Јас бев кај др. Елена Ристовска денес. Фина докторка, си направивме добар муабет пред се. Смета дека клексани во мојот случај не би дала без консултации со специјалист гинеколог акушер. Аспирин може. Ми даде да испитам хомоцистеин и според тоа ќе видиме колку метил треба да примам. Во следна бременост следење крв и ехо на две-три недели (new born like this).
Каков аспирин пиете, во извештај ми е пишано само аспирин, оној што си е класичниот? Да не има некој друг?
Здраво женски.. нова сум тука па сакам да ги видите резултативе од генетскиве мутации почнав да се грижам матичната не ми даде ништо, имав еден спонтан и сега примав клексани али ми рекоа да ги прекинам д-димерите ми биле добри. Иначе сега сум 29+. Мислења? Фала
Била ли некоја деновиве кај Јани на преглед? Слушнав дека бил со Ковид и лежел на инфективна па ме интересира дали е вистина... И ако е вистина што се случува ако имаме термин кај него а тој не е на работа? Нè префрлаат кај друг доктор? Ако е вистина дека е со Ковид се надевам дека не е ништо сериозно.
Да, мене ми рекоа и дека бил хоспитализиран. Само да се надеваме дека сè ќе биде ок. Веројатно ќе пуштат доктор на замена за тие што имаат термини кај него, барем така ми е најлогично.
Не знам, луѓево ќе оделе во Систина. Одете кога имате закажано, ќе мора некој да ве прими. Мене др. Елена Ристовска ми се виде многу океј.
Јас не би одела на приватно само заради тоа што со препишани Клексани од лекар во приватна клиника не може да се рефундираат средствата. Јас во август имам термин, се надевам дека докторот ќе биде добар, во спротивно верувам дека ќе не префрлат кај друг доктор.
Па нели можеше и од приватно да се рефундираат најново нели беше тоа? Или грешка сум.. Јас затоа и се мислам кај докторот во Систина да се префрлам, овде кај Јани мнооогу гужва, два збора нејке да откине ни да објасни од кај него излегувам уште повеќе исплашена
Не само од државно од трансфузиологија или од специјалист од ГАК. Ова за приватно прв пат слушам дена може.
Не може да се рефундираат од приватно. Ти ако сакаш плус консултација оди во Систина ама земај си извештај од државна, освен ако ти се исплати клексаните да си ги плаќаш по фул цена.
Како научивте сами да се боцкате, првин ви покажаа ли? Мене матичната ми вели кај нив да одам, ама па секој ден, малтретирање ми е, како ќе се снајдам не знам. На интернет гледав ама ем сум плашлива ем трапава
Гледај видеа на интернет. Ништо нема страшно, ќе се навикнеш. Тешко е на почеток особено ако си плашлива. Мене на почеток сопругот ме боцкаше, па со тек на време почнав сама да се боцкам и се бавикнав. Едно треба да знаеш, иглата е толку мала што никако не можеш да се повредиш. Боцкаш под агол од 90 степени секогаш и тоа е тоа. Немој да се плашиш
На почеток боцкав во стомак и имав мали модрици, после не ми се ни правеа, имав само како точки кај што ќе се боцнев и ништо не мачкав. Сега веќе сум 20 недела и стомакот ми е затегнат па почнав да боцкам во нозе, таму ми се прават големки модрици и мачкам хепатромбин гел.