Докторката Елма Абдула која ми ја водеше бременоста откако дозна дека имав абортус од сестра ми и кажа можеби е од уроци!!! Замисли 21 век докторка ти вика од уроци можда дошло до абортус у 21 недела.
Јас сега повеќе се збунив, бев кај Нино со резултат од мутации од Авицена и ми рече за такви испитувања само во Ману, никаде на друго место. Не биле веродостојни, за да сме знаеле точната структура. Јас останав ваква Докторот е многу фин, објаснува, ама јас ептен се збунив, ги имам мутациите како повеќето тука. Сега па во Ману треба да се акам. Има некоја ваков совет само од Ману да се?
Колку што можев да разберам од тоа што го имаа поназад пишувано тие што испитуваат во МАНУ има повеќе панели, т.е освен овие 12 што ти се од Авицена во МАНУ имаш плус уште некои. Валда тие афа, Ана и уште некои ги имаше.
Сосема е можно да различни мутации испитуваат ма да тие основните верувам дека ги испитале и во Авицена. Баш чудно. Ништо, барај упат од матичен гинеколог за ману. Одма се завршува работа. Резултатите за 10 дена и се плаќа 400 ден. Баш ме интересира споредбата.
Кој глуп муабет е тоа, имаш родено едно здраво. Место да не заштитат од повторни трауми најлесно е да кажат немаш потреба од испитувања, така испаѓа. Мене сите доктори до еден ми кажаа дека немам потреба и тие што ме прегледуваа кога се утврди аномалијата на бебенцето и докторката што ме породи и таа што сега ме води, сите ми рекоа не ти се неопходни. Ама недај Боже да го поминат нашиот пекол, може ќе ја сфатат потребата да елиминираме сѐ што може да се елиминира. Не викам не, може стварно е механичка грешка при развој на плод како што претпоставуваат, ама никој не рече дека е 100% така па да можам да се смирам и да продолжам понатака. Испитав мутации и Јани сам рече дека после сѐ што сум преживеала сака да ме заштити со најмала доза Клексан во следна бременост. Не знам зошто им е толку тешко на некои доктори еден обичен упат да издадат, многу од нас ќе бидат поштедени од непотребна траума.
90% од матичните лекари не се запознаени со генетските мутации, единствен муабет за неуспешна бременост е “природна селекција” Кај предходната матична барав сама да направам секакви испитувања па дури и микробиолошки и торч несакаше да ми направи. Единствено после 3 неуспешни бремености давале некакви испитувања.. жално, кога се префрлив кај новата матична ми кажа дека таа ги дава сите испитувања и после прв спонтан, кога ги направив сите испитувања незнам што уште не излезе.. ако останев кај старата матична уште ќе тапкав вместо.. жално
Go pravev kon krajot na noemvri, a go zemav pred dva tri dena, samo sto izgleda bile gotovi od poodamna bidejki koga bev da gi zemam mi kazaa deka od poodamna bile. I mene mi kazaa da se javam za dva tri meseci pa zatoa si cekav
Zenski ke moze da mi pisete adresa I telefon kontakt za kaj Jani Angelovski da se zakaze ? Za bliski prijateli mi treba
Blagodaram, a ke sakas da mi kazes na koj broj prasuvase za rezultati?? Mene ne mi dadoa nikakov kontakt
Мене за помалку од месец ми беа готови ми се чини, а кога ми земаа крв и прашав кога најбрзо може да се направат, сестрата ми рече и за мене да е мора 2 месеци да се чека. Јас тогаш сватив дека толку долго трае испитувањето, ама не било тоа, било до врските. Така да, ако имате некој да си збркате најдобро, тоа е нашата чудесна земја
Нас на 22ри ноември ни земаа крв, а резултатот беше готов на 4ти Февруари. Сто пати вртев на бројот што ми го дадоа и никој не ми крена ниту еднаш. Сестра ми неколку пати беше директно на ГАК и ја враќаа, наводно секогаш некој што ги прави анализите беше отсутен. На крај нејзина другарка што е медицинска сестра на клиника отиде, се испокара и за два дена беа магично готови. Бројот е 02 314 7450.
Нема адреса и телефон за кај Јани. На клиника за Трансфузиологија работи, а се закажува со упат преку матичен.
Fala ti, so vrski sme i za termin ame so vrski, ama ne preprasav tamu, samo mi rece rezultati za 2 do 3 meaeci. Ke vrtam na vrskata nema drugo care. Fala ti
Hello feminki . Prethodno postaviv rezultat no nikoj ne mi spodeli nikako mislenje . Po rezultatot mi izlegoa nekoi mutacii maticniot ginekolog mi rece deka najverojatno ke mi dade transfuziolog metilirana folna ,metiliran b12 i aspirin preku 2 dena ,imam zakazano kaj transfuziolog vo ponedelnik do togas da ne zimam nisto i koga ke ostanam bremena od kako ke mi iskoci poz test vednas kleksani . Jas denes pravev test mi docno 2 dena i iskoci pozitiven e sega me fakja panika jas ne sum pokriena so nikakva terapija cekam do ponedelnik. Me fakja plus vikend nikoj i nisto ne raboti nz sto da pravam dali imala nekoja od vas vakvo iskustvo nz dali da zemam na svoja raka da se bockam clexan ili sepak da cekam do ponedelnik . Fala vi mnogu
Прашај ја матичната дали да почнеш. По мое , т.е мојот случај требаше , без да одам на трансфзуолог почнав но ми беше одобрено претходно од докторот. Со лесно, за ден два ништо нема да се случи . Пиеше ли и пред бременост аспиирин , мене така ми рекоа
Clexan на своја рака не, но можеш да почнеш со метилирана фолна штом си со мутации таа ќе ја пиеш до крајот на бременоста.
Чекај до понеделник не зимај клексани на своја рака, се работи само за 1 ден. Со лесно да си ја износиш бременоста.
Fala vi mnogu na site , ke pijam folna strav mi e za clexani otidov do apteka pa se predomisliv se vrativ doma nemam so koj da se konsultiram ,a nemozam tek taka i da se bockam od 1 den sigurno nisto nema da bide . Fala vi uste ednas
Не се секирај јас почнав од 7 недела.Не земај клексан на своја рака,дури ни аспирин.Метилирана фолна земи од 400 ако веќе не чекаш да одиш на др,мене матичната мо рече од 1000 метилирана, ги купив околу 1600 ден па после трансфузиолог ми рече дека е многу тоа да земам од 400,па купував нови.Ден два не игра улога подобро почекај.