Devojki zdravo. Nekoja sto pravela kariotip da mi objasni kakva e postapkata, kolku se ceka za rezultati I sto bi se doznalo od istoto? Fala vi odnapred
Јас правев на ГАК. Си пратиш сама термин на mojtermin.mk многу ретко ги пуштаат, незнам кога точно и општиот матичен за сопругот, а тебе матичен гинеколог ти закажува. Таму ви зимаат крв од вена и резултати обично викаат за 2 месеци, ама ако збркаш и порано. Не мора да сте ти и сопригот во ист ден, ама мислам дека само во понеделник го правеа. Инаку е 700 ден по човек и со тоа се гледа вака јас сега лаички ко што сватив дали се во ред хромозомите. Е сега за повеќе ако знае некокндруг да ти објасни постручно
Да прашам јас вие што сте со аспирин до 30 недела до кога го пиете? Штом влезете во 30 г.н. пример 29+1 или полни 30 па престанувате?
Па и не е толку страшно за апче плус минус мислам јас, бидеќи го пијам преку еден ден како што гледам последното апче ќе го испијам точно 30 недела, тоа ми паѓа наредната недела
Пред 2 месеци купив клексани од мала аптека кај Беко, пред неколку дена ги земав од Зегин од фирма СаноФи. Кутијата од малата аптека е на македонски, а оваа од Зегин е на англиски, има некоја врска тоа ? Да не сум купила некоја копија.
Zdravo devojki, Dali nekoja vo skoro vreme pravila test za trombofilija I lupus I kolku kosta? Pozdrav
На барањето што се поднесува за рефундирање на клексани пишува да се заокружи доставување на рецепт. Сигурно за рефундирање не треба да се даде и приложи рецепт? Никој не спомна дека дал со документите и рецепт. Искуство ?
Дали има врска клексанот да се боцка во стомак од иста страна со суперфакт илитреба на различна. И каде помалку боли клелсанот во стомак или рака?
Се мислам како да го формулирам прашањево, а да не звучи глупо Ме интересира причината ради која постои сомнеж за генетски мутации? Пример, дали ве праќаат да испитате мутации после неуспешна бременост (спонтан/биохемиска), или после необјаснив инфертилитет? Или онака само како дел од испитувања, без постојан сомнеж.. Ми остана уште хсг и генетски мутации, а матичнава нишо не ми спомнала за мутации
Најчесто после неуспешни бремености или неуспешни ин витро постапки. Еве една статија каде што др. Јани објаснува детално
Јас читајќи тука на форумот без никаква индикација и на своја иницијатива ги направив и среќа што ги направив затоа што ги имам. Инаку, колку што јас знам нашите доктори праќаат да ги направиш овие анализи после три спонтани. Да беа дел од основните анализи, многу жени ќе беа поштедени од голготата што ја врват со спонтаните.