1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    11.136
    Пол:
    Женски
    Ајде ако може да ме оправите со мислења и искуства.

    Заклучок: Изолирана е ДНК од периферна крв и со метод на Real Time PCR, изработени се генетски анализи на Тромбофилија, при што се добиени следните наоди:

    хетерозиготност во: PAI-1

    и хомозиготност во: (празно)

    Гинекологот вели пиј аспирин и консултирај интернист. Трансфузиологот вели наодите се уредни.
    Не можам да се снајдам во резултатот колку отстапува ова PAI што и да е...
     
  2. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    PAI еден ген ти е мутиран другиот е нормален тоа значи хетерозигот, не барај колку отстапува.
    Супер си со само една мутација , кај мене се еден куп.
     
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Како што читав нормален PAI-1 е 4G/4G, а ако е 4G/5G e хетерозигот, што значи има една копија мутирано, а ако е 5G/5G e хомозигот ги има и двете копии мутирано. Во секој случај е боље што е хетерозигот.

    Не знам дали е океј напишано на македонски, не се разбирам во ова, а читам на англиски, хрватски, на каков било јазик. Вчера од украински преведував на google. Се спремам за резултати :whew:
    Колку денови поминаа откако те боцнаа до резултати? Ќе пукнам, не можам да дочекам.
     
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    11.136
    Пол:
    Женски
    Кај мене излегоа за 7 работни дена, иако ми рекоа 10, а сестрата што ми земаше крв за две недели кажа.
    Абе и јас на јајца седев овие денови. Глеам тебе поскапо те фатило 2700, мене 2200. Ама сеа гледам ти имаш плус Антитромбин 3, Протеин Ц и Протеин С.
    Ништо ќе си почекаш, фајде од мислење нема. Нема да делуваме на резултатот. (зајакот на магарето му вели...)
    Бегај бе :D на македонски не го разбираме па озгора и на украински па и на гугл.

    @Suze18992 Сега не знам дали треба да примам нешто. Аспирин, клексан од момент на бременост? Ти примаш?
     
  5. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Не можам. Значи неизвесноста ми е најголем непријател. Се ќе истрпам ама нешто да чекам не можам. :headbang:
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.623
    Пол:
    Женски
    Кај мене паи -1 е хомозигот, мутиран ми е и ф13 тој е хетерозигот. Тие се за коагулација на крвта.
    Препорака од докторот ми беше од кога ќе почнеме со обиди Аспирин преку еден ден. Сега во бременоста исто продолжив со Аспирин преку еден ден. Уште немам примено клексани бидејќи еднаш во месецот проверувам димери и хемостаза и се во ред за сега.
    Јас една бременост истерав до крај без да знам дека ги имам овие мутации и не примав тогаш ништо од типот на Аспирин или клексани.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    @Suze18992 Сега не знам дали треба да примам нешто. Аспирин, клексан од момент на бременост? Ти примаш?[/QUOTE]
    Од момент на бременост и јас ќе бидам со клексан и аспирин,ама ми дадоа метилирана фолна од 1000 мг и б12 метилиран .Јас сум ПАИ хетерозигот и на FBG-455,MTHFR 677 C/T,и хомозигот на MTRR 66
     
    На Suze18992 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    Девојки, некоја со слични 3 heterozigotni и 1 homozigotna мутации?
    PAI-5G/4G
    HPA1 1a/1a
    Ake insercija/insercija
    EPCR A46006 A/A
    EPCR G4678C c/c
    APOE E3/E4
    Овие ми стојат, додека најдам доктор утре да не знае некоја од вас :)
     
  9. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Јас пред 3 месеци почнав со В12, метилирана фолна и аспирин, од позитивен тест ќе треба да боцкаам клексани .
    Консултирај се со Јани Ангеловски на трансфузиологија за дали ќе имаш потреба во бременост од некоја терапија од типот на клексан и аспирин .

    Метилирана фолна од 0.4 можеш и сега да си зимаш во периодот додека се обидувате за бебе без паузи.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    На трансфузиологија се боцнав на 08.06, денес резултатите готови.

    Хемостаза, тромбофилни состојби, д-димери, АФА во нормала, АНА не се откриени.
    Хетерозиготност: ITGA2, MTHFR 677 и PAI-1.
    Хомозиготност: MTRR

    Ќе си кркам клексани?

    И кај да најдам метилирана. Читав ја немало тука или сум збркала нешто?
     
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    11.136
    Пол:
    Женски
    @Angella7 има има метилирана фолна. Јас на Солгар зедов вчера од Зегин. Мислам има и на Now. Пред неколку години немало како што читав по темава, членките од страна порачувале се снаоѓале.

    За клексани и општо терапија не знам да ти кажам, чекам мојата ажурна матична термин да ми најде за кај Јани. Ајде ајде полека да се наоѓаат проблемите, да се решаваат.

    Имаме иста мутација, тоа PAI-1. (highfive) Mutant ninja buddies.

    Shut up, Daisy.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа :rofl:
    Јас не знам кои се наследни кои се стекнати. Планирам да барам отштета од моите. Па што е ова, 4 комада мутации :rofl::rofl:
     
  13. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.623
    Пол:
    Женски
    AFA I ANA ти се стекнати, а овие што ги имаш ти ти се наследени. Слободно барај им оштета :D:D. Тој што ти е хомо ти е од двата родитела наследен.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Имаш метилирана, јас од Еурофарм ја земам на NOW е, 90 таблетки 1660ден. Инаку и на iHerb можеш да си ја нарачаш за многу помала цена.

    Веројатно ќе ти треба и метил б12 ама тоа Јани ќе ти каже.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Опааа биче лова :rofl:
    Таман ќе ми завршат работа париве од оштетава :rofl:
    Му нарачав на маж ми да ми купи сега, ќе си почнам одма.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    За клексани ќе ти каже трансфузиолог, а за метилирана сега има за разлика од пред 5 години. Солгар, нау, прегнатол актив, а изгледа и бугарските неофолик мета што ги купувавме сите пред неколку години почнале да ги носат, ама незнам каде се во продажба.

    Има термини за кај Јани за Јули. Ѕвони одма кај матична да ти фати термин

    http://mojtermin.mk/map/specijalist...t_za_transfuziona_medicina&resource=813093090
     
    На DaisyDoo и Angella7 им се допаѓа ова.
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Хахаха:D Е сега најверојатно ќе ти треба метил фолат од 1000мцг и метил б12 исто од 1000, сепак и за тоа лекар ќе ти каже ама бидејќи и јас сум со мтхфр мутации и пијам од 1000, претпоставувам и тебе тоа ќе ти дадат.

    Со среќа и со лесно, сега си чекор поблиску до целта:inlove::hug:
     
  18. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    11.136
    Пол:
    Женски
    Еј фала многу! Ќе и ѕвонам сега со страв оти многу се лути кога некој и сугерира или е информиран повеќе од неа. :D


    Едит: Да не има некоја што има една мутација PAI-1 - хетерозигот? (не знам ни реченица да сврзам со овие, незнам дали граматички и синтаксички ми е точна од толку што сум лаик за ова) за да ми каже што прима?
     
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    Тогаш нека биде поажурна, термините се пуштени од минатиот петок. Среќа што овој пат изгледа сите се по одмори инаку ќе ги снемаше сите термини до сега.:D
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Гледам сите со мутации истите ги пијат. Ќе си почнам на своја рака.
    Ми олесна многу, а имам за чекање резултати од имунологија уште една недела и плус денес не боцнаа за кариотип. Па ми вика резултати за 2-3 месеци. Дамла ме мавна.
    Како и да е поблиску сум до целта, да :l:
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.