Дали некој со фактор V хетерозигот, имал успешна бременост? Од она што читав хомозигот е поопасна ама некако се загрижив, немој тој баш да е причината.
Не мила. Лани во март месец забременив природно и без никаков проблем родив детенце.Во Германија на гинекологот кога му кажав за мутациите ми вика јас незнам што е тоа
Баш ми е мило за тебе Тогаш да не ме плашат мутациите, докторката ми вика од нив е и нема решение Еднаш родив ама сега, се испаничив..
Како нема решение? Еве јас со мутации родив пред три недели.. мојата матична бидеќи сум со повеќе мутации и предходни две неуспешни бремености преферира два клексани на ден, таков предлог му дадовме на Јани и секако прифати бидеќи имав и скратени времиња, цела бременост бев со метилирана фолна, б12, аспирин, прегнатол и два клексани, еве го буцко спие до мене.
И јас се зачудив, и затоа решив да ја сменам. Бев покриена со терапија и пак имав спонтан, и на тоа ми рече дека нема решение, како демек морам инвитро, а немам ни пола испитано причини, ми рече нема што ни да се испитуваш од мутациите е. Немам ниту спермограм, имунолошки, скриен шеќер, хомоцистеин, многу работи не сум испитала, матка супер ама имам предлог за инвитро на што одбив додека се не испитам, можеби после првиот порагај ми се пореметило.
Тоа исто како мојата стара матична. “Таква ти е судбината, одмори се психички си преоптеретена, млада си имаш време за инвитро” ми рече. Јас сум со еден канал, кај новата матична се префрлив во Септември а во Ноември имав позитивен тест. Само најди матична што сака да се позамара со твојот проблем и се ќе се реши, не слушај глупости од незаинтересирани матични. Ќе си ги направиш сите потребни испитувања тек тогаш ќе се одлучи што и како, плус ти си останала природно, сега е ред да се пронајде причината за спонтан а не за забременување..
Жално е какви матични има. Ти остануваш природно бремена, значи не си за инвитро. Само некој треба да се позамара за правилни насоки и се ке биде во ред. Јас не би размислувала да ја сменам. Јас 13 години не останав природно, со идиопатски стерилутет па докторот имаше надеж дека некогаш може ќе останам природно, а не ти што остануваш бремена. Направи промена и ти посакувам успех.
Најжално е што не ми е матична него приватна, матичната во тој поглед ми е супер, жената за се ми излегува во пресрет. За тоа што не е сигурна одма на специјалист ме праќа. Останувам од прва бремена и јас се зачудив кога тоа ми спомна и затоа не планирам да се враќам кај неа веќе.
Здраво мешиња, Дали некој од вас беше денес на трансфузиологија, да каже дали Јани почна со работа или уште е на боледување
Денес беше на работа. Само уште да видам дали ќе ми препише терапија или ќе почене и он да прави проблем. Ќе пишам кога ќе ми излезе извештајот
Баш пишував и во другата тема. Матичната ми беше прва смена и уште не ми беше стигнат извештајот. Утре е втора, штом го земам ќе споделам.
Jas imam faktor v heterozigot I zabremeniv so ivf ivf pravev radi drugi pricini I od 3 den od ciklusot pred ivf pocnav so kleksani posle et mi gi zamenija so fraksiparin I cela bremenost isterav so niv i rodiv ziva I zdrava kerka pred 3 I pol god
Zdravo , feminki , Malku sum neupatena vo vrska so genskite faktori pa sakam da ve prasam dokolku ima bilo kakva promena za koja treba nekoja terapija dali se pocnuva so terapija od momentot koga ke ostanes bremena ili se pocnuva uste koga se planira bremenost i sto najcesto treba da se zema