1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Клексан сами се боцкате, дали е тешко за ставање, или мора да се бара некој?
     
  2. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Јас сама во стомак мене воопшто не ме болат и не е страшно, кога ќе порасне стомак во нога или во рака.

    Изгледај го видеово ќе ти биде појасно.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Гледав неколку пати, не знам, ја сум трапава и паничар :(, се мислам да не утнам нешто. Не ми е страв за болка, се плашам да не наштетам на бебе. :|
     
  4. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Нема што да наштетиш, боцкај слободно 3-4 прста од папок, дезинфицирај само и гледај воздухот да е на крајот. Иглата е толку мала што нема логика да стигне до бебето, јас сум 16та недела и сеуште боцкам во стомак па не сум наштетила ништо.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop1983

    Lolipop1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Pred da pocnes, zemi so prstofat fati od "saloto" ili kozata I togas injektiraj. Ne direktno , treba da podfatis I togas vbrizguvas. Jas cela bremenost okolu stomak gi vbrizguvav I nikogas nemav nikakvi nus pojavi
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.782
    Пол:
    Женски
    Додека да навикнеш боцкај во рака па после пробај во стомак , не е страшно води се со мисла дека е само за добро боцкањето и за тебе и за бебуш.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ena Mena

    Ena Mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Дали мутацијата,има врска со забременување,сега ова прашање ме мачи :/
    Имам конркетно мутација на C6677 веќе 6 месеци примам метилирана фолна.Минатиот пат кога имав спонтан останав одма трудна,дали ова влијае во забременувањето,ќе ве молам ваше искуство...
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Колку што знам мутацијата влијае на плодот да се задржи а не да се забремени. Нека ме поправи некој ако грешам. Од она што се информирав поради слабата циркулација на крв до плодот, не се развива, доага до спонтан или нема срцева акција. И Јани има изјавено дека некогаш и со мутации без терапија се рага здраво бебе, а некогаш доага до спонтани, терапијата е за да сме заштитени. За ова кај тебе мислам и психата сега влијае што мислиме многу, опушти се, ќе се случи пак бременост :l:
     
    На Ena Mena и stsmua05 им се допаѓа ова.
  9. Ena Mena

    Ena Mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со твоето мислење во потполност,али сакав да го потврдам она што го мислев и јас.Али еве вака понекогаш ми доаѓаат некои прашања.Што да кажам освен,останато е само подршката да си ја даваме :l:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hope123

    hope123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво, на своја рака правев кариотип после три неуспешни инвитра и денес го земав резултатот. Не знам да го прочитам ако знае некоја од вас што значи ова, или пак каде да се обратам за да ми ги прочитаат резултатите 20220222_144954.jpg
     
  11. Памукче992

    Памукче992 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Добро вечер на сите,нова членка сум на форумов , испитував генетски мутации и ми излегоа ITGB 1566 T/C хетерозигот , PAI1 хомозигот и MTRR 66 A/G хетерозигот , матичната ме прати на испитување поради 1 биохемиска бременост и 1 празна бременост сега ме праќа на трансфузиолог конкретно кај др.Јани ама јас незнам како да се дојде до него . Слушнав дека имало денови кога доаѓал во Куманово . Ве молам искуство со овие мутации дали има некоја членка и совет како да дојдам до Др. Јани дали прима со приоритетни упати и кои денови .Ви благодарам
     
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    5.260
    Околу 10 секој месец пуштаат термини за следниот месец за кај него, следи си на мој термин и кога ќе пуштат јави се на општ матичен да ти закаже со дијагноза варикозни вени или тромбоза. Ако ти се брза и ти е итно, он е во понеделник на Трансфузиологија во амбуланта, отиди накај 1 и замоли го да те прими за консултација. За Куманово немам чуено, не знам.
     
  13. Памукче992

    Памукче992 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми закаже гинеколог на институт за кај него или мора општ лекар ?
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    А нели матичен гинеколог закажува? Јас денес и кај двете вртев, едната поима немаше кој е и за што е, другата ми кажа немало термин.
    Почна паника да ме мава дека нема термин кај него да начекам.
    А кога одите за прв пат, тој ли ви закажува наредна контрола?
     
  15. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Јас кај Јани бев со термин за варикозни вени. Како што кажа членката погоре, следев термини на мој термин, околу 10ти ги пуштија и веднаш отидов кај матичната (општ матичен лекар) и кажав дека кај Јани се пуштени термини, дека сум видела на страната, и веднаш ми даде упат. Знаеше она за што ми е, ми ја знае ситуацијата, и она самата кажа за варикозни вени дека ќе го пише упатот. Ми даде терапија Јани, извештај убаво напишан, според резултатите од мутациите, и ми рече ко ќе останам бремена пак со извештајот од него на контрола да дојдам и ќе следиме ситуација и ќе правиме испитувања понатака што треба.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Evelin1.

    Evelin1. Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите нова сум на форумот, вака сега, 4 години како се обидувам да забременам со маж ми пред две години имав два спонтани абортуси двата беа во 9 недела и секогаш имав помалце крв како кафено на бришење во тоалетната, ги направивме сите испитувања испадна дека имам генетски мутации ми рекле кога ќе забремениш повторно веднаш клексани. Во ноември минатата година ги земав вакцините за корона, но јас немам и редовна менструација от тогаш немам менструација бев кај мојот гинеколог ми даде таблети за добивање. После тоа пред три недели направив тест за бременост испадна позитивен отидов веднаш ми дадоа клексани како што рекле, но не знаат точно која недела сум од бременоста бидејќи немав менструација од ноември само ми рекле 5-6 недела сум дојди по две недели отидов ми рекоа сега си 6 прашав има ли срцева реакција рекла се уште нема кај секого е различно кај некого порано кај некого покасно има срцева реакција рекла гинеколошката но се е во ред , мојот проблем е сега јас немам ниту еден симптом ниту гадење ниту мачнини само градите ме болат и осекам умор, пред две недели осекав менструални болки во стомакот но сега ништоо не осекам апсолутно ништо и немам ни крв ни кафено. Се плашам да не му се случило нешто на бебето, да не имам повторно по трети пат спонтан, само на тоа мислам многу се плашам, дали и вие имавте слична ситуација? Се извинувам за долгиот пост.
     
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    13.461
    Пол:
    Женски
    Јас сум со еден спонтан како тебе во 9-10 недела, исто со генетски мутации и нередовен циклус. Останав бремена во месецот кога баш ме рипна циклусот и неделите ми ги одреди матичната според големината на бебето. Кај мене исто во 5-6 недела неможеше ни срце ни ништо да види и да чуе ама крај на 7 ко отидов си се слушаше се убаво. Е сега лошењето е индивидуално може да го имаш може и не. Исто и јас боцкам клексани и пијам метилирана фолна и метил б12 за мутациите.
     
    На Evelin1. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Evelin1.

    Evelin1. Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот мене ми дадоа само нормална фолна киселина дали имаш симптоми?
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, јас цела бременост истерав без ниеден симптом, не знаев што е ниту гадење, ниту повраќање. Кај секого е различно. Уживај и гали меше.
     
    На Evelin1. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Evelin1.

    Evelin1. Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Фала ти што ме охрабра позз.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.