да , една недела го прекинав аспиринот кога прокрварев и после го продолжив до 30 та, утрогестан ставав вагинално до 36та, а клексан ден пред пораѓај го прекинав. и ја да не беше форумов немаше да знам за мутациите среќа тука видов и побарав да испитам..
Мене трансфузиолог ми рече до 30 недела да го пијам (уште 3 апчиња имам до тогаш) преку еден ден го пијам.
Трансфузиологот на 21.03. ми препиша 60 клексани. Дали ќе ми важи за рефундирање ако ги купам на 01.4. сите наеднаш само 40 клексани, а не 60 ? И дали после 60 дена од 21.03. можам да поднесам за рефундирање?
Клексаните треба да се купат со истиот датум или после тоа било кој ден, јас ги земам на секои 10 дена и мене ми е извештајот за два месеца, секој пат ќе земаш сметкопотврда и фискална и нема да имаш проблем
Можеш да земеш на 01.04 40 клексани одеднаш али 11 клексани мислам нема да можеш да ги рефундираш тие во периодот од кога ти е извештајот од трансфузиолог до денот кога ќе ги купиш за прв пат.
точно... мене така ми правеа и за тој период не ми рефундираа, иако од членки овде читав дека им рефундираат
Бев кај трансфузиолог за да ми напише извештај за рефундација на клексани препишани од гинеколог на приватно и трансфузиологот вика има измени во законот сега важи и извештајот од приватниот гинеколог. Некој поупатен да сподели искуство барем ако е вистина ова да не се малтретираме по клиниките.
Пред еден месец кога поднесував за рефундација ми го вратија од приватен матичен гинеколог извештајот (го прифатија од трансфузиолог) за сигурно јави се во фондот и ќе ти кажат ако има измени
Кога ќе си ги искористиш сите клексани ќе идеш кај матичен да ти даде потврда и со извештајот (копија) и сметкопотврдите (оригинал и копии) како и барањето си ги поднесуваш во фонд за здравство (во Скопје е кај црвен крст), одма се завршува работа, ти даваат бројче и си чекаш исплата
Пред две или три недели недели кога бев не се сеќавам да ми дале бројче , можно е да не ми ги исплатат сеа да испадне некој проблем. Колку да чекам па да одам да прашам?
Дали правилно купив клексани по извештајот? Дали се исти како клексаните, дали сте ги користеле и дали можам по извештајот да рефундирам. Јас цело време барам клексани а ова е друго. Се збунив. Да не згрешив
Не е проблем, тоа е бело ливче со бројче сигурно ти имаат дадено ама не ти е многу важно, секако ти стига извештај дали ти го одобриле барањето и колку ќе ти исплатат и таму го има бројчето. Е сега мене ми исплаќаат за 3 до 4 недели, стварно немам проблем за тоа бидејќи читам на форумот има доста што чекаат повеќе. Доколку немаш исплата месец месец ипол јави си се, ако си од Скопје 023289083, тука може ќе ти треба бројчето ама сигурно ќе може со матичен број да те најдат.
Искрено јас како што почнав со клексани од 4 недела еве веќе 37 недела, не ги менував само такви зимав, ама исто е како клексани, само што се друга фирма, океј си ги купила и можеш нормално, си пишува во извештајот, да ги рефундираш.
Фала , стварно ич не се сеќавам за сега , за првиот пат кога поднесов документи убаво се сеќавам дека ми дадоа.