Точно, јас имав две неуспешни бремености и тогашната матична не сакаше да ги правам тие испитувања пред 3 спонтани. Сменив матична ги направив генетските испитувања и сега имам здрава бременост. Да ја слушав тогашната матична требаше да поминам уште еден неуспех па да превземе нешто. Многу од матичните се како неа и не даваат испитувања пред 3 спонтани.
Прават, но цената за сите мутации би била околу 30000 мкд. Матичен гинеколог може да ти даде упат за на институт за трансфузиологија без проблем.
Прават во Авицена ама докторите некако не ги признаваат тие резултати. Земи упат од матичен гинеколог и направи си на трансфузиологија. Инсистирај и биди упорна во случај да не сака матичниот да ти даде упат.
Verojatno se raboti za APTT (Aктивно парцијално тромбопластинско време). Meri kolku vreme i e potrebno na tvojata krv da napravi krven koagulum. Ako e skrateno, znaci imas nedostatok na nekoj od faktorite za koagulacija (zgrutcivanje) na krvta, i pobrzo nastanuva krvniot koagulum od ocekuvanoto, sto nosi zgolemen rizik za tormboza, krvarenje i spontani abortusi. Mozebi ke ti dadat clexani. Sepak ke ti objasni povekje doktor, ova e moeto neprofesionalno forumsko mislenje P.s. Za refundacija na clexani, treba prvo izvestaj , pa posle da gi kupam taka? I dali osven Clexane, Fondot gi priznava Enoxaparin od drug proizvoditel (generikata e sepak ista)? Thanks.
Фала ти за објаснувањето. Веќе сум на клексани, само аспиринот ми е прекинат поради тоа што ми се имаше појавено крварење. Инаку АПТТ малце ми е под граница, докторот не ми даде нови препораки, туку да си продолжам по старо и сега ми е мисла дали сум доволно покриена со терапија па затоа прашав тука.
Ти треба прво извештај да, мене ми кажаа дека може слободно да се рефунфираат само матичната на потврдата ќе те внесува дека примаш Enoxaparin а не Clexane.
Сосема точно,мене матилниот ми рече дека не било мое детето од Ремедика ми рекоа тромбофилија,торч,хормони,Д димери,го сменив се испитав плус примам терапија секој ден заради генетски мутации
И кај мене не спомнуваше ништо. И се качив на глава, секој трет ден и одев и на крај ми даде упат за на Трансфузиологија во Скопје, кај др. Елена Ристовска. Имам еден спонтан, за биохемиски не би знаела да кажам. Е сега ми излезе друг проблем. Баш тој датум што е упатот, мора да одам на службено патување. Отпосле дознав. Пробав да ексивирам, не можев во никој случај. Ја замолив матичната да ми го смени/помести, кажа не е изводливо, дури и тој термин бил тежок да се најде. Постои ли можност да ме примат порано или подоцна на Трансфузиологија? Не сакам да ми пропадне, се молев за упат таму и сега вака ми испадна..
На трансфузиологија е мноооогу тешко за термини и има страшни гужви. Дури и да имаш термин понекогаш долго се чека. Оди и прашај ги дали би те примиле порано/подоцна но гледај да не ти пропадне упатот.
Упатот има важност 1 месец од датумот на издавање, е сеа со термините како иде тоа.. стварно не сум сигурна. Најубаво да одиш некој ден пред патувањето, може ќе ти излезат во сусрет.
Јас на мојата не и дадов простор да одлучува за мене мојата иднина и добра психичка состојба. Иста беше не треба сега ништо прв е. И отидов со цел список и реков извади упати, си отидов на хсг и сега си чекам резултати од торч генски и хемостаза пакет за веќе од следен медец пак да си пробаме за бебчо . Не штети да си испитаме кога гледаме дека е толку се изменето, лошо станато, стресови нервози а може да ни помогне да не проаѓаме повторно низ иста болка Само убави мисли до сите јаки женички овде што делиме иста тага
Треба само да земам упат од матична и да одам или треба да чекам мој термин? Колку време се чекаат резултати?
@Angella7 мене матичниот гинеколог ми даде. Го отвори мој термин, ги провери слободните термини и за тој и тој датум ми издаде упат кај др Елена Ристовска. Резултати разбрав околу 10 дена. Мене само не ми е јасно зошто сум пратена директно кај доктор, а не прво на испитување крв? Дали знае некој што се ANA, AFA, LE? Тоа ми пишува на упатот да испитам, вклучително и ф-ри на хемостаза, димери и скриени тромбофилии. Првите три не ми се јасни, ако знае некоја да ме просветли.
Од тоа што го имав прочитано кога истражував за тромбофилија, АНА и АФА се за стекната тромбофилија и доколку се покачени во текот на бременоста се прима терапија за нив , бидејќи телото на мајката плодот го идентификува како страно тело и се бори против него. Барем јас така разбрав. Доколку некој знае повеќе нека пише.
И јас треба нив да ги испитам. Колку што видов онака на блиц, тоа се некои автоантитела во крвта. Да не си негативна крвна група? Аман со ова терминиве. Вчера кариотип за 2 минути се поплни цел јуни. Како мислат цела Македонија да оди на едно место.
Јасно. Дали само во бременост се испитуваат, или? Оти јас не сум бремена, во обиди сме и имам missed, па затоа и упатот. Фала Бела Не сум негативна крвна група, а ти? Многу е тешко за термин, јас барав упатот да ми го сменат, да поместат датум, гинекологот не можеше да заврши работа. Рече оди таму замоли да те примат пред датумот. И така ќе одам на диво. Ќе ми се истури на крај некоја нервозна сестра или доктор. Мислам дека се испитуваат и на приватно, ама бааги ќе кошта сигурно..
А зошто се мачите на ИТМ таму преку глава им е од гужви, одете на имуно кажете си ја маката и докторите таму ќе ви назначат се што треба да се испита. Има термини цело време само резултат се чека еден месец. Јас бев на имуно и се ми испитаа и сум супер задоволна ниту термин чекав ниту гужва ниту наидов на исфрустрирани мед лица ништоо. Термин закажав кај општиот матичен зошто веќе ми беше срам да идам кај гинекологот
И јас ради неуспешни бремености (две) ќе ги испитувам. Б- сум и ми рекоа дека обично негативните групи имале проблем со овие антитела. А за на приватно, докторот ме советуваше колку можам да ги избегнам приватните лаборатотии. Освен што кариотип е ок да се направи во Систина.