Јас примам метил фолат, метил Б12, имприл (пренатални кои содржат метилирани витамини), Д3 од 1000, магнетранс од 400, идеос (калциум поради клексаните кои може да ги оштетат коските), клексани 1 дневно и аспирин секој втор ден. Ништо не е многу и не е на одмет.
Сега читам дека од аспирин до клексан требало да има 12 часа разлика. По толку доктори ниеден не ми кажа, а ми знаат терапијата . Може ли нешто да се случи што до сега не сум така правела?
Koga bockav po dva kleksani I zemav aspirin, samo mi kaza od edniot do drugiot kleksan treba da pominat 12h.Za aspirinot nikoj mi nema spomnato.
Има жени што примаат по два клексани плус аспирин, па кај нив и да сакаат не можат да наптават 12 часа разлика, така да не е трагично, ама пожелно е кога веќе е еден клексан и аспирин да бидат на 12 часа разлика. Од сега ќе знаеш и ќе си се придржуваш до тоа правило.
Па и мене не ми спомна никој, се нервирам значи, се нешто да ме паничи, повеќе од форумот овде се известам отколку од доктори.
Дали во понеделникот некој од вас беше на трансфузиологија, да кажи дали Јани се врати на работа или уште е на боледување ?
Zdravo prasanje okolu kleksanive, bremena sum so ednojajcani bliznaci 16ta nedela, ispitav trombofilija i ima nekolku mutacii , kaj Jani imam pregled duri na 22ri Avgust i zatoa sto ne mi se cekase tolku vo meguvreme otidov na privatno za konsultacija , na 22ri sekako ke otidam i kaj Jani. E sega mi rekoa i transfuziolog i ginekologot vo sistina deka treba kleksani da pocnam odma , jas do 22ri ke se bockam veke eden mesec, prasanjeto mi e dali da gi cuvam smetkite ke mi gi refundiraat i tie pari , ili od fondot pravdaat od koga ke ti dadat izveshtaj na GAK? Voedno dali pravdaat 30 kleksani mesecno ili moze i samo 15 primer da ti opravdaat ( slusnav deka i vaka imalo) ? Za na GAK , osven upat od maticen i rezultatite od trombofilija dali nesto drugo mi treba ? i posledno prasanje , se napraviv lom so modrici po stomakov od sto se bockam , dali smeam da mackam hepatrombin za da ne setam sarena ? ili ne e dozvoleno ? Fala vi mnogu i izvinete na mnogu prasanja ama vo pravo bese edna clenka pogore, poveke doznavam i ucam od forumov otkolku po doktori. So lesno na site
Da dopolnam samo , mislenjeto na Koco ne go zimajte zdravo za gotovo, covekot e strucen vo svojata dejnost ama nema iskustvo so bremenost , mene mi rece deka nema potreba od kleksani , a posle i transfuziolog i ginekolog na privatno i maticnata mi rekoa deka treba i go rekoa istoto , tocno e deka vo normalna sostojba ne treba kleksani pri ovaa mutacija ama kaj bremena i toa so bliznaci mora, taka sto moj sovet , ne izbrzuvajte kaj Koco so pregled i pocekajte go Jani ili dokolku mozete odete na privatno vo meguvreme
Јас моментално пијам метилирана фолна од 1000,Б12 од 1000,Д3 1000,магнезиум.При бременост морам да почнам од прв ден со клексани,аспирин,ајде првите ќе ги купам на приватно додека да дојдам до термин на трансфузиологија.При обиди пиете ли од пренаталните витамини?
За жал ќе ти правдаат само од моментот кига ќе имаш извештај од трансфузиолог или од ГАК. Земи приоритетен и оди на ГАК уште утре (соба 36 последно беше за ова), нека ти дадат извештај за да можеш да рефундираш. Носи плус некој извештај каде ти е препорачано да боцкаш клексан (од гинекологот оој те води или трансфузиологот). Инаку од фондот правдаат онолку за колку што имаш извештај. Некој примаат и по два па им правдаат онплку колку што е пишано во извештајот. Инаку рефундација не е врзана на месечно ниво, туку со извештај.
Може е глупаво прашањево, ама сакам да прашам дали има некои посебни индикации поради кои се проверуваат генетски мутации или може да се направи и превентивна проверка на пример доколку планираш бременост?
Индикација се повторувачки абортуси. Јас читајќи тука решив превентивно да проверам и реално среќа што проверив. Излезе дека ги имам па навремено се покрив со терапија.
Значи можам и превентивно, на мое барање матичниот гинеколог да ми даде упат? Јас сум страшен паничар така што пред да планирам бременост сакам се да проверам и колку можам да елиминирам било каков ризик.
Да, провери си. Јас имав еден спонтан и тука феминките ме советуваа да го испитам првен тоа, па среќа што испитав. Испадна дека имам мутации и сега ќе си знам за следна бременост да сум покриена со терапија. Обично после 1 спонтан или без никаков не даваат упат ама ти ќе си инсистираш. Сметам дека е апсурдно да не даваат да се испитаме за нешто што можеме на време да го спречиме.
Можеш. Јас истерав една бременост без испитани. Сега кога се спремав пак, црвот ме јадеше (уствари знаев дека докторот ќе сака превентивно пак да ме стави на клексани), па си реков да испитам. Со упат од матичен гинеколог бев во МАНУ.
Се сложувам апсолутно, која е логиката да чекаме да се случи нешто за да испитуваме ако може да се превенира и спречи.
Здраво девојки. Ве молам да ми објасните како точно оди процедурата. Јас го имам овој извештај од Јани. Дали со него матичен гинеколог ќе може да ми даде извештај за клексани или не? Докторката во Систина ми рече можело, ама од вас претходно како да разбрав дека мора да има пишано број на клексани во извештајот? Исто ме интересира и начинот на чување и апликација. Дали се чува во фрижидер или не? Секој дополнителен совет ќе биде добредојден.
Јас одма од позитивен тест купив 10 клексани приватно (без рефундирање) , да почнам да боцкам веднаш и да имам за во прво време. После тоа со приоритетен упат од матичната отидов на ГАК (во соба 36) кај што ме виде докторка, и го покажав извештајот од Јани и ми препиша 30 клексани. После тоа си ги купуваш од аптека (маж ми мислам и извештајот од гак го носеше) и ти даваат сметкопотврда и оригинал сметка. Кога ќе ги избоцкаш сите со сметкопотврдите, сметките и извештајот се оди кај матичната, треба извештај некој она да пополни и после се носи тоа во фонд за рефундирање. Јас ги чувам во фиока во спална на темно. Цела сум модрици од боцкањето, таква ми е кожата. Непријатно е ама ништо страшно