTHFR? Јас имам хомозиготна мутација на В-фибриноген, заради тоа пијам аспирин 100 и пред ивф и за време на процедурата примам и клексани.
Тие мутации не се менуваат со терапија, си остануваат така мутирани. За фолната јас ја пијам и сега иако не сум во процес на забременување. Нема штета од неа, а б12 не пијам, ми рекоа како сакам така може да се пие но и немора. Битно е метилирана фолна да ја пијам. За клексани не знам да ти кажам сето ова ми е ново.
Кои гени ти се мутирани? Од тоа што го истражував и од докторот што ми рече јас сум хетерозигот и тоа е добро, бидејки кога било хомозигот било полошо , а зошто и како не прашував бидејќи и не разбирам.
Да, имам еден мутира МТHFR. Секако ќе се консултирам со уште еден доктор, некако ми дојде ептен шок, здравје се надевам не е ништо страшно.
јас испитав на почеток во бременоста во 5 недела мутации и од тогаш почнав терапија со метилирана фолна и б12, а на трансфузиолог 1 недела покасно.
Ако е само тоа мутација мислам дека не треба клексани, тој ген е за фолна и б12, така мислам дека е. Клексани давале доколку има мутиран ген за коагулација што е или високи димери, скратено време на хемостаза.
Za se Ima resenie, ne se predavajte, samo so pravilna terapija I najdobri doktori sekoj problem se resava! Nema nisto nevozmozno!!!
Како за почеток дали е добар доктор Нино, сакам за веднаш, па после ќе барам друг, баш во моментот ми треба мислење, консултација? Дали во Ремедика има трансфузиолог? Од каде има повеќе задоволни Ремедика или Систина? Во Систина ми кажаа само доктор Нино е. Не сум од Скопје, па не можам од државно да ги бркам, од приватните за почеток кај кого можам да се обратам? Во вторник има термин за кај Нино ама сакав да знам дали е добар како искусен доктор. Имате искуство некој? За на државно само матичен гинеколог може да закаже или може и општ доктор?
Јас бев лани кај Павлина во Ремедика,ама не сум нешто задоволна од неа,за Систина незнам.Матичен гинеколог треба да ти закаже за на државна,јас пробав преку општиот не успеав,пошто само за тромбози беа термините.Во твојот град сигурно доаѓа трансфузиолог,распрашај се убаво.
Според мене е океј за почеток, јас така направив пошто за јани имаше термин тек за месец ипол и ради тоа чисто да си ја потврдам терапијата: клексани и аспирин, после малку имав како кафеавкаст исцедок и отидов пак кај Нино ми го прекина аспиринот, е сега не ми кажа за б12 метилиран да пијам па си почнав од кога Јани ми кажа така 2 или 3 месец бев ама мислам дека не е тоа ништо страшно. Терам веќе 31 недела и пробај да си закажеш кај Јани, пошто реално е најдобар и многу добар пристап има.
Ќе барам термин, ама којзнае кога ќе се начека. За почеток само да ми виде мутациите. Докторката на приватно кај што одам ми кажа што да пијам ама сакам уште мислења, некако паника ме фати.
Доагаат од Скопје во помалите градови? Доколку е така може ќе успеам да дојдам до некој. Само двајца ли се на државно Јани и Елена? Ми се плаче од мака што нема каде да се обратиме. За се има решение ама оваа неизвесност ме убива. Ќе пробам со Нино да видам што ќе ми каже.
Знам и јас исто така се почувствував имам минато со мисед абортус и починато бебенце и плус дека имав едно мислење само од Нино ( ај да беше од Јани немаше да имам паника) , па отидов кај Кочо и некако многу лошо ми се испонаша, не ми го кажа неговото мислење него само си го препиша тоа што Нино го пишал и некако се ми се насобра и морав кај Јани. За Јани таму од 6 7 Март може и до кај 10 ќе си гледаш на мој термин тогаш објавуваат нови слободни термини за Април и ќе си закажеш кај матичен. Со лесно