Боцкајте нежно,полека,и течноста полека вбризгувајте ја,после бројте до 10 па извадете ја иглата.Мене ме пече местото едно 10 мин после боцкање и после поминува,модрици немам.
Некогаш кога ќе се случи да погодам крвен сад (забележувам после боцкањето имам крв и во шприцот и на кожата) ништо не помага да не излезе модрица и да не ме боли, секако не е тоа секогаш. Еве 19+2 сум а боцкам од позитивен тест веќе сум усовршена но некогаш се случува, додуша сега се префрлив да боцкам во нога и само малку ме боли местото и модрици немам а веќе 4 дена боцкам
Девојки да прашам како е со залихи со клексани по аптекиве? Од каде се снабдувате со клексани? Еурофарм немале и чекале некои заменски. Има некој искуство со тие, дали ги рефундираат средствата за тие и која цена се?
Zdravo devojki, i jas sum so mutacii heterozigot vo F13, F5 MTR i homozigotnost vo MTHFR 677, PAI-1, piev terapija metilirana folna aspirin i b12 metiliran i eve posle 2 meseci terapija imam pozitiven test, inaku sum so istorija od 2 spontani poradi koi pravev ispituvanja pa mi gi otkrija mutaciive. E sega, maticniot ginekolog mi dade terapija i za nadalje, se do kontrola no ne sum se videla so transfuziolog do sega, pobarav od maticnata sama upat i ona mi rece deka nema mesto nigde neli za odma, no mi dade prioriteten upat za na klinika i mi rece odi vidi ako te primat so ovoj upat super. Prasanjeto mi e dali nekoj uspeal so vakov upat da go pregleda transfuziolog? Ne gi znam na klinika transfuziolozite i neznam iskreno ni kogo da spomnam kako ime. Dokolku ima nekoj vakvo iskustvo ve molam spodelete. Fala vi ❤
Побарај го Др.Јани понеделник и среда мислам дека е во амбуланта. Ако грешам нека ме поправи некој. Со лесно да си ја истераш бременоста до крај.
Здраво, дали знае некој на трансфузиологија во понеделник кои доктори се во амбуланта, до колку земаат крв за анализа (со приоритетен упат дали ќе успеам да завршам работа).
Zdravo devojki denes bev na transfuziologija i me vratija deka nemale reagensi za genetski ispituvanja i nemale da imaat poto gi nabavuvale od rusija.kade mozam da gi napravam ovie analizi na drugo mesto
Од петокот сум со позитивен тест, а вчера испитав и бета 102. Имам мутации, за кои пред бременост др Лазаревски ми кажа да пијам метил фолат и имприл. Како да стигнам кај Јани? По тоа што читав, знае да прима и без упат, па кое време е најдобро да сум пред амбуланта?
So prioriteten upat ili da proveruvas preku moj termin koga ke pustat. Ponedelnik e vo ambulanta da probas okolu 13h koga zavrsuva so zakazanite.
Јани и кога не е во амбуланта сум го начекала во канцеларија, отиди така пробај дали ќе те прими, ама кога има амбуланта и закажани гунгула е ќе се изначекаш ако и воопшто те прими. Ако не најдеш термин кај него сега, отиди прво приватно, следен месец ќе одиш кај него. Лазаревски ако ти ги знае мутациите и ти дал терапија почни си ја.