Од која фирма ги нарача треба и јас али освен NOW и Солгар се ми е непознато. Гледам фолната што ја зимам во Зегин и на Iherb не пишува исто на шишенцето.
Да, 9 и нешто платив шипинг ама пак испаѓа поефтино. Двете ги земав за 25 евра сосе шипингот, а тука се околу 2700 ден. Од Now, другите и јас не ги знам, Now купувам и тука, а ми носат и од странство. Моментално имам од Англија, ама ќе земам деновиве од кај нас Фолна и баш ќе ги споредам шишенцата.
После работа ќе одам кај матичната да видам што за каде можам да земам. Баш сега седнав да вртам на форумов да барам уште што испитувања да и барам.
Еве јас од што чекам резултати. Не сум за сѐ сигурна што е што. Позитивна крвна група сум, ако нешто значи. Спојлер
Фала ти. За пола саат треба да одам. На мој термин гледам нема термини на трансфузиологија... не знам што ќе биде. А резултати за колку време ти рекоа?
Ми даде упат на имунологија за генетски мутации, тромбофилија, протеин S и C, ANA, AFA, LA и LE. Треба уште хемостаза и д-димери на трансфузиологија ама прц, нема термини. Ми рече кога ќе одам за кариотип да им побарам упат за на трансфузиологија, па ќе пробам така. Или ќе ми дадат или нема Со упативе и терминиве се осеќам вака . Кој знае што правам.
Ајде за најголемиот дел си завршила работа. Овие останатите можеби може на приватно ако се многу заташка работата. Белким нема да е многу скапо за двете само... Види на авицена ценовникот онлајн. Едит: ама нее, ми текна дека некои доктори не прифаќале резултати од приватни лаборатории. Така спомна некој претходно.
На Имунологија може да ти испитаат мутации на гени за тромбофилија и панел на автоантитела (АФА, АНА, ТПО, АНКА, ХЛА и слични, зависи кој пакет ќе ти го препорача доктор за твоите состојби). За протеин Ц и С, ЛА, фактори на коагулација и д-димери треба да одиш на Трансфузиолигија, на Имунологија не прават трансфузиолошки испитувања. За лабораторија на Трансфузиолигја имаш термини секој ден, пуштаат сабајлечки од денес за денес, евентуално од денес за утре и затоа одма се пополнуваат. Прати кога ќе пуштат и одма јавувај се кај матична, да ти издаде упат. Или евентуално да замолиш кога ќе идеш на Имунологија, они да ти издадат интерклинички упат за трансфузија.
Оооф А ќе ме примат ли воопшто со овој упат на имунологија? Ми пишува имумологија и хумана генетика. Исто е?
Ќе те примат секако, само нема да може да ти ги направат сите тие анализи што ти се пишани на упатот, зашто некои од нив само на Трансфузиологија ги прават. Ама ќе ти испитаат генетски мутации за тромбофилија и разноразни антитела. Најдобро е пола саат пред терминот да отидеш на Институтот (за имунологија и хумана генетика) и да побараш да се видиш со некој од професорите. На него ќе му ја презентираш цела историја и тој на ливче ќе ти запише што да испиташ и со тоа ливче после ќе отидеш во бордо бараката што се наоѓа до Инфективна клиника. Таму ќе им го покажеш ливчето и ќе ти земат крв. Резултати отприлика еден месец се чекаат. За трансфузиолошките испитувања па пробај да добиеш упат со пратење на термин, како што ти кажав. Ако не можеш да стигнеш до термин, нека ти даде матичната приоритетен упат, со него ќе отидеш и ќе замолиш да те примат кон крај на работно време откако ќе завршат тие со упати со термин.
Завршив работа денес и на имунологија и на трансфузиологија. На имуно професор немаше, ама сестрата таму ми рече дека знае што треба да ми испитаат. За генетски мутации за тромбофилија и антитела платив 2.250 денари и резултати после две-три недели. За на трансфузиологија имаше сабајлево термини ама додека ја добијам матичната за упат, останаа два-три слободни термини само после 13 часот. Закажав во 13:20 ама без проблем ме боцнаа во 9:30ч. Им кажав и таму се што може да ми испитаат и еве слика. Резултати за 10 работни дена до две недели. @ladystardust многу ми помогна, фала ти уште еднаш