1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. Mina888

    Mina888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Бев кај трансфузиолог и ми го пиша овој извештај. Која е процедурата понатаму. Колку што сфатив ми препишал терапијани клексани и дали можам да ги купам одма. Сега дали треба извештајот да го носам на матичен општ или на гинеколог? И што значи терапијава
     

    Прикачени фајлови:

  2. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    15 дена пред трансфер ќе треба да ги боцкаат клексаните колку што можам да разберам од ова.
    Клексаните треба да си ги купиш пр денес 10 за 9 дена уште 10 и се така до 60 да имаш континуитет . Немаш потреба да одиш кај матичен за рецепт можеш да си ги земеш со извештајот само. Кога ќе поминат 60 дена ќе одиш кај општиот матичен да ти даде потврда дека си ги "примила" клексаните за да можеш да ги рефундираш средствата.
    Не заборавајте секогаш да бараш фискална сметка и сметкопотврда и чувај го извештајот од трансфузиологот.
     
    На Mina888 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  3. Taci0903

    Taci0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    507
    Zdravo devojki do kraj li pievte metilirana folna i metil b12. Jas sum 18 nedela i pocnav veke 1 mesec da pijam premama duo i tamu ima b12 ama obicna i sega neznam dali da go prekinam metil b12 da ne mi dojde mnogu. Inaku sum homozigot mthfr 1298
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    и ја сум хомозигот мтхфр 1298 до крај пиев и метилирана и б12 , трансфузилогот ми рече и после пораѓај ама веќе не ги пијам, пиев плус фемибион преку еден ден, магнезиум, железо, витамин ц, калциум... аспирин преку еден ден и клексани боцкав до крај. слушај доктор што ќе ти каже, ама мислам до крај ќе ги пиеш
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, пред неколку дена дознав дека сум бремена, а претходно правев испитувања за мутации и вчера ги земав резултатите и излезе дека имам мутирани гени. Матичната ми рече да боцкам наутро клексани, навечер аспирин 100, метилирана фолна од 1000, метил б12 и витамин Д од 1000. Само два дена ми касни, а од вчера веднаш почнав терапија. Дали има место за паника? Не знам дали почнав навремено со терапија ама среќа што интуицијата ме натера да испитам мутации за да знам на што сум. Добредојдени се секакви искуства, имам секако закажано и кај трансфузиолог на 31ви март. Се надевам дотогаш сум покриена и добра ми е терапијата, преплашена сум:worried:
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.887
    Допаѓања:
    123.033
    Eптен си навреме, со лесно :)
     
    На Suze18992 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  7. spasovskam

    spasovskam Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    758
    Na vreme si pocnala, super terapija. So lesno neka ti e bremenosta :)
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки, го преплакав денот вчера. Сè надевам ќе слушнам срценце за некое време:l:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    19.385
    Пол:
    Женски
    На време си почната. Се прифаќа да плачеш само од среќа. :) Остани позитивна, имаш голема причина. Сѐ ќе биде добро. :sun:
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Фала ти на позитивата мила, премногу ми значи:hug: Те чекам што побрзо да ми се приклучиш со двете најубави цртки на свет:l::sun:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Нема потреба за грижа. И јас почнав со терапија после неколку дена од позитивен тест откако се консултирав со д-р Јани. Од понеделникот примам клексани секој ден, аспирин секој втор ден, метил фолат од 1000, метил Б12, плус по мислење на гинеколог елова, имприл и утрогестан.
    Ќе си биде се добро. :l:
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tina9

    tina9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на темава. Штотуку дознав дека имам мутации. И имам милион прашања. Имам едно дете 5 год мн ризична бременост до крај беше и имам еден спонтан пред 3 месеци. Го прикачив резултатот. Не ми е баш јасен што имам ако некоја разбира би ми било драго да ми објасни. Терапија ми е дадена Аспирин од 100, Метин фолат 1000, и штом дознам за брменост Метин фолат Б12 1000 и клексан. Извештај компјутерски од трансфузиологија препраќаат до матичен гинеколог или сама да земам треба.(ми даде рачно напишано само со печат од докторот и потпис ама нели за рефиндација компјутерски барале). И дали клексан се купува на истиот ден кога ти го дале извештајот...така ми спомнаја во една аптека или можеби не разбрав добро се ми е ново. Да знам за кога да набавам. Двете предходни бремености ми беа ризични со прокрварување па дали покрај оваа терапија веднаш ве ставаат на Утрогестан. Дали пречи Аспиринот т. е. дали придонесува да прокрвариш...Сакам наредна бременост и мн сум исплашена што треба и како да се постапи за зачувување, задржуваање на плодот.
     

    Прикачени фајлови:

  13. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    И кај мене првиот извештај ми го даде рачен со потпис, кога ќе имаш позитивен тест веднаш ќе се слушнеш со трансфузиолог и ќе ти направи извештај за клексани компијутерски. Клексани се купуваат со истиот датум или после датумот на извештајот, никако пред тоа. Јас сум со истата терапија и плус утрогестан нема никаков проблем, немам искуство со прокрварување затоа не знам да ти кажам дали би го исклучиле аспиринот, терапијата е секаде иста после позитивниот тест ќе испиташ и хемостаза и д димери. Не грижи се не е страшно терапијата е иста секаде.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tina9

    tina9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали пред да останите бремени пијавте плус др витамини како Фембион 1 или Премама дуо. (Со првата временост пијав само Премама ама сега дека треба и Метин фолат затоа прашувам) И дали пијавте некои од овие во бременост плус.
     
  15. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    B12 и метилирана фолна заради мутациите се зимаат и пред бременост и до крај на бременост обавезно. За други пренатални витамини консултирај се со доктор според крвна слика или ако сакаш зимај си, не е задолжително.
    За во бременост исто ќе си видиш според анализи на крв.
     
  16. tina9

    tina9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Може глупаво прашање, но дали пијавте Аспирин од 100 кога имате менструација?
     
  17. Lolipop1983

    Lolipop1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ne nikako ne se pie Aspirin od 100 vo menstrualni denovi
     
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Јас пиев кога бев со Ковид и за време на менструација. Консултирав гинеколог и ми рече дека Аспирин 100 не може да ми направи проблем. Сепак, консултирај се со лекар.
     
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    Здраво, прво да ти кажам дека мутациите не се ништо страшно повеќето ги имаме, кај некој прават проблем, кај некој не, терапијата е таа иста за сите. јас имав спонтан првата бременост кога испитав имав многу повеќе мутации од ти што имаш исто трансфузилот ми рече да почнам со метилирана, по позитивен тест клексани, аспирин преку еден ден и б12, исто извештај ми напиша рачно. кога останав втор пат бремена одма отидов кај него закажува општ матичен со шифра за вени почнав одма со клексан. утрогестан не ми дадоа одма, 8ма недела прокрварев, гинекологот се сомневаше дека е од аспиринот и го прекинав на кратко , ми додадоа и утрогестан го ставав до 36та, после една недела продолжив со аспиринот и го пиев до 30та недела, немав други крварења,клексанот го боцкав до пораѓај.имав сосема нормална бременост, идев на работа до последен ден и имам 3 ипол месечна ќеркичка.без секирации по позитивен тест консултирај се со трансфузилог и се ќе биде во ред. клексаните се купуваат по извештај или денот на извештајот за да можеш да ги рефундираш. поздрав :)
     
    На Lolipop1983, Perla* и Suze18992 им се допаѓа ова.
  20. tina9

    tina9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорите на сите.
    Да не беше форумов воопшто на Фемина ништо немаше да испитам за жал чекаат да се изнамачи некој па тек тогаш. Секако терапијата ми е дадена од трансфузиолог ама јас се насекирав мислев само мене рачно напишана ми дал и мислев да барам веднаш компјутерски. Контрола ми е некаде Мај месец а до тогаш ме чека хистероскопија на полипи кои ми се направија после спонтаниот сега.
    Ако добро те разбрав Аспирин само една недела прекина и земаше до 30 та недела а Утогестан до пораѓај? Клексан кога исклучи ден пред пораѓај?
    И дали некој може да препорача гинеколог на ГАК кој се интересира на темава кој соработува со трнсфузиолог заедно за терапииве.