Ова се моите и многу ни се слични. Пијам метил Б12 и метилирана фолна ама за дозирање испитав хомоцистеин. Докторката ми рече аспирин може, а за клексани не е сигурна. Изгледа ќе треба да испитувам хемостаза и д-димери во бременост, па според тоа да видиме дали ќе има потреба. Имаш тоа проверено моментално?
Da slicni se mnogu , jas sum so bliznacka bremenost i zatoa me pratija da ispitam inaku pijam metilirana folna i B12 , plus aspirin 100 po edno na den. Hemostaza i d-dimeri ispituvam na 2 nedeli , na poslendite rezultati protrombinskoto vreme bese malku skrateno ama maticnata rece ne e strasno, ke sledime dali ke se skratuva plus. Sakam da odam sekako kaj transfuziolog , za da se osiguram deka se e okej , ama me interesiraa i ovde mislenja, mnogu cesto naogam korisni soveti , ne za dzabe rekle ne prasuvaj gatalec tuku patalec
Значи иста ситуација сме. Исто 'не лечат'. Следи и понатаму хемостаза и д-димер и немаш гајле, опушти се. Кај кој трансфузиолог одиш?
Секој месец, иако ми рекоа дека нема потреба толку често доколку на ехо протоците се добри и доколку притисокот не ми е висок. Јас за мирна глава, ги испитувам на месечно ниво.
Otidov kaj maticnata so rezultatite mi rece treba kaj transfuziolog da gi vidi i mi go preporaca Dr. Jani ama za kaj nego upat za trudnici ne moze i mi dade so dijagnoza tromboza na dolni ekstremiteti samo kolku da moze upat da izvadi, dali mislite ke me primat so ova koga ke vidat trudnica ili tesko? Ako imate preporaka za nekoj transfuziolog na privatno sto e isto spremen ve molam preporacajte mi.
Ќе те примат, сите земаме такви упати. Внимавај со приватните трансфузиолози, ако ти препишат клексани нема да можеш да ги рефундираш.
Ај ве молам за мало разјаснување. Клексаните кои што се примаат во бременост заради мутации, за што се примаат поточно? За да се спречи развој на плод со аномалии или воопшто за да се одржи бременост? Може глупаво ми е прашањето но стварно ме интересира.
За разредување на крвта. Мутации во бременост може да доведат до создавање на тромбови кои може да ја оневозможат правилната циркукација на крв до плодот. Заради тоа, плодот не може правилно да се храни и да се развива и на крај изумира. Всушност, со клексаните кај жените со мутации се одржува бременоста.
Ај и мене да ми објаснете ако се во ред димери и хемостаза, а имам мутации треба ли да примам клексани? Матичната паничи дека во тој случај не треба да ги примам. За една недела сум кај Јани, секако него ќе го слушам ако не ќе одам пак во Систина, матичната ептен е испаничена со клексаните.
И мене матичниот ми рече да не користам додека не отидам на трансфузиолог. Ме фати мисла што би било ако не користам клексани. @Iris-1234 ти благодарам на објаснувањето.
Зависи што мутации имате. Со моите мутации и матичната и Јани ми рекоа задолжително да примам клексани, аспирин, метил фолат и б12 од 1000мцг. Д димери и хемостаза цело време ми се во ред.
Zdravo Imam genetski mutacii Heterozigotnost na mthfr 1298, mthfr 677, mtr i mtrr I homozigotnost na pai 1 Ne primam terapija Otkrieni po prv spontan abortus, lani vo juni Na vtora bremenost maticnata mi vika nema potreba od kleksani i slicno, ke sledime ddimeri i hemostaza Konstantni proverki, se e vo red celo vreme, ispravna hemostaza i dobri dimeri Se slucuva vtor spontan abortus vo 14 nedela, prekin na srce Za maticnata da mi kaze na sledna bremenost odma so kleksani... Imam zakazano kaj dr.Jani sega vo ponedelnik
Жал ми е за тоа што ти се случило, дали консултираше тогаш трансфузиолог? Јас имам ги имам скоро истите мутации како твоите и од старт сум како што напишав и погоре со клексани, аспирин, метил фолат и б12 од 1000мцг. Јас цело време време се консултирам со Јани и од срце ти го препорачувам. Следен пат ќе си покриена со терапија и сè ќе биде во ред, ќе си имаш живо, здраво бебенце
Амин боже, се ќе биде добро, ќе галкам меше и јас Во понеделник ќе одам кај Јани, и ќе видиме дали ќе ми даде и превентивна терапија или само кога ќе останам трудна да пијам Во консултација со него ќе сум цело време