Луѓе под која шифра пишат упат за кај Јани? Неможе да ми закаже матичната не знаела под која шифра не и давало таму незнам што, се нервирам.
Здраво, дали вие што сте со генетски мутации и по втор пат се имате породено државно дали ве породиле до 38ма недела најкасно?
Zdravo, sabajlevo bev kaj Jani na pregled i mi kaza deka veke voopsto ne moze da prepise kleksani , mora na ginekologija. Da znaete da ne se maltretirate za dzabe.
Со упат од матична денес, Јани ме врати. Ми рече не работеле веќе со трудници, на колегиум така се одлучило и дека се треба да си оди преку гинеколог. Не знам некоја друга дали успеала да заврши работа?
Безобразни се, толку имам да кажам. Ако некоја завршила работа нека пише. Колку што читав низ коментарите беше одлучено веќе да не се препишуваат клексани на трудници на трансфузиологија ама Јани прошлата недела препишуваше, сега значи ни тој не препишува цццц
Да јас изгледа минатата недела фатив последен воз, ми препиша 60. А специјалистичко мислење за трудници кој ќе ни дава? Во ред е мислење од гинеколог, ама каде е мислење и од трансфузиолог
Mene me primi , ama mi dade izveshtaj na koj sto pisuva da se poseti ginekolog za terapija . Mi rece terapijata e taa , moras da primas kleksan i aspirin ama jas ne sum toj sto moze da ti napise, zemi prioriteten za ginekologija soba 36.. Sramota e sto ne setaat po toplovo , koja e logikata , transfuziolog da ne moze da napise izveshtaj za lekovi za krv, ginekolog koja strucnost ja ima da prepisuva terapija za krv ?
Така е, некогаш гинеколозите креваат рамена и викаат дека мора да се консултира трансфузиолог а и навистина е така, тоа се две различни специјалности и секој од нив е стручен во својата област. Не сфаќам зошто комплицираат вака и зошто имаа потреба од вакви радикални промени. Наместо да се стремат да го подобрат државното здравство, да ги поедностават и унапредат услугите и да им олеснат на сите пациенти тие гледаат да се ослободат од дел од пациентите
Јани веќе не препишува клексани или веќе и не кажува што терапија треба да се прима, не прима воопшто трудници ? Многу нелогично ако каже терапија а тој да не ја препишува. Сега за совет дали треба клексан или не каде треба? Сега читам погоре, абе како гинеколог да ни кажува дали треба или не клелсан, еве мојата матична си кажа отворено дека не знае дали треба, дека за тоа нема учено и за тоа ме праќаше кај Јани, воопшто не се нафаќаше за нешто што не и е специјалност.
Па матичен не може да ти каже дали треба ама гинеколог специјалист-клиничар може да каже, затоа гледаат протоци, состојба на постелка а и кога се работи за мутации горе доле и гинеколозите знаат што терапија треба. Јас кога останав бремена, додека да дојдам до Јани, консултирав матичен и гинеколог од ГАК и ми ја дадоа истата терапија што ми ја даде и Јани подоцна. Сепак, потребно е мислење од трансфузиолог. Верувам дека тој ќе продолжи да ја кажува терапијата само гинеколог ќе треба да ја препише т.е да даде извештај за клексани.
Јас се надевам бар на ова. Сепак има движење и на други параметри за кои само трансфузиолог може да даде мислење.
Јас прашав и за испитувања за хемостаза и димери. Ми рече ако препорача гинеколог тогаш. Значи гинеколог ќе треба да ми даде упат за трансфузиологија, па после со резултати на ГАК. Во круг се вртиме ама ајде.
Ме фаќа страшна нервоза од вакви работи, не знаат што прават, нѐ препраќаат од една на друга врата. Трансфузиолог само дава терапија, а да ја препише истата - е неможи! Бог да чува, лудост . Се работи за трудница што носи живот во неа и за да опстане и да се роди тој живот, мораме да примаме терапија, зошто е толку битно кој ќе пише терапија, побогу? Нека пиши еден сѐ што треба и ајде чао, ама небива толку да е лесно нели . Ми се крена косава неќни кога матичната не знаеше под која шифра да ми напише за упат кај Јани, па морав да ве прашувам вас тука. Докторка и да не знае. Па колку ми вика да го частиш тој што ти кажа под која шифра да напишам. Беда е мал збор .
Знаете ли како да се дојде до упат за кариотип или дали прават на др место освен по приватниве? Матичната на сопругов не сака никако да се заангажира да добие и тој упат а докторов ми кажа мора кариотип за да одлучи понатаму што да прави....
Освен на ГАК прават и на детска клиника. Мислам дека таму е без термин, да се распрашаш. Оди утре и прашај.
Здраво.. Да прашам дали треба да се испита тромбофилија? бев бремена со ин витро но за жал добив прееклампсија и во 7 месец ме породија итно со царски, бебето живееше 2 дена и почина, па ме интересира дали за следен пат треба да се прави испитување?