Имам една модрица ама не знам дали сум се удрила или е од аспиринот. Не ме боли кога ќе ја стиснам, а само неколку дена пијам аспирин. Можам некако да знам дали е од него?
Не не ми е мисла, знам дека од него излегуваат па си реков дали можам да знам. Ќе пробам да пратам ситуација.
Dali nekoja od vas odi kaj Jani ima pusteno termini za septemvri no ograniceni nemoze da mi zakaze maticnata , so koja dijagnoza da zakazam mora da odam mi istekuva izvestajot za kleksani
Со дијагноза за тромбоза закажи или со приоритетен оди. Од минатиот месец не препишуваат веќе клексани на трудници на трансфузиологија, треба на ГАК да одиш. Е сега не знам дали Јани ќе препишува или не, останува да видиме.
Во 36 бев јас пред 2 недели. Може со приоритетен, ама така постои веројатност да се изначекаш. Инаку секако ќе завршиш работа.
Исто и јас бев, само аспирин ми беше од позитивен тест. Дали е можно што не пиев аспирин пред бременост поради слаба циркулација да имав пак спонтан?
Јас во третата бременост пиев само аспирин, ама заврши со спонтан. После ме пратија да испитам за мутации, и испадна дека ги имам. Божја работа, ако треба да биде и без терапија ќе е ок (има многу со мутации, а не знаеле дека ги имаат, па здрави и живи бепчиња им се раѓаат). Не му ја мисли многу, така требало да биде
Што е лупус, ако некој го има зарем нема терапија и за него? Ризично е? Не знам, ама јас се си велам да се најде проблемот, барем во денешно време мислам дека за се има решение. Барем Јани така ми рече нема ништо страшно, има решение за се, или сум премногу оптимистична. Од она што читав сфатив, ама за спонтан нели најверојатно и пред тоа знае кој го има. Има изразени симптоми.
Ќе повторам за мојот случај, зошто можеби на некоја од вас ќе и биде од помош. Прва бременост успешна, без терапија, без знаење дека имам мутации. Следните три бремености ми завршија со спонтани, во 8 недела. Последниот пат бев покриена со терапија, клексан, аспирин 100 секој втор ден и метилирани фолна и Б12, но за жал пак спонтан. Бидејќи немам проблем со хормоните, со шеќерот, гинеколошки се е во ред... докторката, вика нема што друго, и вика а да пробаш да испиташ автоимун процес на Клиника за Ревматологија. Кога и кажав дека и мајка ми имаше ревматоиден атритис ми рече тогаш обавезно. Ќе правам анализи па ќе споделам што ќе излезе.
Jas imav modrici od nego I si napraviv hemostaza I mi rekoa da go pijam sekoj vtor den aspirin I vitamin c od 1000mg