Пред 4 год знам дека можеше прво со едниот па со другиот извештај. Најдобро е да се консултираш, прашај во фонд.
Да ви се надоврзам на муабетот зошто малце ми е нејасно и мене тоа околу рефундирањето. Јас имам извештај од Јани во кој стои од прв ден од позитивен тест да почнам со Клексани, нема пишано ни бројка на Клексани ни ништо. Не сум бремена сеуште и муабетов ми е може малку ‘што би било кога би било’, ама сакам да сум спремна. Дали ќе ми важи тој извештај или не?
Кога ќе добиеш позитивен тест треба да закажиш што побрзо кај него ќе испитате и ддимери и хемостаза и според нив ќе ти пише нов извештај и колку клексани ќе ти требаат. И мене предходно според мутациите ми пиша клексани од позитивен тест, кога испитавме ми пиша по два на ден на извештајот.
Дали во графа препорачана терапија ти пишува нешто? Ако не ќе ти треба нов извештај каде ќе стои тоа и количина. Јас имав таков општ извештај и Јани ми рече кога ќе почнеш постапка земи приоритетен упат од матичен општ и дојди да ти дадам извештај со препорачана терпија. Е за да земам приоритетен се изнамачив, цела голгота беше тоа.
Јас во претходна бременост имав уредни димери и хемостаза. После самоиницијативна проверка на генетски мутации Јани ми рече реално не е неопходен Клексан, ама пошто му раскажав што ми се случи со претходната бременост рече јас би те заштитил со најмала доза. Прикачив слика од извештајот, изгледа и мојот е таков општ. Значи како што сфаќам кога би останала бремена дур да стигнам до него ќе си ги платам на приватно првите неколку Клексани. После дали месечно се оди кај него за нов извештај или како?
Воопшто немаш мутации? Добро е да си заштитена со клексан па веднаш по позитивен тест ќе му се јавиш на Јани или земи приоритетен упат од матичен за на траснфузиологија и ќе прашаш кои денови е во амбуланта секако ќе те прими. Еве како треба да изгледа извештај за рефундација.
Имам мутации, го прикачив погоре извештајот, таму пишува кои ги имам. Фала ви многу за информациите, ќе ве прашувам пак ако имам нешто нејасно. Прво да забременам.. Јас од пуста желба на нероден Петко капа му скроив.
Ооо извини не забележав ги прочитав да. Ако подобро е да ја знаеш процедурата, искрено јас првите две недели мислам дека живци искинав бидеќи не знаев каде да се обратам, апсолутно никој ништо не ми објасни.
За жал да. Овој е општ извештај, треба да има како кај членката во терпаија со доза. Ќе мораш да земеш извештај каде ќе пишува терапија. За жал системот е ужас и мора да се снаоѓаме. Ќе молиш општ матичен ако може да ти издаде приоритетен и понеделник или среда мислам одиш да те прими. Евентуално да земеш од некоја друга клиника со молење упат (токсикологија и ургентен мислам дека можеше да ти дадат), така ме советуваа мене последниот пат иако за среќа завршив преку матичната да земам. Без упат и да влезеш не може да ти пише извештај
Да јас не знаев кога бев сега пред две недели хаос испадна, не носев приоритетен упат па додека ми издаде матичната ми сликаше по вибер (не сум од ск)едвај завршив работа. Системот се сменил без приоритетен не може да ти издаде извештај. Страшно, бог да ни даде трпение
@Ano @Bebetoo Се видело нашето здравство какво е одамна. Поготово за трудници толку болнички лавиринти, не е хумано.. ама што можеме. И јас не сум од Скопје и автоматски ми станува сѐ дупло покомплицирано, ама факт е дека и на крај на свет да ни кажат ќе отидеме за сѐ да биде добро. Ќе пробам да се снајдам кога ќе дојде време за тоа, фала ви уште еднаш. ❤️
Здраво девојки, имав нарачано од iherb во јануари метилирана фолна и метилирана б12, требаше да ми стигнат средина на февруари но ми дојдоа во март и не ни ги отворив бидејќи веќе бев прикрај со бременоста, ги купив околу 1200 денари, ги продавам 1000 денари. Доколку некој сака нека пише. лок. Скопје
Околу 10 ти треба да пуштат термини тогаш закажи си термин и кажи му на Јани да ти пише барем 30 клексани за да ги имаш. Мене ми ги пиша и без да му ги побарам , сега ќе одам пак на 16ти мај да му побарам барем уште 30 да ми пише да ги имам.
Јас имам извештај за 80 дена, сега на 15ти Април го зедов на @Bella_Stella ќе и треба дај боже и што поскоро
Може и за 90 дена, мене ми ги даваше сите извештаи за 60 дена искрено и подобро ми беше барем побрзо рефундирав и последниов пат сам ми даде за 80 дена кога покасно видов таман ќе ми заврши извештајот 5 дена пред да влезам во 9ти таман со стомакот до гуша за малку ќе треба да се шетам до ск бидеќи не сум од таму