Ако не се лажам се работи за автоимуни антитела кои може да сметаат на развојот на плодот. Колку што знам при вака гранични вредности како кај тебе се третираат со Аспирин, па има шанси да се среди. Не знам баш да ти објаснам детално што е и како е и ако грешам, нека ме поправи некоја членка што повеќе се разбира во овие работи.
АФА се антифосфолипидни антитела. Лупус се исто така антитела што ја зголемуваат способноста на крвта да се згрутчи. Може се нешто поврзани. Автоантитела проверуваше ти мислам?
Ај ќе пишам на некоја од вас лп да не ја стегам тука темата, поединечно да ве стегнам . Да ви пратам резултатот едино, чисто да види некоја дали имам проверувано автоантитела оти јас не-мам пој-ма веќе од ништо.
Јас имам прашање. Имам направено испитување за генетски мутации и афа ана и бев во ноември кај Јани, ми пиша извештај според резултатот за метил фолат, б12, аспирин и клексан од позитивен тест. Имам позитивен тест од завчера и вчера бев кај матичната ми рече одма клексани да земам. Земав за 10 дена (на приватно без рефундирање). Сега сакам да одам на трансфузиологија зошто претпоставувам треба и хемостаза и димери да ми испитаат (иако димери вчера проверив во ред беа) и да ми препишат терапија (што ќе можам и да си ја рефундирам). Како да стигнам сега до трансфузиологија? Приоритетен упат акп ми даде општа матична колку време ми важи? Зошто во понеделник планирам да одам. И ако Јани не е таму, се надевам докторов на замена нема да ми смени терапија
Оди со приоритетен, мислам дека важи 5 или 7 дена. Ќе им го покажеш извештајот од Јани и мислам дека нема да ти направат проблем и ќе ти препишат терапија.
Јас сум со тие антитела. Со тоа што јас примам терапија Plaquenil од ревматолог. Трснсфузиолог ми рече во бременост клексани. Точно како што пишале членките погоре, крвта има тенденција да се згрутчува. Повтори го тестот за 3 месеци, ако е позитивно мислам дека ќе те препратат на ревматолог. Јас веќе 2 години примам терапија, димери и хемостаза се ок, беа ок и во бременоста прва, но сепак се породив пред време и ми почина бебето... Ревматологот смета дека тоа е причината. Немој да се секираш, барем мене ми рекоа дека со терапија во бременост ќе биде се добро.
Жал ми е за тоа што ти се случило Ти посакувам полно раце дечиња Примаше клексани и дојде до предвремено породување?
Фала ти мила, Господ сите да ги чува, никој да не почувствува таква болка! Инаку не примав ништо во бременоста, бидејќи не знаев дека имам проблем. Многу отекував и имав болни отоци на рацете само, сите ме убедуваа дека се е ок, димери и хемостаза ок, крвна слика ок, бебето на ехо ок. Откако се породив, почнав да талкам по болници и да побарам одговор. Нека те дарува Бог се по желба
За жал сите така сме барем во оваа тема, по лошо искуство, талкаме по решение, дај Боже кај сите да гушкаме бебенца
Дечки гледам дека често го спомнувате др. Јани. Тој е на трансфузиологија така ? Тој ви препишува клексани ? Ме интересира како функционира системот бидејќи денес ми кажаа дека на трансфузиологија не можело да се препишат клексани за трудници, требало да идам на ГАК. Ама таму како што сфатив нема да ме прегледа трансфузиолог него гинеколог?! Дали идењето на трансфузиологија значи дека матичниот ви дава упат со друга дијагноза за да може да ве примат и потоа секако плаќате партиципација бидејќи "не сте трудни" него со друга дијагноза?
До трансфузиолог доаѓам со дијагноза за варикозни вени. Ама од искуство мое, а и на повеќето тука, само кај Јани сме успевале да добиеме терапија. Ниеден друг трансфузиолог не сака да пише за нашиве состојби
Јас кај Јани не сум била, до сега идев кај Бојан Трајковски. Докторот е млад не сум баш задоволна не се замара многу и не објаснува баш нешто. Мене клексаните ми се препорака од геникологот ради мутации, Бојан само се согласи со тоа и ми пишува клексани колку му речам толку. Сега тој е на одмор мислам у петок морам да идам пак да ми препиша ат, ке одам со приоритетен упот, незнам кој доктор ќе ме прими. Баш да видам некој друг што ќе ми каже.
Искрено незнам. Мене не ми пишаа иако сум негов пациент, со историја која докторката што му беше замена ја виде и пак не ми пиша терапија туку консултација со матичен
Јас кај матичната бев ми рече 2 опции имаш. На трансфузиологија да одиш со извештајот и да ти пишат клексани или на гинекологија да те пратам со тоа што таму ќе ти дадат помала количина. И сеа не знам што да правам
^ Овој замената што е не пишува клексани? Ако е така не знам зошто би одела наредна недела кога Јани не е таму. Секако ќе ми рече клексани да не примам а не би ги преќинувала туку така. Јани ми кажа да примам, додека не се видам со него страв ми е да ги прекинам, плус и приватниот гинеколог ми рече да ги примам. Знаете ли кога точно Јани се враќа? Од понеделник ќе биде таму или? Џабе да не одам, по ова жешко да патувам и да ме врни дека нема клексани, секако веќе еден месец ги земам без да ми се рефундираат.